Владата одржа тематска седница за годишнината од Охридскиот договор


Охридски рамковен договор, кој во својата суштина ги има дијалогот, разбирањето и создавањето на пријателска атмосфера како темелни вредности за решавање конфликти и недоразбирања беше насока и за Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, рече премиерот Зоран Заев на тематската седница на Владата посветена на 20-годишнината од Охридскиот […]

Претседателот Пендаровски се сретна со економските советници во Варшава, Анкара, Абу Даби и Минхен


Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со Илија Псалтиров, Сузана Тунева, Бекри Ајдини и Абдилџемил Саити, економски советници во амбасадите на Република Северна Македонија во Варшава, Анкара и Абу Даби и конзулатот во Минхен. Новоименуваните економски советници го информираа претседателот Пендаровски за своите планови за претставување на потенцијалите на Република Северна Македонија како дестинација за […]

И птиците треба да се ладат


Екстремно високите температури не се непогода само за граѓаните туку и за животинскиот свет. Откако општинските власти решија дека треба да штедат вода и поставија непроточни чешми, тие, а пред се птиците, бараат други начини како да се разладат. Нашата камера вчера сними јато птици како „пливаат“ и се разладуваат во вир со вода создаден […]

Славниот дизајнер Марк Џејкобс се подмлади со фејслифтинг


САД- Славниот дизајнер Марк Џејкобс (58), неодамна ја документираше операцијата на подмладување на лицето на Инстаграм, објавувајќи фотографија на која се наоѓа во канцеларијата на д-р Ендру Jacеконо во Њујорк со главата завиткана во газа. Подоцна, тој сподели своја фотографија во капсула за кислород во Hyperbaric Medical Solutions, каде се опорави од операцијата. „Да си […]

МЗ: Вчера се вакцинирале 18.149 граѓани, досега вкупно 495.967 вакцинирани


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 495.967 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.650 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 18.149 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 847.336 дози вакцини, а […]

Во следните денови портокалов метео аларм, температури и над 40 степени


Во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високите температури. Утринските температури утре ќе се движат од 14 до 22 степени, а дневните од 32 до 41 степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје утринската температура ќе достигне […]

ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците во услови на топлотен бран


ССМ ги повикува сите работодавци, во услови кога се најавува дека во наредните денови, целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, да ги почитуваат мерките предвидени со Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението. -Сите работници кои работат во услови на изложеност на високи температури, се изложени […]

За 18 месеци ќе се пробие улицата „Васко Карангелески“ до „Трета македонска бригада“


Почна реконструкцијата на улицата „Васко Карангелески“ на потегот од булеварот „Јане Сандански“ до булеварот „Трета македонска бригада“ во скопската општина Аеродром. – Градот Скопје денеска во Општина Аеродром започнува со изградба и пробивање на улицата „Васко Карангелески“ и реконструкција во делот каде што таа веќе е изведена. Станува збор за потег што е крајно неопходен […]

Мостра е половина пат до Оскарите : Интервју со Алберто Барбера, уметнички директор


Венеција не е обична ревија на очекувани наслови од висок профил од Холивуд или Европа, туку продолжува да биде фестивал за автори и нови таленти и нашата мисија е да помогнеме да се обезбеди видливост на киното од помалку познати области, вели првиот човек на најстариот филмски фестивал пред стартот во септември   Италија– Уметничкиот […]

Расправата по новиот закон за работни односи продолжува по одморите, во собраниска процедура ќе се најде наесен


Новиот закон за работни односи со кој целосно ќе се регулира оваа сфера најверојатно ќе влезе во собраниска процедура на крајот на октомври или почетокот на ноември и ќе биде донесен до крајот на годината. -Драфт верзијата на законското решение е изработена од страна на МТСП. Дебатата по него ќе продолжи по завршување на годишните […]

Синдикат на Македонска пошта: Да се преиспита одлуката за оглас за 31 вработување во Пошта


Синдикатот на Македонска пошта денеска преку соопштение го повика генералниот директор на Пошта на РСМ да ја преиспита одлука за распишување јавен оглас за вработување на нови триесет и еден административен работник. Како што стои во соопштението, имајќи ја во предвид лошата финансиска состојба, според нив, постои можност поголемиот дел од испразнетите работни места да […]

Тесла објави рекордни нето приходи


Тесла ја продолжи серијата одлични заработувачки осми квартал последователно, што е најдолгиот период на профитабилност во историјата на компанијата, која што објави најголем нето приход во нејзината историја со поголема продажба на електричните возила Модел 3 и Y и, како и секогаш, профитабилните кредити за загадување. Компанијата со седиште во Пало Алто, во Калифорнија, предводена […]

Злато, сребро и бронза за Швајцарија во иста дисциплина


Швајцарската велосипедистка Јоланда Неф освои златен медал во ридски велосипедизам на Олимписките игри во Токио. Таа ја совлада патеката за 1:15:46 и славеше пред сонародничките Сине Фреј и Линда Индерганд. Тие две се обидоа да ја стигнат Неф, но немаа шанси, па се бореа за среброто и бронзата. Фреј, на крајот го освои среброто со […]

Околу 150 пациенти со малигни болести на коските годишно се лекуваат на Клиниката за ортопедија


Околу 150 пациенти со малигни болести на коските годишно се лекуваат на Клиниката за ортопедија, каде за првпат е направена трансплантација на коскено ткиво на млада пациентка која има малигна болест на бутната коска на едната нога. Трансплантирана е со посебен систем за фиксација дел од коскеното ткиво што беше донирано од еден од починатите […]

Заев го праша Радев кога се појавил на настан на Македонците во Бугарија


Премиерот Зоран Заев  му порача на бугарскиот претседател Румен Радев дека се појавил на настани на бугарските зрдуженија многу повеќе отколку на слични организирани од другите помали заедници во Македонија. Тој сепак не сакаше директно да ја коментира изјавата на бугарскиот претседател дека има дискриминација на тие што се изјаснуваат како Бугари во нашата држава.   […]

Се планираат дежурства на специјалисти во помалите места


Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека се планираат измени во Програмата за јавно здравје, што подразбира дежурства на специјалисти во помалите места. Тоа ќе придонесе граѓаните да имаат полесен пристап до здравствени услуги, а докторите да остваруваат екстра приходи. Тој оцени дека таа законска измена веројатно ќе се направи кон крајот на август […]

Највисок број на инфекции во Токио од почетокот на епидемијата


Токиските 2.848 дневни инфекции со корона вирус во вторникот беа најголеми во олимпискиот град од почетокот на пандемијата, соопштија официјалните лица, а медиумите објавија дека властите побарале од болниците да подготват повеќе легла за пациентите. Јапонија ги избегна разорните епидемии што ги претрпеа другите држави како Индија, Индонезија и Соединетите Држави, но петтиот бран на […]

Заев потврди: Подигнат е прагот за кандидирање на независните


И покрај дилемите поради поклопувањето на пописот со кампањата за локалните избори,  датумот на одржување на изборите останува ист, односно 17 октомври, потврди премиерот Зоран Заев. Тој смета дека можно е пописот да заврши и порано од крајниот рок. „Датумот, според предлогот од работните групи во кој учествуваат сите политички партии е 17 октомври, односно […]

Како се заработува на ТикТок?


ТикТок станува сè попопуларна социјална мрежа меѓу младите, која исто така нуди можности за заработка. Сигурно се прашувате како се да заработуваат пари од „ТикТок“? Мрежата ТикТок е развиена во Кина и доживеа огромна експанзија низ целиот свет. Корисници на оваа социјална мрежа се претежно лица од 16 до 24 години. Главна тема на социјалната […]

Филипче: Мал е процентот на заболени лица од Ковид-19 кои се ревакцинирани


Процентот на заболени лица кои се ревакцинирани е навистина многу мал, околу 0,02 проценти. Од вкупно 330 илјади ревакцинирани, 92 пациенти се заболени од Ковид-19. Ова е уште еден доказ за тоа колку е корисна вакцината, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Тој испрати апел сите граѓани да знаат и да се свесни дека […]