Отворена за посетители зоолошката во училиштето „Браќа Миладиновци“, влезот бесплатен


Зоолошката градина во дворот на училиштето „Браќа Миладиновци“ во Скопје, постои повеќе години, и е дел од практична настава за учениците,  а од денеска таа официјално ќе биде отворена за сите посетители.  Влезот е слободен, односно со донирање на симболична сума, секој ќе може да влезе и да го  посети  ЗОО Парк во средното училиште […]

Заев во Тирана: Економско-инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан обезбедува соработка и економско закрепнување на регионот


 Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан го поддржува долгорочното економско закрепнување на регионот, истовремено поттикнувајќи регионална интеграција. Имплементацијата на Планот ќе ја стимулира економската активност, ќе ги зголеми инвестициите и на јавниот и на приватниот сектор, ќе ги зајакне конкурентноста и иновациите, особено на малите и средни компании, истакна премиерот Зоран Заев […]

Шишковски: Подготвени сме за дуели со силните Австријци


Голманот на македонската фудбалска репрезентација Дамјан Шишковски очекува тежок натпревар в недела против Австрија во 1. коло од Ц-групата на Европското првенство. – Австрија е силна репрезентација со корпулентни фудбалери. Негуваат германски фудбал. Најголем дел од нив играат во германскиот шампионат. Ќе бидат опасни на прекини. Затоа мора да сме подготвени на силни дуели. За […]

Над 446 илјади граѓани заинтересирани за вакцина, две дози примиле 168.284


На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани против КОВИД-19 се вкупно 252.537 граѓани. Вчера се вакцинирале 9.631, а прва доза примиле 1391. Досега се аплицирани 420 821 доза вакцини, а се ревакцинирани 168.284 граѓани. – Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега желба […]

Прва македонска компанија со лиценца за извоз на сув цвет од канабис во ЕУ


НЈСК Холдинг е првата македонска компанија која доби лиценца за извоз на сув цвет од канабис, како активна фармацевтска супстанција, наменет за Полска, која е дел од заедничкиот пазар на Европската Унија. НЈСК Холдинг е основана во август 2016 година и е првата лиценцирана компанија за одгледување на медицински канабис во земјава и воедно таа […]

 Советот на Европа 15 години бара регистрација на здруженијата на Македонците во Бугарија


Комитетот на министрите на Советот на Европа, во одлуката донесена за спроведувањето на пресудите во предметите ОМО Илинден и другите против Бугарија, ја изразува својата длабока загриженост дека повеќе од 15 години по изречената пресуда за оваа група, на здруженијата што имаат за цел „да добијат признавање на македонско малцинство“ редовно им е одбиена регистрација, […]

Шекеринска: Тие што ловат во матно ќе се соочат со декретот на Бајден


 Декретот на американскиот претседател Џо Бајден покажува дека интересот на САД за Западниот Балкан не е изгубен, туку напротив се зајакнува, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Според неа декретот испраќа две пораки – дека договорите кои обезбедија решение на проблемите на Балканот се влог во безбедноста на Балканот и дека од сите земји […]

Ревизорите утврдија хаос во справувањето со дивоградбите во Охрид


Недоволно уредената законска регулатива за спроведување на легализацијата, честите продолжувања на рокот на поднесување на барање и комплетирање на документацијата, недоволна кадровска екипираност, недоследна примена на законски предвидените услови и рокови за постапување, сложеноста на процесот на донесување на урбанистичко планска документација, носењето одлуки за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистичките планови и […]

„Бразилците дојдоа од шумата“, рече претседателот на Аргентина и предизвика гнев


Претседателот на Аргентина, Алберто Фернандез, предизвика бура на Твитер и дебата за регионална дебата за расата откако даде лошо проценети коментари пред шпанскиот премиер Педро Санчез, кој е во Буенос Аирес за да ги олесни врските на оваа јужноамериканска земја со Европа. „Мексиканците дојдоа од Индијанците, Бразилците дојдоа од џунглата, но ние Аргентинците потекнувавме од […]

Русија возврати и протера македонски дипломат


Еден месец по протерувањето на нејзиниот дипломат од Скопје, Русија објави дека презела возвратна мерка против еден вработен во македонската амбасада во Москва. Соопштението на руското министерство за надворешни работи го пренесува агенцијата Риа новости. Според него, вршителката на должноста амбасадор, Оливера Чаушевска- Димовска, била повикана во министерството каде ѝ било кажано дека еден од […]

Дождот ги раскопа улиците во Битола


Откорнат асфалт, затнати шахти, поплавени подруми и дворови, предизвикаа поројните дождови кои ја зафатија Битола вчера во вечерните часови. Наврнаа околу 15 литри на м2 и траеја пократко за разлика од дождот кој врнеше во јануари и однесе дел од потпорниот ѕид на реката Драгор во Довлеџик. Граѓаните на социјалните мрежи споделуваа фотографии и видеа […]

Евроамбасадорот Гир го поддржа уривањето на дивоградбите на охридските плажи


Силна поддршка за акцијата на Општина Охрид за уривање на нелегалните градби на плажите на Охридското Езеро стигна од амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир. Во објава на Твитер, Гир напиша: „Дивите градби немаат место покрај Охридското Езеро и треба да бидат отстранети. Уникатното природно и културно богатство во регионот – признат од УНЕСКО – мора […]

АСО: Осигуреници наплатија 15 милиони евра од штети за првиот квартал од годинава


Граѓани, компании и институции наплатиле 15 милиони евра штети од осигурителните друштва за неживотно осигурување во првите три месеци годинава. Износот на исплатени средства за штети, покриени со осигурителните полиси, во првиот квартал годинава пораснал за 9,5 отсто во споредба со истиот период лани, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Најмногу […]

Отворен ЗОО Парк во средното училиште „Браќа Миладиновци“


На последниот училиштен ден од 2020/2021 година, министерката за образование и наука Мила Царовска беше на отворање на ЗОО Парк во средното земјоделско-ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје, од каде што на наставниците, учениците и родителите им честиташе што сите заедно го надминале предизвикот и успешно ја завршиле учебната година. – Ви посакувам убав распуст, […]

Премиерот Заев на Самитот на земјите од Западен Балкан во Тирана


– Претседателот на Владата Зоран Заев денеска ќе оствари еднодневна работна посета на Албанија. Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев ќе учествува на Самитот на земјите од Западен Балкан, со кој ќе претседава албанскиот премиер Еди Рама, а ќе учествуваат еврокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеји, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, како и […]

Запленета дрога вредна околу 200.000 евра


    Во рамки на засилените полициски активности за борба против недозволената трговија со наркотична дрога, во заедничка акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп на 10.06.2021 околу 1 часот запленета е дрога […]

Царовска: Oваа учебна година беше предизвик на кој заедно успешно одговоривме


Министерката за образование и наука Мила Царовска со видеообраќање се заблагодари на наставниците, учениците и родителите за успешно завршената учебна година во вонредни услови поради пандемијата. – Учебната 2020/2021 претставуваше предизвик на кој заеднички успеавме да одговориме. Учениците добија квалитетна настава и непрекинат воспитно-образовен процес, а нивното здравје, безбедност и благосостојба беа заштитени, што за […]

Шекеринска: Десет НАТО сојузници меѓу кои и Северна Македонија стартуваат нова ера во обуката на воени пилоти


Десет НАТО сојузници меѓу кои и Северна Македонија стартуваат нова ера во обуката на воени пилоти. Воспоставуваме мрежа на европски тренинг центри за пилоти на борбени авиони, хеликоптери и дронови, информираше денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. Министерката на својот фејсбук профил напиша дека нашиот центар во Скопје ќе врши основна и напредна обука на […]

Индија регистрира највисок дневен број на починати од ковид-19 во светот


Индија објави најголем дневен број на смртни случаи од 19 лица во светот – 6.148, откако една голема федерална држава ги ревидираше своите податоци за да ги земе предвид луѓето кои подлегнаа на болеста дома и во приватни болници. Министерството за здравство во Бихар, една од најсиромашните држави во Индија, во средата ги ревидираше податоците […]