Се породи 52-годишна жена во Гинекологија Чаир


Во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, во скопската општина Чаир, се породи 52-годишна жена од Кочани, која на свет донесе здраво женско дете, дознава „Слободен печат“. Како што пишува порталот ова за родилката било прва бременост.

Целата процедура, од ин витро оплодување до породување, е извршена од страна на д-р Зоран Илиевски и целиот тим на болницата.

Исто така, пред неколку дена во истата болница се породи и 50-годишна жена која 27 години се соочувала со стерилитет.