Евроамбасадорот Гир го поддржа уривањето на дивоградбите на охридските плажи


Силна поддршка за акцијата на Општина Охрид за уривање на нелегалните градби на плажите на Охридското Езеро стигна од амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир. Во објава на Твитер, Гир напиша: „Дивите градби немаат место покрај Охридското Езеро и треба да бидат отстранети. Уникатното природно и културно богатство во регионот – признат од УНЕСКО – мора да се зачува. Заштитувајќи го наследството на Охрид сега, ние исто така инвестираме во рабтотни места во угостителската индустрија денес и утре. Владеење на законот“.

Од вчера Општина Охрид го почна отстранувањето на платформите и други објекти на најпознатите плажи. Се почна од најизвиканиот објект „Куба либре“, кој, според наводите од Општината, неколку години работи илегално со истечен договор за концесија.