Бројките се враќаат: Во Бугарија починале 41 лице од Ковид-19
За последните 24 часа се регистрирани 98 нови случаи на Ковид-19 во Бугарија од извршени 19.607 тестови. Тоа значи дека процентот на позитивни примероци останува мал – 0,5%. Откако немаше регистрирано жртва на вирусот претходниот ден, во изминатите 24 часа бројката стигна до 41, што ја рангира Бугарија на второто место по бројот на смртни случаи на ден по Русија. Со ова бројот на смртни случаи од корона вирусот во Бугарија стигна до 18.125.
Во моментов во Бугарија има 8.417 активни случаи, од кои 1.134 лица се хоспитализирани, а 123 се на одделот за интензивна нега.
Вчера биле вакцинирани се 7.838 лица. Вкупниот број вакцинирани е 1.798.875, од кои 824.470 се во две дози.