Димитриевски: Нашата цел е да ја поминеме групата


На денешниот брифинг со новинарите, првиот голман на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски ги сподели своите очекувања пред почетокот на Европското првенство и дуелот со Австрија. – Не чувствуваме притисок, напротив. Се обидуваме да гледаме позитивно на првиот меч и тоа да ни биде дополнителна мотивација за натпреварот со Австрија, противник кој го знаеме многу […]

Заев и Рама потпишаа договор за заеднички гранични и царински контроли


Премиерот Зоран Заев денеска во Тирана учествуваше на Самитот на земјите од Западен Балкан чиј домаќин беше премиерот на Албанија, Еди Рама. На маргините на Самитот двајцата шефови на влади го потпишаа Договорот за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Република Албанија и Република Северна Македонија. Во изјавата за медиумите премиерот […]

Османи: Протерувањето на нашиот дипломат од Русија е неоправдано


Министерот за надворешни работи Бујар Османи жали за одлуката на Русија да протера македонски дипломат и смета дека таа е неоправдана. Овој потег на Русија, за Османи е само возвраќање на претходното протерување руски дипломат од Северна Македонија. – Жалам за неоправданата одлука на Министерството за надворешни работи на Русија, ова е само возвратна политичка […]

Се исекоа 13 дрвја на „Орце Николов“, оти биле стари и болни


Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“, утринава отстрануваат 13 дрва на улицата „Орце Николов“, на потегот од раскрсницата со улица „Ленинова“ до раскрсницата со улица „Рузвелтова“. – Дрвата кои се отстрануваат се стари и болни, со трули стебла, чии гранки удираат во станбените објекти кои се наоѓаат на улицата и претставуваат опасност за минувачите – […]

Само 18 нови случаи со Ковид-19, почина еден пациент


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.411 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 8, Куманово – 5, Кочани – 2, Тетово, Крива Паланка и Кратово – по 1. Регистрирани се 31 оздравен пациент од: Скопје – 11, Виница […]

Заев: Силна поддршка за отстранување на бесправно изградените објекти во Охрид


 Премиерот Зоран Заев денеска на својот фејсбук профил објави дека изразува силна поддршка за „одлучната акција“ за отстранување на бесправно изградените објекти на охридското крајбрежје, што ја спроведува Општина Охрид и градоначалникот на Општината, Константин Георгиески. – Правната држава става крај на хаосот и импровизациите на територијата на Охридскиот Регион и на езерското крајбрежје прогласено […]

Излегуваат нови докази во истрагата против Себестијан Курц за корупција


Нови докОбвинителството на Австрија за економски прашања и корупција откри нови докази во истрагата за корупција против канцеларот Себастијан Курц, фокусирана на разговор кој датира од 2016 година. Според пораките помеѓу тогашниот министер за надворешни работи Курц и шефот на канцеларијата на Министерството Томас Шмид, тој го зголемил буџетот на Министерството, наводно, без знаење на […]

Германците сметаат дека ЕУ е политички скршена


  Мнозинството граѓани на Германија верува дека политичкиот систем на ЕУ е скршен по дебаклот со вакцините против корона вирус, покажува истражувањето на јавното мислење. Како што јавуваат светските медиуми, 55 отсто од Германците сметаат дела бирократијата изневерила, а бројот незадоволни граѓани порасна од ноември лани за 11 отсто. Како што јави „Дејли меил“, 49 […]

Корона-тобоган: Пандемијата остави 7.500 лица без работа, но и формализира дел од работните места


Вкупно 7.500 работници останале без работни места во вториот и третиот квартал изминатата година во споредба со истиот период во 2019 година. Најголем дел од изгубените места се помеѓу ниско платените работници без формален писмен договор за вработување што покажува дека работниците кои и пред пандемијата биле несигурни односно ранливи се силно погодени. Ова беше […]

ДКСК открила дополнителни набавки на Рашковски


Државната комисија за спречување корупција расправаше за предметите поврзани со Драги Рашкоски и притоа известио дека доставила до Основното јавно обвинителство информации и укажување за четири спроведени јавни набавки од генералниот секретаријат на Владата  за кои постои основано сомневање дека, според предметот на набавка (камери, кабини), имаат директна поврзаност со набавениот софтвер за определување на […]

ВМРО-ДПМНЕ бара место службени да се купуваат амбулантски возила


Собранието денеска го одржа второто продолжение на 43-та седница на која беа разгледани само четири точки кои се однесуваат на работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки. Тоа се предлог-одлуките за давање согласност на Финансискиот план, на Стартешкиот план и Годишната програма за работатa на Државната комисија за жалби по јавни набавки за […]

Најголем број новозаразени во Русија од февруари наваму


  Русија јави дека денеска има нови 11.699 заразени со корона вирус, што е најголем дневен број од крајот на февруари досега, а вкупниот број заразени од почетокот на пандемијата изнесува 5.167.949. Владината работна група за корона вирус соопшти дека починале 383 лица, што го зголеми бројот на жртви од вирусот на 125.278. Сојузната агенција […]

Од 1-ви јули нема роаминг со соседните земји


  Роамингот станува минато, од 1-ви јули повеќе нема да важи за неколку соседни земји. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на својот Фејсбук профил објави дека роамингот од Македонија, почнувајќи од 1-ви јули нема да важи за Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

ДУИ ја поздрави наредбата на Бајден


  ДУИ ја поздравува извршната наредба на претседателот Џо Бајден со која се предвидува замрзнување на имотот и забрана за влез во САД за сите оние кои го дестабилизираат Западен Балкан, се вмешани во корупција и ги ризикуваат демократските институции. Од ДУИ велат дека е за поздравување фактот што меѓу оние кои што ја загрозуваат […]

Силно невреме го зафати Скопје, голем дел без струја


Голем број на скопски општини останаа без снабдување со електрична енергија, по силното невреме кое попладнево го зафати овој регион. Центар, Дебар Маало, Кисела Вода, Аеродром се само дел од населбите кои останаа без струја.

„Чукни во дрво“: „Алкалоид“ со хуманитарен видеоспот по повод 85-тиот јубилеј


Една од најпопуларните и најоптимистични македонски песни, антологиската „Чукни во дрво“, под покровителство на „Алкалоид“ доби нова верзија. Изведувана и преработувана повеќе од 3 децении од сериозни музичари од земјава и од регионот,  овојпат довербата за нејзина изведба авторот Влатко Стефановски им ја додели на најмладите. Безвременските стихови и уникатната преработка и изведба од децата […]

Советот на амбасадори ја поддржува Извршната наредба на Бајден


Здружението за меѓународна политика „Советот на амбасадори“ во целост ја поддржува констатацијата изнесена во Извршната наредба на претседателот на САД Џо Бајден дека во земјите на Западен Балкан има широко распространета корупција во разни влади и институции со што се отежнува и успорува напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските интеграции, […]

Одбележан Денот на воздухопловниот ВИНГ


Со прелет на воздухопловните Ф-16 на грчкото воено воздухопловство во рамки на НАТО мисијата Air Policing на воздушниот простор на Република Северна Македонија како членка на НАТО денеска во касарната „Страшо Пинџур“ се одбележа Денот на воздухопловниот ВИНГ. На настанот се обрати командантот на воздухопловниот ВИНГ, полковник Стојко Пејовски кој кажа дека пред точно 29 […]

Уапсен сопственик на кафеана, во која танчерки ги забавувале гостите


Во средата, од 22.15 часот до 23.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во село Желино, тетовско, сопственост на З.С.(49) од истото село. При контролата било констатирано дека објектот работи спротивно на прописите на Владата донесени за работа на угостителски објекти за […]

Со театарска претстава, мини концерт и изложба се претставија членовите од проектот „Творилница“


Со театарска претстава, мини концерт, изложба и читање на авторски дела вчера на терасата на Градскиот трговски центар-Скопје се претставија членовите на уметничките клубови кои се дел од проектот „Творилница“. Публиката имаше можност да го проследи мини концертот со песни на Abba. Театарскиот клуб се претстави со виедо-театар. И двата настапи се прикажуваа онлајн. На […]