Катанец ја напушти клупата на Ирак


Словенија – Словенечкиот фудбалски тренер и поранешен македонски селектор Сречко Катанец го раскина договорот со Фудбалската федерација на Ирак.

Катанец објави на социјалните мрежи дека бил принуден да ја напушти селекторската должност поради неисполнување на договорот од страна на ирачката Федерација.

– Благодарам за поддршката во изминатите три години. По повеќе месечни прашања што се случува и до каде е исплата на платите, а на кои не добив одговор, договорот е раскинат, бидејќи другата страна не го испочитува, објави 57-годишниот Катанец.

Словенецот ја презеде репрезентацијата на Ирак во септември 2018 година и на 25 натпревари забележа 14 победи.