Нема нови докази на повторното судење за насилното апсење на Љубе Бошкоски


Обвинителот Љубомир Лапе, кој го застапува обвинението за случајот „Тортура“, денеска во скопскиот Кривичен суд не предложи нови докази за случајот, откако скопска „единица“ претходно на закажаното рочиште за објава на пресуда го реотвори случајот. Според Лапе, нема начин како да се измери кој колку сила од полицајците употребил при апсењето на лидерот на Обединети […]

Шахпаска на Министерски состанок на ЕУ во Брдо кај Крањ: Први во регионот развивме Младинска гаранција


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на Вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања, на кој присуствуваа и министрите од земјите членки на Европската унија и од земјите од Западен Балкан, кој се одржа во Брдо кај Крањ, Словенија. На состанокот, на кој се дискутирало за младинските политики и за […]

„Ели Сааб“ со нова иновативна висока мода: Симфонија од чипка, органза и пердуви


Либан – Со наслов „Пупки на надежта“, цветната тема се провлекува низ колекцијата на есенска мода на Ели Сааб, канализирајќи порака за оптимизам преку текстурирана постава на тоалети деликатни како од пајажина- со тони-тони вез, како и серија посветли, пердувести парчиња во остри бои . „Секој пат, ние се обидуваме да презентираме вез за висока […]

Над 2.000 новозаразени во Грција, 67 со делта сојот


 Веќе трет ден во Грција, бројот на новозаразени бележи нагорен тренд, а денеска по пауза од месец и половина се регистрирани над 2.000 нови случаи на Ковид-19, додека пак потврдени се и уште 67 случаи од делта сојот, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, […]

УЕФА отвори три дисциплински случаи против Англија за однесувањето на нејзините навивачи на дуелот со Данска


Франција – Европската фудбалска федерација отвори три дисциплински случаи за настаните на полуфиналниот натпревар на ЕВРО 2020 со Данска. Дисциплинската комисија ќе ги истражува инцидентите во кои навивачите користат ласери, попречувајќи го данскиот голман, предизвикување немири за време на изведбата на националните химни, како и употребата на пиротехника. Англија го доби натпреварот со 2:1 по продолженија, […]

КОВАКС планира годинава да испорача 520 милиони дози вакцини во Африка


Швајцарија– Глобалната програма за дистрибуција на вакцини КОВАКС планира годинава да испорача 520 милиони дози вакцина против коронавирус во Африка, изјави директорката на програмата Аурелија Нгуен. Таа на прес-конференција организирана од Светската здравствена организација за африканскиот регион кажа дека Програмата не е задоволна од досегашната дистрибуцијата на вакцините, но дека распределбата треба значително да се […]

Фон дер Лајен: ЕУ никогаш нема да прифати решение со две држави за Кипар


ЕУ никогаш нема да прифати решение со две држави за поделениот остров Кипар, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, јави ДПА. Нејзините забелешки, дадени за кипарското државно радио, уследија по состанокот со претседателот Никос Анастасијадес во главниот град Никозија. Фон дер Лајен додаде дека таа, исто така, оваа позиија на ЕК […]

„Обратна“ – нова стихозбирка од Христо Петрески


Во издание на Издавачката куќа „Македонија презент“ од Скопје, објавена е поетската книга „Обратна“ од Христо Петрески. Стихозбирката содржи вкупно 80 песни неподелени во циклуси, а поднасловот на книгата е „Филозофијата на полжавот“. Како што соопшти издавачот, во оваа книга преовладуваат филозофското, мисловното и необичното. Ракописот е замислен и остварен како експеримент на тематско-мотивски и изразен […]

Дури 50 деца и бебиња со респираторни инфекции во болницата во Гевгелија


Изминатиов месец во болницата во Гевгелија лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, неспецифични за овој период од годината. Во текот на утрешниот ден тим од Клиниката за педијатрија, во состав д-р Аспазија Софијанова, д-р Весна Мицевска и д-р Валентина Јовановска Огненовиќ ќе бидат упатени во Општата болница Гевгелија за […]

Биле на забава на Иос и се заразиле со Ковид-19, потврдени најмалку 14 позитивни случаи


По организирана забава на грчкиот остров Иос, потврдени се најмалку 14 позитивни случаи кај млади кои синоќа се вратиле во Атина и веднаш биле тестирани на атинското пристаниште Рафина, јави дописничката на МИА од Атина. Градоначалникот на Рафина Евангелос Бурнус за грчката телевизија „ЕРТ“ објасни дека од Атина за Иос заминала група од околу 30 […]

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов прави скап и неефикасен автобуски транспорт


ВМРО-ДПМНЕ реагира на најавата на градоначалникот Петре  Шилегов за воведување брз автобуски траљнспорт во Скопје (БРТ).   -Шилегов ја замајува јавноста, едно зборува друго прави. Прво рече дека ќе ги сечат дрвјата долж средишното зеленило заради БРТ превозот, сега дека нема. Прво едно зборуваше за кејот, сега друго испадна…Идејата на Шилегов дека ќе го сочува […]

Италија на два чекори до бразилскиот и шпанскиот рекорд


Со пласманот во финалето на Европското фудбалско првенство, Италија под водство на селекторот Роберто Манчини ја продолжи серијата без пораз на 33 натпревари и се приближи до светскиот рекорд во сопственост на Бразил и Шпанија. Италија последен пат беше поразена во септември 2018 година од Португалија (0:1) во Лигата на нации и оттогаш репрезентацијата под водство на Манчини нанижа […]

Папата Франциск вчера имал покачена температура


Лекарите од Универзитетската болница „Гемели“ во Рим продолжуваат да ја следат состојбата на папата Франциск по операцијата на дебелото црево, особено откако синоќа имал мала треска, соопшти денеска портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, пренесе ДПА. Лекарите утринава повторно ги прегледале градите и стомакот на папата со компјутерски  томограф (КТ). Ватикан, исто така, соопшти дека терапијата […]

Светската програма за храна на ОН предупредува на „смртоносен“ пораст на цените


Светската програма за храна на ОН (WFP) предупреди дека милиони луѓе годинава би можеле да останат без оброци богати со хранливи материи, поради зголемувањето на цените на храната. – Веќе имаме конфликт, климата и Ковид-19 кои работат заедно за да турнеме повеќе луѓе во глад и сиромаштија. Сега цените на храната се приклучија на смртоносното трио, изјави […]

Унгарија бара работници надвор од ЕУ за брз рестарт на економијата


Унгарија ќе дозволи привремени работници од држави што не се членки на ЕУ да го ублажат недостигот на работна сила и да помогнат во закрепнувањето на економијата, рече во четвртокот министерот за надворешни работи Петер Сијарто. Сијарто рече дека на некои агенции за вработување ќе им биде дозволено да увезуваат квалификувана работна сила под строги […]

Косовското Собрание го разреши Бордот на директори на РТК


Собранието на Косово денеска, со мнозинство гласови, го разреши Бородот на директори на јавниот сервис Радио-Телевизија Косово (РТК). Пратениците од владеачката партија Самоопределување и малцинските партии, кои се дел од владеачката коалиција, гласаа за разрешувањето. За пратениците од опозициските Демократска партија на Косово, Демократски сојуз и Алијанса за иднината на Косово, кои гласаа против, одлуката […]

Во Африка целосно е вакцинирано само 1,19 процент од населението


Само 1,19 проценти од населението во Африка е целосно вакцинирано против коронавирусот, што претставува мала бројка што ги загрижува експертите бидејќи континентот во моментов е зафатен од третиот бран на заразата, јави ДПА. -Тоа е прениско ниво на вакцинирани во овој момент на пандемијата, изјави денеска директорот на ЦДЦ за Африка, Џон Нкенгасонг. Актуелниот раст […]

Изграден најголемиот замок од песок на планетава како симбол како короната ги угнетува луѓето


Најголемиот замок од песок во светот, висок 20 метри и тежок околу 5.000 тони, е изграден во крајниот северозапад на Данска, објавија неговите градежници во средата. Висок 21,16 метри и богато украсен, тој е подолг за 3 метри од замокот изграден во Германија во 2019 година, кој досега го држеше Гинисовиот рекорд со своите 17,66 […]

Издадена градежна дозвола за првата висококатница кај „Холидеј ин“


Нема правна пречка да почне да се гради на паркингот спроти „Холидеј Ин“, вели градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ со чиј потпис на дозволата за градба, инвеститорите – фирмата „Фешн груп“ и Македонската православна црква немаат пречки да почнат со градба. Богдановиќ  не сакаше да каже да прецизира дали веќе го ставил својот потпис […]

Љупчо Николовски го доби судскиот спор со Христијан Делев


Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда на Основниот граѓански суд Скопје со која судот го одби како несоновано тужбеното барање за клевета на поранешниот функционер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Делев, против заменик на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. Од кабинетот на Николовски брифираа […]