Панел дискусија „Предивиците на текстилната индустрија пред и по кризата со КОВИД-19″


Во просториите на МКЦ во Скопје денеска ќе се одржи завршниот настан „Индустрија во криза: Предизвиците на текстилната индустрија пред и по кризата со КОВИД-19″. На панел дискусијата „Социо-економските ефекти од КОВИД-19 врз текстилната индустрија“ воведно обраќање, како што е најавено, ќе имаат Виктор Митевски, претседател на Здружението за истражување и анализи – ЗМАИ и […]

Гувернерот на Хрватската народна банка во посета на земјава


Гувернерот на Хрватската народна банка Борис Вујчиќ денеска ќе престојува во посета на Народната банка на Северна Македонија. За време на посетата предвидено е да биде потпишан нов меморандум за соработка меѓу двете централни банки. Меморандумот, според најавите, ќе го потпишат гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и нејзиниот хрватски колега Вујчиќ. По потпишувањето на […]

Продолжува амандманската расправа за законските измени за намалување на ДДВ-то за струјата


Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Комисијата за финансирање и буџет ќе ја продолжи вчера започната седница и тоа по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка, во второ читање. Со измените се предлага намалување на ДДВ-то за […]

Израел ќе и достави на Јужна Кореја 700 илјади вакцини „Фајзер“ со поминат рок


Израел се согласи да и достави на Јужна Кореја околу 700.000 дози вакцини со поминат рок на траење. Тоа го објавија израелски медиуми цитирајќи го премиерот Нафтали Бенет. Испораката на дози на Фајзер/Бионтех ќе почне во овој месец. Како дел од договорот, Израел ќе добие ист број дози на вакцината Фајзер, кои Сеул ги нарачал […]

Соборен дрон во близина на aмбасадата на САД во Багдад


Беспилотно летало синоќа е пресретнато и соборено во близина на Амбасадата на САД во Багдад, соопштија ирачките безбедносни сили. Во инцидентот нема повредени лица, а дронот не успал да стигне до територијата на Амбасадата. Според ирачката телевизија Ал Хадас се огласиле сирените на Амбасадата на САД откако непознати лица се обиделе да да истрелат ракета […]

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на државата прифатлива за најголем дел од парламентарните партии


Македонските парламентарни партии се изјаснија дека ќе ја прифатат Предлог-резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ што ги дефинира државните позиции за евроинтеграциите, но и позициите по однос на било какви негирања на македонскиот јазичен, културен или национален идентитет. ВМРО-ДПМЕН бара Резолуцијата да биде со уставното име. Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ вчера имаа средби со дел од своите колеги во […]

Дваесетина градови без активни случаи на Ковид-19


Состојбата со Ковид-19 во земјава и натаму се стабилизира. Во 19 градови во државата повеќе нема позитивни на коронавирусот. Ако пред еден месец бројот на активни беше околу 1000 случаи, вчера тој беше 130, од кои во Скопје има уште 54, во Тетово 15, Кичево 14, Куманово 10. И во текот на претходното деноноќие не […]

Пописот ќе се спроведе од 5 до 30 септември, нема ново одложување


Со политички договор поради пандемијата со Ковид-19 пописот во април годинава беше одложен за септември, а локалните избори за втората половина на октомври. Додека политичките партии веќе се зафатени со селекција на кандидати за градоначалници, директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски уверува дека пописот ќе се спроведе во предвидениот период и дека не […]

Денеска топло со температури до 36 степени, УВ индексот 9


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје и околината сончево и топло со мала до умерена облачност и повремено […]

Владата расправаше за реформа на јавната администрација


Владата на Република Северна Македонија вчера ја одржа 84-тата редовна седница која беше посветена на статусот на реализација на активностите на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација. На седницата беше разгледана анализата за хоризонталната функционална поставеност на министерствата и институциите која ја подготвија проектните експерти […]

Попушта одбраната на „Фајзер“ во Израел против Делта сојот


Ефективноста на вакцината против хоспитализации и сериозни симптоми падна на 63 отсто   Израел во понеделникот објави намалување на ефикасноста на вакцината на „Фајзер/Бионтек“ во спречување на инфекции и симптоматска болест, но рече дека останува многу ефикасна во спречување на сериозни болести. Падот се совпадна со ширењето на варијантата Делта и крајот на ограничувањата за […]

Состојбата на заболениот премиер на Луксембург, Бетел, е „сериозна, но стабилна“


Се очекува премиерот Ксавиер Бетел да остане во болница уште 2-4 дена   Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел е во „сериозна, но стабилна“ состојба во болница со корона вирус, соопшти неговата влада во понеделникот. Бетел (48) беше позитивен на вирусот пред нешто повеќе од една недела, кратко време откако присуствуваше на самитот на лидерите на […]

Рама на самитот за Западен Балкан: Национализмите на ЕУ го комплицираат процесот


Албанскиот премиер Еди Рама на виртуелниот Самит за Западен Балкан, не штедеше критики кон ЕУ и рече дека иако самата ЕУ зборува за гаснење на национализмите на Балканот, всушност тоа ги покажува нивните национализми што го попречуваат процесот на интеграција за Албанија и земјите од Западен Балкан, пренесува Топ чанел. -Како прво, би сакал да […]

Заклучоци самитот на Берлинскиот процес: Проширувањето останува стратешка цел


Проширувањето на ЕУ со земјите од Западниот Балкан претставува стратегиска инвестиција во мир, демократија, просперитет, безбедност и стабилност во Европа, потврдувајќи го долгорочниот став дека иднината на целиот регион лежи во ЕУ. Ова се главните заклучоци што произлегоа од виртуелниот самит на Берлинскиот процес, чиј домаќин беше Германија. Учесниците, меѓудругото, потенцираа дека инклузивната регионална соработка […]

Алиоски ќе има нов клуб, Лидс со жалење се раздели од македонскиот репрезентативец


Англискиот премиерлигаш Лидс денеска со жалење соопшти дека македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓан Алиоски нема да биде дел од тимот во новата сезона. Алиоски заминува од Лидс по четиригодишен престој во клубот од Јоркшир за кој одигра 171 натпревари и постигна 22 голови. – Лидс може да потврди дека четиригодишниот договор на Џани Алиоски со клубот […]

Расте оптимизмот – еврозоната во јуни порасна најбрзо во последните 15 години


Економијата во еврозоната во јуни порасна најбрзо во последните 15 години благодарение на вакцинацијата против Ковид-19 и ублажувањето на мерките против коронавирусот, што ја зголеми силната побарувачка за стоки и услуги, покажа истражувањето на компанијата „Маркит“, што денеска беше објавено. Индексот за набавка во приватниот сектор во еврозоната (ПМИ) во јуни нарасна за 2,4 поени, […]

Меркел: Блокадата на Бугарија не можевме да ја предвидиме


  Не можевме да предвидиме дека Бугарија ќе го блокира почетокот на преговори на Северна Македонија со ЕУ, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот со лидерите од Западниот Балкан во рамките на Берлинскиот процес, а на кој учествуваа и земјите членки на ЕУ – Франција, Австрија, Грција, Хрватска, Словенија, Италија, Бугарија, како и претставници […]

Ѓоковиќ експресно до четвртфиналето на Вимблдон


Англија– Новак Ѓоковиќ експресно обезбеди пласман во четвртфиналето на Вимблдон.  Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ денес без многу мака по само три одиграни сета против Чилеанецот, Гарин обезбеди пласман во четвртфиналето, во кое за противник ќе ги има Унгарецот, Мартон Фушович кој во пет сета го победи  (5) Русинот, Андреј Рублев. 

Судењата „Талир“ и „Траекторија“ почнуваат од почеток


По денешното разрешување на судијата Горан Бошевски, во скопскиот Кривичен суд од самиот почеток ќе мора се вратат сите судења на кој тој бил дел од судечкиот совет. Таков е и случајот со два предмета на кои работеше згаснатото Специјално јавно обвинителство  – „Талир“ и „Траекторија“, па ги презеде редовното, Јавно обвинителство. Случајот „Талир“ е […]

ЕИБ: Фондовите наменети за Западен Балкан се импресивни


Претседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Вернер Хојер, го поздрави Берлинскиот процес и порача дека неговата институција ќе ја зголеми поддршката за регионот, јави дописничката на МИА од Брисел. Тој денес се обрати на самитот на Берлинскиот процес каде порача дека ЕИБ останува посветена на Западниот Балкан и дека ќе поддржи позелена, дигитална и инклузивна […]