УЕФА отвори три дисциплински случаи против Англија за однесувањето на нејзините навивачи на дуелот со Данска


Франција – Европската фудбалска федерација отвори три дисциплински случаи за настаните на полуфиналниот натпревар на ЕВРО 2020 со Данска.

Дисциплинската комисија ќе ги истражува инцидентите во кои навивачите користат ласери, попречувајќи го данскиот голман, предизвикување немири за време на изведбата на националните химни, како и употребата на пиротехника.

Англија го доби натпреварот со 2:1 по продолженија, а победничкиот гол Кејн го даде по пенал при што на голманот на Данска му беше насочено ласерско светло директно во очите.

Во финалето на 11 јули, Англија во Лондон ќе игра со Италија.