Германците сметаат дека ЕУ е политички скршена


 

Мнозинството граѓани на Германија верува дека политичкиот систем на ЕУ е скршен по дебаклот со вакцините против корона вирус, покажува истражувањето на јавното мислење.

Како што јавуваат светските медиуми, 55 отсто од Германците сметаат дела бирократијата изневерила, а бројот незадоволни граѓани порасна од ноември лани за 11 отсто.

Како што јави „Дејли меил“, 49 отсто се изјасниле дека така-така имаат доверба во официјален Брисел, стои во истражувањето кое го спроведе Европскиот совет за надворешни односи.

Германија досега успеа да вакцинира 46 отсто од населението.

„Лошата реакција на ЕУ во врска со набавката на вакцините против корона вирусот ги трансформира наводите за Брегзит како приказна за евроскептицизмот во приказна за ослободување на спората бирократија на бриселските институции“, се наведува во брифингот на Европскиот совет за надворешни односи.