Древна сончева набљудувачница во Перу ставена под заштита на УНЕСКО


Перу– Сончевата опсерваторија Чанкиљо во Перу, стара 2.300 години, се впиша на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Се наоѓа на 400 километри северно од главниот град Лима, на врвот од еден рид.

Структурата со 13 камени кули се користела како сончев календар од засега непозната цивилизација, скоро две илјадалетија пред појавата на друг добро познат сончев култ – оној на Инките. Кулите тука со исклучителна точност ја обележуваат зимската и летната краткоденица, како и пролетната и есенската рамноденица.

 

И катедрала со манастир во Мексико беше вклучена во листата на светското наследство на УНЕСКО. Комплексот го користеле првите францискански мисионери. Комплексот е еден од многуте такви слични манастири на падините на вулканот Попокатепетл, веќе запишан на листата на УНЕСКО. Зданието вклучува многу уникатни архитектонски елементи на Новиот Свет, комбинирани со шпанскиот стил „Мудехар“, којшто пак, има влијанија на исламската архитектура.