ДКСК открила дополнителни набавки на Рашковски


Државната комисија за спречување корупција расправаше за предметите поврзани со Драги Рашкоски и притоа известио дека доставила до Основното јавно обвинителство информации и укажување за четири спроведени јавни набавки од генералниот секретаријат на Владата  за кои постои основано сомневање дека, според предметот на набавка (камери, кабини), имаат директна поврзаност со набавениот софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување казни, со што сумата за исплата на обврски по овие договори е значително голема.

ДКСК исто така расправала за предметот оформен по анонимна пријава за незаконско постапување на еден од Директорите на ФЗО, кој по истекот на неговиот мандат , во период од еден месец и десет дена. потпишувал акти, решенија, согласности и други документи што се во делокругот на работа на директор на Фондот. Непостапувањето на Управниот одбор на ФЗО согласно  утврдените рокови  во Законот за здравствено осигурување овозможило преземање на незаконски дејствија и донесување на незаконски одлуки од страна на директорот Орхан Рамадани, во период од еден месец и десет дена кога неговиот мандат бил истечен.  

       –   ДКСК постапи и донесе Одлука по предмет  кој е оформен по пријава доставена до ДКСК од страна на Димче Арсовски, во која се изнесени наводи за сомнителни тендери со кои фирмата „Друштво за производство и услуги Бригада Дизајн ДООЕЛ Скопје“, во кое управител и сопственик е лицето Бојан Ивановиќ и воедно е советник од редовите на СДСМ во Град Скопје, добила тендери и склучила договори со Фондот за иновации и технолошки развој и Регулаторната комисија за енергетика, во висина од над 10 милиони денари. Наводите содржат сомневања дека предметните договори биле добиени како резултат на „меѓусебен партиски договор“ помеѓу лицата кои управуваат со институциите и советникот и во постапка која не била јавно објавена.

Од страна на ДКСК утврдена е целосна фактичка состојба  при што  констатирано е  дека во врска со предметниот случај биле спроведени постапки за јавни набавки во периодот 2018 – 2019 година во кои биле склучени договори помеѓу наведеното трговско друштво и двете институции (Фондот за иновации и технолошки развој и Регулаторната комисија за енергетика), кои постапки биле спроведени во согласност со Законот за јавни набавки и со објавување на  јавен оглас, а процесот за спроведувањето на истите се одвивал преку веб страната на Бирото за јавни набавки односно преку Електронскиот систем за јавни набавки каде биле објавени и одлуките за избор на најповолна  понуда и склучените договори за јавните набавки, што  значи дека не се потврдуваат предметните пријавени наводи.     

Од страна на ДКСК, за лицето Бојан Ивановиќ оформен е предмет за наводи за сомневања за постоење судир на интереси и неспоивост на функциите. Постапувањето по овој предмет е  во тек.

Во оваа прилика ДКСК ја известува јавноста дека на оваа седница постапуваше по неколку предмети за кои во изминатиот период беше покажан интерес во јавноста и тоа:

  –   Во врска со предметот оформен по наводи за сомневање за незаконитости во постапки за јавни набавки спроведени во Генералниот секретаријат на Владата на Р. Северна Македонија во време кога функцијата Генерален секретар ја извршување лицето Драги Рашковски. ДКСК претходно извести дека во соработка со ЈОГОКК, своето постапување ДКСК ќе го прекине, а за обезбедените податоци и информации, ЈОГОКК ќе биде известено. На ден 18.05.2021 година, ДКСК до ОЈОГОКК достави информации и укажување за уште четири спроведени јавни набавки од Генералниот секретаријат на Владата на РСМ, за кои постои основано сомневање дека според предметот на набавка (камери, кабини) имаат директна поврзаност со набавениот софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување казни, со што сумата за исплата на обврски по овие договори е значително голема.

 

– Исто така на оваа седница, ДКСК донесе одлука по пријавата со наводи за незаконитости во постапка за избор на Директор на НУ Центар за култура “Антон Панов”-Струмица. ДКСК им овозможи на дел од вработените во  НУ Центар за култура “Антон Панов”-Струмица да ја следат расправата по конкретниот предмет на која детално беа презентирани состојбите од спроведениот јавен оглас за избор на директор. Беше констатирано дека од пријавените три кандидати, двајца не ја поминале административната селекција поради нецелосно доставени документи (нема доказ за познавање на странски јазик и доказ за пет годишно искуство). Тврдењата во јавноста дека избраниот кандидат Васил Бубевски нема соодветно образование и дека комисијата за избор на директор при Министерството со барање за доставување дополнителни документи му овозможила на актуелниот директор да биде избран, односно го фаворизирала, не се потврдија. Имено, согласно член 14 од Статутот на Центарот за култура, „за директот може да биде избрано лице кое има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршени VII/1 степен високо образование од областа на општествените науки или хуманистички науки„. Според Класификацијата на Научно-истражувачките подрачја, полиња и области според меѓународната Фраскатиева класификација, како области во подрачјето на општествени науки спаѓаат: антропологија, демографија, економски науки, кинезиологија (физичка култура), образование, организациони науки и управување, политички науки, правни науки, јавна управа и администрација, психологија, социологија, социјална работа и социјална политика, туризам и угостителство, одбрана, безбедност. Завршеното високо образование за физичка култура спаѓа во областа на општествените науки. Што се однесува до барањето за доставување на дополнителни документи, Комисијата доставила барање до Васил Бубевски за доставување дополнителни докази кон веќе поднесените, а со цел комисијата со сигурност да утврди дека кандидатот го исполнува условот: „доказ дека кандидатот е познат во јавноста како јавен и културен работник“. Покрај претходно доставените благодарници, дипломи за учество во разни манифестации, дополнително се доставени потврди од општина Василево, организационен одбор на Струмички карневал, здруженија, видеа, како доказ за исполнување наведениот критериум. Вработените од Центар за култура кои ја следеа расправата немаа коментари на изнесените состојби, поради што ДКСК утврди дека наводите во доставената пријава не се потврдени и донесе одлука за запирање на постапката.

 

   Државната комисија на оваа седница постапи по предметот оформен по пријава од непознат подносител (анонимна пријава), со наводи за сомневање за незаконско постапување на еден од Директорите на ФЗОРСМ, кој по истекот на неговиот мандат на 26.05.2019 година, во период од еден месец и десет дена потпишувал акти, решенија, согласности и други документи што се во делокругот на работа на Директор на Фондот. Имено, ДКСК достави до Владата на Р. Северна Македонија Иницијатива за поведување постапка за утврдување на одговорност на членовите на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување  на Република Северна Македонија (во натамошниот текст:ФЗОРСМ), поради основаност на сомневањата за сторени прекршувања на членот 56 став 1 точка 12 и член 57 став 3  од Законот за здравствено осигурување во 2019 година со неизвршување на дадените законски надлежности во роковите утврдени во Законот за здравствено осигурување поврзани со  необјавување на конкурс за избор на директор на ФЗОРСМ во утврдениот законски рок, што е утврдено во случајот со директорот на Фондот, Орхан Рамадани. Непостапувањето на Управниот одбор на ФЗОРСМ согласно  утврдените рокови  во Законот за здравствено осигурување овозможило преземање на незаконски дејствија и донесување на незаконски одлуки од страна на Директорот Орхан Рамадани, во период од еден месец и десет дена кога неговиот мандат бил истечен.  На оваа седница ДКСК го разгледа Известувањето од 18.02.2021 година доставено од Владата со кое ја извести ДКСК дека по поднесената Иницијатива Генералниот секретаријат на Владата на Р.Северна Македонија  со допис од 16.02.2021 година до Управниот одбор на ФЗОРСМ упатил Укажување за потребата од доследно почитување на позитивните законски прописи кои и почитување на сите законски рокови со цел навремено и законито постапување, по што ДКСК заклучи дека  иако од страна на Владата на РСМ е формално постапено по Иницијативата на ДКСК, не е постапено  во насока на барањето содржано во истата.

 

       –   ДКСК постапи и донесе Одлука по предмет  кој е оформен по пријава доставена до ДКСК од страна на Димче Арсовски, во која се изнесени наводи за сомнителни тендери со кои фирмата „Друштво за производство и услуги Бригада Дизајн ДООЕЛ Скопје“, во кое управител и сопственик е лицето Бојан Ивановиќ и воедно е советник од редовите на СДСМ во Град Скопје, добила тендери и склучила договори со Фондот за иновации и технолошки развој и Регулаторната комисија за енергетика, во висина од над 10 милиони денари. Наводите содржат сомневања дека предметните договори биле добиени како резултат на „меѓусебен партиски договор“ помеѓу лицата кои управуваат со институциите и советникот и во постапка која не била јавно објавена.

            Од страна на ДКСК утврдена е целосна фактичка состојба за предметниот случај при што  констатирано е  дека во врска со предметниот случај биле спроведени постапки за јавни набавки во периодот 2018 – 2019 година во кои биле склучени договори помеѓу наведеното трговско друштво и двете институции (Фондот за иновации и технолошки развој и Регулаторната комисија за енергетика), кои постапки биле спроведени во согласност со Законот за јавни набавки и со објавување на  јавен оглас, а процесот за спроведувањето на истите се одвивал преку веб страната на Бирото за јавни набавки односно преку Електронскиот систем за јавни набавки каде биле објавени и одлуките за избор на најповолна  понуда и склучените договори за јавните набавки, што  значи дека не се потврдуваат предметните пријавени наводи.

            Од страна на ДКСК, за лицето Бојан Ивановиќ оформен е предмет за наводи за сомневања за постоење судир на интереси и неспоивост на функциите. Постапувањето по овој предмет е  во тек.

 

     Во оваа прилика ДКСК ја известува јавноста дека од 1 јуни 2021 година целосно е преселена во новите простории со локација на улица Пресвета Богородица број 3, Скопје. Во меѓувреме е завршена постапката за вработување на 6 нови административни службеници во Секретаријатот на ДКСК со кои се зајакнати кадровските капацитети на ДКСК.

 

Периодот на преселба беше искористен за организирање и присуство на on-line настани на Претседателката  и членовите на ДКСК  поврзани со подигање на јавната свеста во борбата против корупција, реализацијата на јавната дебата за Предлог- Законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградено објекти. Како резултат на јавната дебата, предложениот Закон беше повлечен од собраниска процедура.

    Исто така во изминатиот период ДКСК активно учествуваше во повеќе обуки во организација на невладиниот сектор и меѓународните партнери.