Бјорн Кујперс од Холандија ќе го суди финалето на УЕФА ЕУРО 2020 помеѓу Италија и Англија


Бјорн Кујперс од Холандија ќе го суди финалето на УЕФА ЕУРО 2020 помеѓу Италија и Англија, што ќе се одигра во недела на 11 јули во 21 часот на стадионот „Вембли“ во Лондон, објави вчера Комитетот за судии на УЕФА. Кујперс е првиот Холанѓанец што ќе суди Европско финале. Има 48 годишни а меѓународен судија […]

Талибанците во Москва со став дека нема да ги нарушат границите во Централна Азија


Делегација на Политичкото биро на талибанците за време на консултации во Москва со специјалниот пратеник на рускиот претседател за Авганистан, Замир Кабулов увери дека нема да ги нарушат границите на земјите во Централна Азија. Ова се наведува во соопштението објавено од руското Министерство за надворешни работи. „Од талибанците се добиени уверувања дека групата нема да […]

Кафе Кино на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“


Во рамки на овогодинешното 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“, ќе се одржува и Кафе Кино кое ќе трае шест дена. Сите проекции на филмовите на Кафе Кино ќе се одржуваат во летното кино „Мирно лето“ на Кинотека на С. Македонија, со почеток во 20:30 часот. Влезот ќе биде регулиран со билети што ќе можат […]

Резолуцијата за државните позиции за евроинтеграциите во собраниска процедура


ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во Собранието ја поднесе Предлог – резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции по однос на евроинтеграциите и блокадите кои што се наметнуваат. За тоа кога таа ќе се најде на пленарна седница треба да одлучи претседателот на Собранието Талат Џафери. Тој вчера за ТВ 24 изјави дека […]

Акцентот е на вакцинацијата, состојбата со делта сојот одреди дали ќе има рестрикции на границите


На состанокот на Комисијата за заразни болести што треба да се одржи оваа недела ќе се разговара за евентуални препораки во однос на критериумите за влез на границите, но засега нема најава за рестриктивни мерки на границите. Во моментов, здравствените експерти чекаат да излезат публикации со информациите кои им требаат во врска со тежината на […]

Јаневски: И годинава туризмот ќе го спасуваат домашните гости


Пандемијата ја покажа суровата реалност, дека не сме изградиле одржлива дестинација, дека сме оделе на квантитет, а не на квалитет, дека на краток рок не можеме да понудиме форми на туризам кои ги бараат новите целни групи на туристи. Тоа е предизвик не само за секторот, туку и за сите релевантни институции. Не треба да […]

Седници на четири собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за европски прашања, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија треба да ги разгледаат Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, во второ читање и Предлог-законот за изменување […]

Денеска во Атина ќе се потпише договорот за интерконекторот за природен гас меѓу Македонија и Грција


Министерот за економија на Северна Македонија Крешник Бектеши и министерот за животна средина и енергија на Грција Костас Скрекас, во Атина ќе го потпишат Договорот меѓу владите на двете земји за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција- Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Потпишувањето е планирано во текот на денешниот […]

Виенскиот економски институт ни прогнозира раст од 4,1 отсто, но има и многу забелешки


Од Виенскиот институт очекуваат потрошувачката на домаќинствата и деловните инвестиции да заживеат од вториот квартал     Македонија е една од трите земји од вкупно 23 во Источна Европа за кои Виенскиот институт за меѓународни економски студии (WiiW) не направи нагорна ревизија за економскиот раст годинава, во најновата летна анализа која што беше објавена во […]

(Фото-репортажа) Скопје се пржи на 43 степени Целзиусови! За денеска најавен пороен дожд


Деновиве во Скопје температурата на воздухот достигнува рекорди. На некои дисплеи, покажува и 43 степени Целзиусови.  Граѓаните спас бараат во фонтаните, а се полни и шишенце плус, додека се шета по усвитените скопски улици или додека да се заврши некоја работа.   Еден пие вода, а другиот жедно ја чека својата минута, да му дојде ред, […]

Имунитетот со вакцината на „Фајзер“ слабее, ќе треба и трета доза


Антителата природно опаѓаат со текот на времето, па во тек се студии за да се каже дали и кога може да бидат потребни засилувачи. Француските истражувачи открија дека антителата на невакцинирани луѓе кои прележале корона вирус се четири пати послаби против Делта варијантата   „Фајзер“ е пред барање за одобрение од САД за трета доза […]

Приведен криминалец баран со потерница за 20 години затвор


Полиција вечерва околу 19 часот го лиши од слобода А.А. (37) од село Мојанци, Скопско. Како што соопшти МВР, за А.А. била распишана потерница на Основен Кривичен суд – Скопје за убиство поради што требало да издржува казна затвор од 20 години. А.А. ќе биде предаден на казнено-поправна установа.

(Фото) Заев во Атина на гала вечера на „Економист“ на која се обрати премиерот Мицотакис


Премиерот Зоран Заев присуствува на свечената гала вечера на конференцијата на „Економист“ во Атина, на која се обрати премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис. На гала вечерата, информираат од владината прес-служба, присуствуваат министерот за внатрешни работи на Грција, Макис Воридис, министерот за туризам, Харис Теохарис, поранешниот претседател на Европскиот Парламент Мартин Шулц, поранешната претседателката на Хрватска, […]

Хаити: Полицијата фатила шест атентатори на претседателот Моиз


Полицијата во Хаити уапсила шест мажи кои го убиле претседателот Жовенел Моиз и трагаат по организаторите кои стојат зад операцијата, изјави денеска шефот на полицијата Леон Чарлс на брифинг со новинарите, емитуван на телевизија. Чарлс апелираше до населението да соработуваат со безбедносните сили и да не предизвикуваат немири, откако маса луѓе се појавија пред полициската станица во […]

Бајден: Воената мисија на САД во Авганистан ќе заврши на 31 август


Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека воената мисија на неговата земја во Авганистан ќе заврши „брзо и безбедно“ до 31 август. „-Не отидовме во Авганистан за да градиме нација, рече тој во говорот за напорите на неговата администрација за ставање крај на американската војна во Авганистан, додавајќи дека „авганистанските лидери треба заедно да одат […]

Промовирани аудиовизуелни записи од поезијата на Блаже Конески


Аудиовизуелни записи од поезијата на Блаже Конески, подготвени на сите јазици во нашата земја и кусиот запис за животот и делото на великанот на современиот македонски јазик и култура вечерва беа промовирани во дворот на Министерството за култура.  Видеата се изготвени во рамки на програмата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, која е дел […]

Кон: Граѓаните на Србија се сериозно непослушни, влошувањето на состојбата е евидентно


Членот на кризниот штаб на Владата на Србија, Предраг Кон, изјави дека влошувањето на епидемиолошката состојба е „евидентно“, затоа што граѓаните на Србија се „сериозно непослушни“. – Опуштањето зема замав. Некои (анти-епидемиолошки) мерки се доживуваат како непријатност, како да е срамота да се потсети некого да носи маска, изјави тој за РТС, додавајќи дека секогаш треба да се предупредува […]

Џафери: Проценив дека е посоодветно да се обратам на АФЕТ на јазикот кој најдобро го знам


Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека не го прекршил Уставот со обраќањето на албански јазик на состанокот на АФЕТ што се одржа на 28 јуни годинава во Брисел. -Останувам на ставот дека не сум го прекршил Уставот и останувам на ставот дека некому не му дозволив фешта на Комисијата за надворешна политика АФЕТ во […]

Бројот на новозаразени во Холандија вртоглаво расте, само денеска 5.500 нови случаи


Бројот на нови случаи на коронавирус во Холандија вртоглаво се зголемува, со 5.500 нови случаи пријавени само денеска, додека бројот на хоспитализирани лица со Ковид-19 не расте. Според Националниот институт за здравство, ова е најголемиот дневен број од 14 мај. Пред една недела имаше 800 новозаразени за 24 часа, а во последните седум дена, во просек по 67 […]

ДУИ и дава и не дава поддршка на резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, откако вчера ја нарече етничка а не државна позицијата во резолуцијата за спорот со Бугарија што ја предложи ВМРО-ДПМНЕ , денес порача дека таа не е одбиена, туку се укажува од старт дека, додека не се постигне согласност, нема да добие поддршка од ДУИ. -Замислете оваа Резолуција да помине […]