Алијанса бара Заев да им се извини на административците


Алијанса за Албанците го повикува премиерот Зоран Заев итно да се повлече од вчерашните обвинувања кон јавната администрација и да им се извини на сите администратори. -Амнестирање на министри и директори од корупција и обвинувањето на администраторите за неодамнешните проценки на Стејт Департмент е само низок обид да се дефокусира јавното мислење и силен удар […]

Американка и Бразилец први олимписки шампиони во сурфање


Американката Клариса Мур и Бразилецот Итало Фереира влегоја во историјата како први олимписки шампиони во сурфање откако триумфираа на Игрите во Токио. Мур во финалето ја победи Бјанка Буитендаг од Јужна Африка, додека Фереира беше подобар од Јапонецот Каное Игарашија. Бронзен медал во женска конкурнеција освои Амуро Тузуки од Јапонија, а во машка Овен Рајт […]

Хјуман рајтс воч: Израелските злосторства очевидни во војната во Газа


Организацијата за човекови права Хјуман рајтс воч ја обвини денеска израелската армија за извршување напади кои „очевидно претставуваат воени злосторства“ за време на 11-дневната војна во мај против припадниците на движењето Хамас. Меѓународната организација со седиште во Њујорк дојде до таков заклучок истражувајќи три израелски воздушни напади во кои загинаа 62 цивила, нагласувајќи дека „во […]

Постигната е целта – вакцинирани 70 отсто од возрасните во ЕУ


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската Унија е постигната и ги повика сите што имаат можност да се вакцинираат за заштита на сопственото здравје и за заштита на другите. „Нашата цел во јули беше да заштитиме 70 проценти од возрасните во […]

Се породи 52-годишна жена во Гинекологија Чаир


Во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, во скопската општина Чаир, се породи 52-годишна жена од Кочани, која на свет донесе здраво женско дете, дознава „Слободен печат“. Како што пишува порталот ова за родилката било прва бременост. Целата процедура, од ин витро оплодување до породување, е извршена од страна на д-р Зоран Илиевски […]

Книжевна вечер во „Буква“ со српската поетеса Радмила Петровиќ


Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“ организира претставување и разговор со писателката Радмила Петровиќ. Настанот ќе се одржи на ( среда) 28 јули во 20:30 часот во кафе-книжарницата „Буква“. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски. Радмила Петровиќ во текот на јули е гостин на резиденцијалната програма за писатели, која […]

ФИТР: Десет стартап компании ќе ги пласираат своите иновативни производи на полиците низ маркетите Тинекс


Вкупно 10 стартап компании ќе ги пласираат своите иновативни производи на полиците низ маркетите Тинекс, во рамките на предизвикот „Стартап Херои”- Од супер идеја до супер маркет, кој го реализираше Фондот за иновации и технолошки развој. Како што информираат од ФИТР, „Стартап Херои”, кој е реализиран во соработка со корпоративниот партнер „Тинекс маркети“, поддршката од […]

Екстремна опасност по експлозија во Левекузен


Силна експлозија се слушна денеска во германскиот град Леверкузен. Како што пренесуваат светските медиуми, сведоци велат дека виделе чад, а прогласена е тревога на ниво од „екстремна опасност“. Според „Билд“, наводно дошло до експлозија во фабрика за преработка на отпад. Германските медиуми јавуваат дека упатен е апел до граѓаните да ги затворат вратите и прозорците. […]

Древна сончева набљудувачница во Перу ставена под заштита на УНЕСКО


Перу– Сончевата опсерваторија Чанкиљо во Перу, стара 2.300 години, се впиша на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Се наоѓа на 400 километри северно од главниот град Лима, на врвот од еден рид. Структурата со 13 камени кули се користела како сончев календар од засега непозната цивилизација, скоро две илјадалетија пред појавата на друг добро […]

Нестварни сцени во Италија – град кршеше шофершајбни


Силно невреме проследено со град во понеделникот ги зафати северните региони во Италија. Најсилно било кај градот Парма. За тоа, колку силно било невремето сведочат и стотиците оштетени возила на автопатот Парма – Пјаченца, каде и патот бил затворен на одредено време. https://twitter.com/locatellicharts/status/1419712504540827655?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1419712504540827655%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Finfo%2Fvesti%2Findex.php%3Fyyyy%3D2021mm%3D07dd%3D27nav_category%3D78nav_id%3D1897079 Од снимките што корисниците на социјалните мрежи ги објавуваат се гледа штетата […]

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини


САД– Американската поп-панк пејачка Пинк изјави дека е подготвена и сака да ја плати казната на женската ракометна репрезентација на Норвешка, која одби да игра во бикини. На Твитер, пејачката ја обвини Европската ракометна федерација за сексизам. „Горда сум на норвешките ракометарки кои протестираа против сексистичките правила што важат за нивните тимови. Европската ракометна федерација […]

Пандемијата значително го намали работното време во ЕУ


Бројот на реално одработените часови во ЕУ е намален за 12 отсто во споредба со претходната година. Тоа го покажуваат податоците на статистичката агенција на ЕУ – Евростат. Според агенцијата, падот може да се објасни со мерките преземени како одгoвор на пандемијата на Ковид-19 кои принудија стотици луѓе да бидат на платено и неплатено отсуство […]

Повторно земјотрес кај Петриња


Нов земјотрес е забележан во близина на Петриња, Хрватска. Според ЕМСЦ, тоа било на 9 километри југозападно од Сисак, а магнитудата била 2,9 степени по Рихтер. Земјотресот се случил во 9.03 часот, а бил почувствуван во областа Петриња и Сисак, пренесува „Вечерњи лист“. „Се слушна татнеж и потрес во рок од неколку секунди“, напиша еден […]

Филипче: Може да се воведат рестриктивни мерки за невакцинираните


Засега не се планира воведување рестриктивни мерки, ни на границите, ни во објектите низ земјата, потврдува министерот за здравство Венко Филипче. Но, додава дека се размислува за некакви рестриктивни мерки од септември или октомври, во зависност од развојот на состојбата со вирусот. . – Размислуваме за септември и октомври, особено за граѓаните кои не сакаат […]

Студенти на платена пракса во ТИРЗ


Седум студенти и дипломци од целата држава започнуваат со три месечна неделна платена пракса во Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ). Ова,како што велат од Дирекцијата, е нов концепт на пракса кој се воведува со цел на млади луѓе, покрај факултетското образование да им се даде можност да се стекнат со практично искуство и […]

Дејан Георгиевски во финалето на теквондо на Олимписките игри


Дејан Георгиевски го победи Дион Кјо Ин со резултат 12-6 во полуфиналната борба и стигна до финалето во теквондо на Олимписките игри. За прв пат на турнирот во Токио, Георгиевски имаше негатива по првата рунда (0:1). Следуваа две добри минути за македонскиот репрезентативец и водство со 5:3 по втората рунда. Последните две минути поминаа во […]

Швеѓаните прават вакцина против корона како инхалатор


Сегашните вакцини против корона вирусот се примаат во форма на инјекција, но во иднина може вакцината да се зема во облик на таблета или со инхалатор. Во лабораторијата во областа Медикон, еден од најпознатите научни паркови на југот на Шведска, хемичарката Ингемо Андерсон и нејзиниот тим се надеваат дека пластичниот инхалатор, голем колку кибрит, наскоро […]

Tрпчески ќе настапува со легендарниот Максим Венгеров на концерт во Белгија


Македонскиот пијанист Симон Трпчески утре на фестивалот „Музика Мунди“ крај Брисел, ќе настапи заедно со легендарниот Максим Венгеров, кој се смета за еден од најголемите виолинисти на сите времиња. На програмата се камерни дела од Моцарт, Франк, Прокофјев и Равел. -Нашето пријателство датира веќе неколку години. Уште пред 20 години нашиот заеднички продуцент од ЕМИ […]

Центар Јадро ќе го претстави творештвото на уметницата Моника Мотеска


Од Центар Јадро информираат дека серијата презентации на македонски уметници ја продолжуваат со преглед на творештвото на визуелната уметница Моника Мотеска, авторка со богата и репрезентативна уметничка кариера со бројни самостојни и групни изложби во земјата и странство. Моника Мотеска, се вбројува меѓу значајните автори на современата македонска уметност во 21 век, со речиси две […]