Австрија: Цел Западен Балкан на „зелената“ листа за патување


Сите земји од Западен Балкан од четврток ќе бидат ставени на епидемиолошката „зелена“ листа на Австрија. Како што е најавено во Виена, со уредба која стапува во сила в четврток, граѓаните на сите земји од Западен Балкан ќе можат да влезат во Австрија. Досега само Србија и Северна Македонија, како и Албанија, беа на „зелената“ […]

Реконструирани паркинзите во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“


Комплетно е реконстуриран и од утрово е пуштен во употреба паркинг просторот и пристапот до Клиниката за стоматологија, а направена е комплетна реорганизација на паркот околу Клиниката со нови клупи и зеленило, објави денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Посочува дека заедно со Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов направиле комплетна […]

Откажана Ф1 трката за Големата награда на Австралија 2021


Формула 1 објави дека трката за Големата награда на Австралија нема да се одржи во 2021 година. Трката во Мелбурн беше закажана за 19-21 ноември. Причините за ваквата одлука се ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирус. Ф1 истакна дека остануваат на намерата да одржат 23 трки оваа сезона. Во следните недели, серијата ќе обезбеди дополнителни […]

Град Скопје ги заменува обичните со нови ЛЕД светилки, како дел од проектот „Паметен град“


 Град Скопје вчера започна со инсталација на ЛЕД светилки за улично осветлување на улица „Франклин Рузвелт“, на потегот од улицата „Васил Ѓоргов“ до Зоолошката градина, на кој ќе бидат поставени 43 светилки. Како што информира Град Скопје, поставувањето на ЛЕД светилките за улично осветлување на градските сообраќајници е дел од проектот „Паметен град“, што го […]

Обвинениe против лице од Гостивар за кривично дело „насилство”


Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд достави Обвинителен предлог против 25-годишен гостиварец, за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Гостивар. Обвинетиот на 31 јануари 2021 година, околу 16:30 часот во Гостивар, како што посочуваат од обвинителство ја загрозил сигурноста […]

Интервју со Едвард Џозеф: ЕУ нема стратегија за Балканот


Политиката на Европската унија кон регионот е кратковида и без стратегија. Парадоксално е што САД поради безбедносните закани го сфаќаат Балканот сериозно, а ЕУ не. ЕУ треба да докаже дека сака да биде унија, вели Едвард Џозеф во интервју за „Независен“   Љупчо Поповски Едвард Џозеф е фамилијарно лице во македонската јавност. Тој е поврзан […]

Бугарската компанија која вакцинира граѓани на границата со С. Македонија, прекинува да работи на 31 јули


По месец и половина откако ја започна вакцинацијата на граѓани на границата со Северна Македонија, бугарската компанија „Комак медикал“ ја прекинува работата на 31 јули, потврди за дописникот на МИА од Софија сопственикот на фирмата и лекар Милен Врабевски. Причина за одлуката, според Врабевски, е дека Северна Македонија обезбеди вакцини за граѓаните во различни градови […]

Почина Ричард Донер, режисерот на „Супермен“ и „Смртоносно оружје“


САД – Ричард Донер, режисерот на „Супермен“ и „Смртоносно оружје“, почина на 92-годишна возраст. Тажната вест ја потврди неговото семејство. Донер имаше богата кариера како режисер и продуцент, особено во 1970-тите и 80-тите. Заслужен е за зачнувањето на модерната ера на суперхеројски филмови, со „Супермен“ со Кристофер Рив. Тоа тогаш се сметаше за ризична авантура, поради […]

„Римац“ стана мнозински сопственик на „Бугати“


Хрватска-  Компанијата „Римац автомобили“, основана од хрватскиот претприемач и иноватор Мате Римац, објави дека станала мнозински сопственик на „Бугати“ – познатиот француски производител на тн. хиперспортски автомобили. Така, нов дом на „Бугати“ ќе биде кампусот „Римац“ во Хрватска. Според наводите, групацијата се поделува на две компании – „Бугати Римац“ и „Римац технологија“. Мате Римац ја […]

Бесими: Наскоро стартува Гарантниот фонд – гаранции за кредити до 500 илјади евра за микро, мали и средни фирми и фирми-извозници


Гарантниот фонд ќе гарантира кредити до 500 илјади евра за микро, мали и средни претпријатија, како и големи трговци чии приходи по основ на извоз учествуваат најмалку со 30 отсто во вкупните остварени приходи. Договор помеѓу Владата и Развојната банка за издавање на гаранции преку Гарантниот фонд веќе е потпишан, а наскоро се очекува и […]

Најсеверните делови од Европа погодени од топол бран


По најтоплиот месец јуни во историјата на метеоролошката статистика во Финска и некои делови на Шведска, температурите на воздухот од неделата се граничат со апсолутни рекорди во северниот дел на Европа. Температурите таму варираат од 30 до 35 степени Целзиусови. Во Кево, на крајниот север од Финска, измерени се 33,5 степени Целзиусови. Тоа е највисока […]

Гвен Стефани во две венчаници на Вера Ванг за тајната свадба (фото)


САД- Славната американска креаторка Вера Ванг ги дизајнираше двете венчаници за тајната свадба на поп-ѕвездата Гвен Стефани и кантри-ѕвездата Блејк Шелтон на фармата на Шелтон во Оклахома, по шест години врска. Фотографиите ексклузивно ги објави „Пипл“.  Ванг, 72, позната по своите невестински фустани, ја вметна необичната личност на Стефани во венчаниците. Едната венчаница беше конвенционална […]

Бразил прв финалист во Купот на Америка


Репрезентацијата на Бразил го победи Перу со 1:0 во полуфиналето на Купот на Америка. Стрелец на победничкиот гол по додавањето на Нејмар го постигна Лукас Пакета. Бразил се пласираше во финалето на Купот на Америка, каде ќе се соочи со победникот од полуфиналето Аргентина – Колумбија.

Која е вистинската причина за посетата на израелскиот министер за надворешни работи на ОАЕ?


Одлуката на Јаир Лапид да ги посети Обединети Арапски Емирати ја открива желбата на Америка и на Израел да ги зајакнат односите со арапските земји, наместо дома да се занимаваат со палестинските прашања, смета Арон Давид Милер. Тоа е наведено во текстот на Арон Давид Милер, постар истражувач во Карнегиската фондација за меѓународен мир, објавен […]

Руски авион со 29 лица исчезна од радарите над полуостровот Камчатка


Авион Ан-26 во кој се наоѓале 29 лица, меѓу кои 23 патници и шестчлен екипаж, исчезна од радарите над рускиот полуостров Камчатка, објавија руските медиуми. Авионот на една локална авиокомпанија летал од Петропавловск-Камчатски (административен центар на територијата Камчатка) кон Палана кога прекинала врската со него. Авионот не слетал, соопштија властите и веднаш е почната истрага […]

Во Јапонија 24 лица кои се водат како исчезнати, три дена по појава на свлечиште


Властите во крајбрежниот град Атами во централниот дел на Јапонија се уште немаат информации за 24 лица, три дена откако во областа се случи лизгање на земјиштето. Градоначалникот Сакае Саито денеска изјави дека десетици луѓе се јавиле да потврдат дека се живи, бидејќи општината објави список со 64 жители на Атама, за кои се сомнева […]

Бројките се враќаат: Во Бугарија починале 41 лице од Ковид-19


За последните 24 часа се регистрирани 98 нови случаи на Ковид-19 во Бугарија од извршени 19.607 тестови. Тоа значи дека процентот на позитивни примероци останува мал – 0,5%. Откако немаше регистрирано жртва на вирусот претходниот ден, во изминатите 24 часа бројката стигна до 41, што ја рангира Бугарија на второто место по бројот на смртни […]

Германија издала 2.400 визи на Авганистанци и нивни роднини кои работеле за воениот персонал


Германските власти соопштија дека досега им издале 2.400 визи на лица од Авганистан и нивни роднини кои работеле за воениот персонал. Портпарол на Министерството за надворешни работи во Берлин изјави дека изминатите недели биле издадени 2.400 визи за локални лица и нивни роднини. Тој призна дека постапката е со потешкотии поради военото повлекување и затворањето […]

Концерт на Филип Шурбевски и „ЕЗГИЈА ТРИО“ на „Скопско лето“


Во рамки на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“ вечерва на Факултетот за ликовни уметности концерт ќе одржат Филип Шурбевски и „ЕЗГИЈА ТРИО“. Изведувачи на концертот се Филип Шурбевски – тарабука, Ристе Апостолов – виолина, Митко Наумовски – џумбуш и Мајкал Карадаковски – кларинет. Филип Шурбевески и „ЕГЗИЈА ТРИО“ е вокално-инструментален состав формиран е во 2011 година, кој ја негува македонската традиционална чалгиска музика. […]

Завршни зборови на одбраната во случајот „Организатори на 27 април“


Одбраната и обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“ денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да ги дадат завршните зборови. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. […]