Италија на два чекори до бразилскиот и шпанскиот рекорд


Со пласманот во финалето на Европското фудбалско првенство, Италија под водство на селекторот Роберто Манчини ја продолжи серијата без пораз на 33 натпревари и се приближи до светскиот рекорд во сопственост на Бразил и Шпанија.

Италија последен пат беше поразена во септември 2018 година од Португалија (0:1) во Лигата на нации и оттогаш репрезентацијата под водство на Манчини нанижа 27 победи и шест нерешени натпревари.

Доколку Италија ја освои европската титула на 11 јули на стадионот „Вембли“ во Лондон, Азурите ќе дојдат на еден чекор до израмнување на светскиот рекорд на Бразил и Шпанија, кои имаат серија од 35 натпревари без пораз.

– Речиси никој не веруваше дека го можеме тоа, но сепак сме во финалето, изјави Манчини

Најдолги серии без пораз:

35 – Бразил (1993-1996)

35 -Шпанија (2007-2009)

33 – Италија (2018-)

31 – Аргентина (1991 – 1993)

30 – Италија (1935 – 1939)

30 – Франција (1994 – 1996).