ЛГБТ стигна и на Триглав, заедно со Михаел Рот
Највисоката планина во Словенија не е само за достоинственици со хеликоптери – тоа е пораката од врвот Триглав од тим на социјалдемократите, вклучително и германскиот министер за европски прашања Михаел Рот. ЕУ „ЕУ е Унија на еднаквост и ЛГБТ зона на слобода. Секогаш. Насекаде“, напиша тој на Твитер, заблагодарувајќи им се на европратениците Тања Фајон од Словенија и Андреас Шидер од Австрија за нивното друштво при искачувањето и веејќи го знамето на виножитото.
Пред неколку недели, словенечкиот премиер Јанез Јанша се обиде да го убеди Колеџот на комесари дека луѓето се многу, многу злобни кон него, и дека комунистичките елементи во судството во неговата земја се договараат со опозицијата. Неговиот „доказ“ беше слика на Фајон на пикник со судии. Набргу по состанокот со Комисијата, тој се искачи на Триглав со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.
За да го олеснат патувањето, словенечките вооружени сили помогнаа со тоа што ги доближија ваквите планинари поблиску отколку онаму каде што нормалните луѓе треба да ги паркираат своите автомобили. Во соодветните денови, Министерството за одбрана спроведе „за потребите на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, два лета со хеликоптер ‘пума’, во петокот на 2 јули од 17.20 до 19.20 часот и во сабота на 3 јули од 12.40 до 13,35“, изјавија од министерството за „Политико“. Цената беше 3.950,03 евра – без ДДВ.