Заев на „Економист“: Очекуваме раст меѓу 5,5 и 6,5 во првата половина од 2021


За нас не постои друга алтернатива, освен ЕУ иднината, сакаме да ги европеизираме нашите земји, Скопје, Приштина, Белград, Тирана, Подгорица и Сараево, сите ние сакаме во внатрешноста да ги почувствуваме придобивките, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев за време на неговото учество на конференцијата на „Економист“ и додаде дека „ние сме […]

За речиси три децении спроведени само три конфискации на имот


МВР има оперативен план за апсење и пронаоѓање на лица што се бараат по потерници, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во гостувањето на „Утрински брифинг“. Тој додаде дека во оваа насока е оформен тим од исклучителни професионалци, кој дава резултати. Министерот за внатрешни работи истакна дека веќе стотина лица се уапсени од оние […]

Курц се замеша и во изборите во Бугарија


Австрискиот канцелар Себастијан Курц им посака на ГЕРБ и на водачот на партијата Бојко Борисов успех и широка поддршка на претстојните избори на 11 јули. Преку видео порака тој им се обрати на гласачите во Бугарија и посака земјата наскоро да има стабилно управување. „Австрискиот канцелар Себастијан Курц, освен колега е и мој пријател. Ти […]

Инспекторат за животна средина: Зајакнати контроли за спречување опожарувања на депонијата Доброшинци


Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека завчера спровел вонреден инспекциски надзор на депонија лоцирана во близина на селото Добрашинци што се користи за отстранување отпад од Струмица. Од Инспекторатот информираат дека депонијата во моментот на надзорот не била опожарена, но граѓаните од околината се жалат дека таа често гори. Областа зафатена со депонирање, како […]

Објавена листата хотели каде може да се искористат ваучерите за одмор


Министерството за економија ја објави листата на хотели каде граѓаните ќе може да ги искористат своите ваучери за одмор. Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите […]

Пахор и Радев бараат компромис за кревање на бугарската блокада


Словенечкиот претседател Борут Пахор разговараше со неговиот бугарски колега Румен Радев во четвртокот (8 јули) во Софија за ветото на Бугарија за почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ. Како што соопшти кабинеот на Пахор, „и во разговорите на делегациите и во четири очи, двајцата претседатели разговараа за изнаоѓање компромисно решение меѓу Бугарија и Северна […]

Сиднеј: Бројот на заразени се зголемува, властите апелираат да не се излегува од дома


 Австралиските власти во Нов Јужен Велс ги повикаа жителите на Сиднеј да останат дома, предупредувајќи дека сегашната тринеделна блокада може да биде продолжена доколку не се стави под контрола последниот бран на инфекции со Ковид-19, бидејќи извештаите укажуваат на најголемо зголемување на локални случаи оваа година. Стотици дополнителни полициски патроли во Сиднеј моментно спроведуваат мерки […]

Катанец ја напушти клупата на Ирак


Словенија – Словенечкиот фудбалски тренер и поранешен македонски селектор Сречко Катанец го раскина договорот со Фудбалската федерација на Ирак. Катанец објави на социјалните мрежи дека бил принуден да ја напушти селекторската должност поради неисполнување на договорот од страна на ирачката Федерација. – Благодарам за поддршката во изминатите три години. По повеќе месечни прашања што се […]

Словачка: Задолжителен карантин за оние кои влегуваат во земјата, а не се вакцинирани против Ковид-19


Задолжителна двонеделна самоизолација е воведена денеска за оние кои влегуваат во Словачка и кои не се вакцинирани против коронавирусот. Ова важи и за членовите на семејствата на локалните граѓани кои не ги придружувале во странство, објави словачката ТВ ТА-3. По петтиот ден, самоизолацијата може да се прекине предвреме откако ќе биде направен негативен тест на […]

Опожарена стара позната берберница во Кавадарци, изгорел помошниот објект до неа


Опожарена е стара позната берберница во Општина Кавадарци, при што изгорел помошниот објект до неа, но нема повредени. Очевидци за МИА велат дека кавадаречките пожарникари спречиле огнот да се прошири на околните објекти. Од Територијалната противпожарна единица потврдија дека интервенирале на лице место со три возила и седум пожарникари. Од Противпожарната единица соопштуваат дека покрај […]

МНР ги осуди несоодветните изборни спотови во Бугарија


МНР денес ги осуди несоодветните изборни спотови во Бугарија со кои се изразуваат територијални претензии кон нашата држава и тоа во време кога од страна на официјална Софија се бараат гаранции на меѓународно ниво дека – Македонија нема територијални претензии кон Бугарија.  -Во напорите за засилување на дијалогот и зацврстување на довербата, сето во функција […]

Хаити: Убиството на претседателот го извршила група од 28 странски командоси


Седумнаесет од уапсените командоси им беа прикажани на новинарите. Сите напаѓачи, освен двајца, биле од Колумбија   Силно вооружената единица на командоси која го уби претседателот на Хаити, Жовенел Моис, беше составена од 26 Колумбијци и двајца Американци од Хаити, соопштија властите, додека трае ловот на мозокот на убиството. Моис (53) беше смртно застрелан рано […]

„Црвен бележник“ – најскапиот филм на Нетфликс, во кината во ноември


„Црвен бележник“ (Red Notice) – најскапиот снимен филм на Нетфликс досега, во киносалите ќе се појави на 12 ноември, оваа 2021 година. Веста ја објави глумецот Двејн „Карпата“ Џонсон, една од ѕвездите на ова остварување. Тој исто така потврди дека филмот е „најголемиот филм на Нетфликс“ досега. Нетфликс за овој филм издвои 200 милиони долари буџет, што […]

Болниците во Нов Зеланд преполни со деца заболени од респираторен вирус


Лекарите велат дека кај децата дошла наплатата на „долг за имунитет“ бидејќи не биле изложени на голем број вируси поради заклучувањата, дистанцирањето и санитарните средства и нивниот имунолошки систем страда   Новозеландските болници доживуваат наплата на „долг за имунитет“ создаден од заклучувањата на Ковид-19, со одделенија преплавени од бебиња со потенцијално смртоносен респираторен вирус, предупредуваат […]

Ивановски против Џоунс во осминафиналето на јуниорскиот Вимблдон


Македонски тенисер, Калин Ивановски избори осминафиналето на јуниорскиот Вимблдон, откако во второто коло го победи Литванецот Едас Бутвилас со 2-0. Двата сета Македонецот ги доби на тај-брејк со по 7:6. Ивановски во текот на денешниот ден во осминафиналето ќе игра со Британецот Џек Пинингтон Џоунс. Нашиот Ивановски на АТП ранг листата е на 1.654-то место, […]

Постои ли руската група „Вагнер“ или е мит?


Во статија објавена во списанието „Форин полиси“ се вели дека извештај на експерти на Обединетите нации, објавен кон крајот на јуни, ги обвинува руските воени обучувачи на вооружените сили на Централноафриканската Република за селективни убиства, грабежи и присилни исчезнувања. Иако извештајот, доставен до Советот за безбедност на ОН, не ги идентификува овие воени инструктори како […]

Истражување: Вакцината против Ковид-19 во САД превенираше 279.000 смртни случаи


Вакцинацијата против Ковид-19 ширум САД помогна да се спречат околу 279.000 смртни случаи и да се избегнат 1,25 милиони хоспитализации, се наведува во новата студија на Универзитетот Јеил. Според Центарот за контрола и превенција на болести во САД досега се аплицирани 332.345.797 вакцини. Во студијата се наведува дека ако биле дадени половина од вакцините, ќе […]

Ниту 42 поена на Адетокунбо не спречија пораз на Милвоки во вториот натпревар од финалната серија со Феникс


Феникс го победи Милвоки (118:108) по втор пат во големото финале од НБА-лигата и покрај 42 постигнати поена на Јанис Адетокунбо. Гркот средбата одиграна рано утрово на теренот на Феникс ја заврши со дабл-дабл, остварувајќи и 12 скока. Во победничкиот тим се истакна Девин Букер со 31 поен. По овој триумф „Сонцата“ се на две […]

Касарните во Петровец и Куманово ќе преминат на греење со природен гас 


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во изјава за медиумите ќе информира за  смената на енергенсот користен за загревање на касарните „Страшо Пинџур“ во Петровец и „Боро Менков“ во Куманово од мазут и нафта на природен гас, најави Министерството за одбрана (МО). Со промената на начинот на загревање, потенцираат од МО, се влијае на зачувувањето […]

Илегална плантажа со марихуана вредна милијарди долари пронајдена во близина на Лос Анџелес


Калифорниската полиција откри огромна нелегална плантажа со марихуана во близина на Лос Анџелес, која при улична продажба би донела милијарда долари. Досега е уапсено 131 лице, јави Ен-Би-Си. Од канцеларијата на шерифот соопштија дека операцијата, при што се запленети 16 тони марихуана, трае веќе десет дена и продолжува со ангажман на стотици полицајци. Тоа е […]