Албанија: ЕУ го критикува изборот на шефот на телото за медиуми


Изборот на Армела Красниќи за претседател на Агенцијата за аудиовизуелни медиуми (АМА) на Албанија од парламентот со 83 гласа „за“ предизвика критики од канцеларијата на ЕУ во Тирана, објави БИРН. ЕУ е загрижена во врска со политичката непристрасност на новите членови и шефот на главното регулаторно тело за медиуми во Албанија. Во изјавата, канцеларијата на […]

ЕУ го казни германскиот автомобилски картел со 875 милиони евра


БРИСЕЛ – Европската унија во четвртокот им изрече казна од 875 милиони евра (една милијарда долари) на четири големи германски производители на автомобили, велејќи дека тие соработувале за да се ограничи развојот и ширењето на системите за контрола на емисијата на автомобили. „Дајмлер“, БМВ, ВВ, „Ауди“ и „Порше“ избегнаа конкуренција на технологија за ограничување на […]

ЕУ го осуди убиството на претседателот на Хаити


Европската Унија најстрого го осудува убиството на претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, кое се случи вчера во неговиот дом. -Овој кукавички и грозоморен чин придонесува кон зголемувањето на нестабилноста на земјата и носи ризик дополнително да го поттикне циклусот на насилство во кое се наоѓа земјата предолго, изјави високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, […]

Над 2.000 новозаразени во Грција, потврдени 67 нови случаи со делта сојот


Грција– Веќе трет ден во Грција, бројот на новозаразени бележи нагорен тренд, а денеска по пауза од месец и половина се регистрирани над 2.000 нови случаи на Ковид-19, додека пак потврдени се и уште 67 случаи од делта сојот, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на […]

За раст или за предизборен поткуп – власта и опозицијата спорат за ребалансот на Буџетот


Ставовите на власта и опозицијата во однос на ребалансот на Буџетот и натаму остануваат спротивставени. На денешното продолжение на расправата на собраниската Комисија за финансирање и буџет пратениците од партиите на власт тврдеа дека ребалансот на Буџетот е развоен, со повеќе пари за стабилизирање на економијата, додека пак оние од опозицијата дека е расипнички, со […]

Три децении УПОЗ – во Синдикатот на управата се здружени 110 синдикални организации


Синдикатот на Управата на правосудните органи и здруженијата денеска прослави 30 години од основањето. Претседателот на УПОЗ, Пецо Грујоски во својот говор пред присутните гости истакна дека во Синдикатот денес се здружени 110 синдикални организации во кои вработените се зачленуваат слободно, доброволно и врз сопствено убедување без разлика на политичките и религиозните убедувања, националната, етничката, […]

Нов инспекциски надзор во Пејпар Мил – ставија филтри, но ги оштетиле


Државниот инспекторат за животна средина на 7-ми јули спроведе вонреден инспекциски надзор во Пејпар Мил, за да утврди зошто има видлив чад и повремен мирис од согорувањето на пелети од котелот, на што однеодамна се жалат граѓани што живеат во близина на фабриката. Во текот на надзорот се извршија и мерења на емисиите на прашина […]

Македонија се приклучи на кампањата на ОН „Сино срце“


Македонија се придружува на кампањата на Обединетите нации наречена „Сино срце“, која се стреми кон подигнување на свеста за проблемите и страдањата на жртвите на трговија со луѓе, објави на неговиот ФБ профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој информира дека денеска се обратил на состанокот во рамки на Националната комисија за борба против […]

Грција ѝ донираше на Албанија 100.000 дози вакцина „АстраЗенека“


Во Институтот за јавно здравје во Тирана попладнево пристигнаа 100.000 дози вакцини „АстраЗенека“, донација од Република Грција, соопшти министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, заблагодарувајќи и се на Република Грција за поддршката. Таа најави дека вакцинацијата ќе продолжи од врата до врата. „Во Институтот за јавно здравје штотуку пристигнаа 100.000 дози вакцина „АстраЗенека“  […]

Бројот на вакцинирани во земјава надмина 400 илјади


На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 400.235 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.377 граѓани, а вкупно се вакцинирале 12.590 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 640.886 дози вакцини, а ревакцинирани се 240.651 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Вакцинацијата, додаваат, се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за […]

Милошоски: Резолуцијата за спорот со Бугарија ги јакне нашите позиции


Денес ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ ја поднесоа Предлог – резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции по однос на евроинтеграциите и блокадите кои што се наметнуваат. -Оваа Предлог-резолуција е предложена со цел да помине со најширок можен консензус. Цениме дека таа ќе ги зајакне и македонските дипломатски позиции, но исто така ќе […]

Надминат финансискиот проблем во ЈКП „Солидарност“ во Виница, утре вработените ќе земат цела плата


Надминати се финансиските проблеми со кои се соочи јавното комунално претпријатие „Солидарност“ од Виница и утре вработените ќе го добијат целиот износ на платата за месец мај. Потребните средства се обезбедени од тековните извори, односно преку наплатата на побарувањата за извршените услуги кон граѓаните и кон правните субјекти. -Платите во нашето претпријатие вообичаено се исплаќаат […]

Регистрирани 19 нови случаи со Ковид-19, четири оздравени, нема починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.518 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи со Ковид-19: Тетово – 11, Скопје – 8. Регистрирани се четири оздравени пациенти од: Скопје – 2, Прилеп и Тетово – по 1. Не се регистрирани починати пациенти, соопшти Министерството за здравство. Направени се […]

За полна синдикална кошница во јуни беа потребни најмалку 34.212 денари


Синдикалната минимална кошница за јуни годинава изнесува 34.212 денари. Од елементите што ја сочинуваат синдикалната кошница, за јуни, како што соопшти Сојузот на синдикати, на исхрана и пијалоци отпаѓаат 14.547,96 денари, на домување 10.800,18 денари, на хигиена 2.378,03 денари, на превоз 2.508,84 денари, на облека и обувки 2.176,2 денари, на култура 1.067,86 денари, а на […]

ЕУ и Швајцарија ќе ги признаат взаемно Ковид сертификатите


Белгија– Европската комисија соопшти дека од утре Ковид сертификатите помеѓу ЕУ и Швајцарија ќе се сметаат за еквивалентни. Со ова граѓаните на ЕУ и на Швајцарија ќе можат под исти услови да ја поминуваат границата доколку приложат сертификат кој содржи доказ за вакцинација, негативен тест или прележана болест. Швајцарија со ова станува првата земја вон […]

Аналена Бербок: Признавам, згрешив околу плагијаризмот


Аналена Бербок, кандидатка за канцелар на германските Зелени, призна грешки откако се соочи со обвинувања за плагијат во врска со нејзината нова книга. Бербок за весникот „Зидојче цајтунг“ изјави дека намерно користела јавно достапни извори, особено кога се повикувале на факти. „Но, јас сериозно ја сфаќам критиката“, рече Бербок. „Гледајќи наназад, сигурно ќе беше подобро […]

Како до поголема финансиска писменост – што предвидува првата национална Стратегија за финансиска едукација и инклузија


Корона-кризата води кон време на трансформација на традиционалните економии во попаметни, подигитализирани, инклузивни и позелени економии. Во таквите услови, кога финтек-услугите сѐ повеќе се дел од нашата реалност, потребата од повисоко ниво на финансиска писменост, како предуслов и за финансиска инклузија ќе биде и понагласена. Но, тоа подразбира и потреба од поголема активност за заштита […]

Филипче: Вакцинацијата на децата против Ковид-19 нема да биде задолжителна


Некои земји го воведуваат вакцинирањето на децата против Ковид-19 како задолжително односно тие нема да ги примаат децата на училиште доколку не се вакцинирани. Кај нас нема да биде задолжителна вакцината против Ковид-19 за децата, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на болницата „Свети Еразмо“ во Охрид. Тој […]

Засега нема рестриктивни мерки на границите


Засега нема најава за рестриктивни мерки на границите. За конкретни наши евентуално препораки ќе разговараме оваа недела на состанот на Комисијата за заразни болести. Тоа што се уште не се знае, а чекаме да излезат публикации се информациите кои ни требаат во врска со тежината на клиничката слика односно да видиме како се однесува овој […]

Со Бас рапид системот Скопје ќе види и двојно зглобни автобуси (видео)


Бас рапид транспорт системот, кој Град Скопје планира да го воведе, треба да овозможи брз превоз на патници од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. За постигнување на таа цел, во Скопје треба да се изгради трасата за БРТ системот, со 23 станици, вклучително и двата терминали на крајните точки, а автобусите ќе сообраќаат на секои […]