Проекција на дигитално реставрираната копија на „Фросина“ во Кинотека


Во летното кино на Кинотеката вечер ќе биде прикажана новата, дигитално реставрирана копија на првиот македонски игран филм „Фросина“ на режисерот Војислав Нановиќ, од 1952 година. Проекцијата почнува во 20.00 часот, а ќе биде пренесувана и во живо („live streaming“) на каналот „YouTube“, преку линкови објавени на кинотечната страница „Фејсбук“ и веб-страницата на Кинотека (www.kinoteka.mk). […]

Изложба „Африкански лица“ на Билјана Јуруковски во Музеј на Македонија


Во Музеј на Република Северна Македонија вечер ќе биде отворена изложбата „Африкански лица“ со фотографии на реномираната македонска фотографка Билјана Јуруковски. На изложбата, која финансиски е подржана од Министерството за култура, ќе бидат претставени повеќе дела создадени за време на нејзините патувања низ Африка.   – Посебен интерес предизвикуваат прекрасните портрети на народот Сури, една од најизолираните заедници населени […]

Олеснети ковид мерките, прославите со неограничен број гости, а ќе се организираат и концерти и забави


Од денеска целосно се укина полицискиот час, угостителските објекти нема да имаат ограничување во работното време, свадбите ќе може да се организираат со повеќе од 100 гости, а дозволени се настани, концерти и забави во клубовите и локали само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1000 лица. […]

Османи на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2021″


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска во Братислава ќе учествува на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2021″, каде што ќе има oбраќање на тема “Геополитичката Европа на крстопат: Западниот Балкан во Ера на Пост-Ковид-19 “. Османи заедно со министрите за надворешни работи на Хрватска и Словенија, Радман и Логар, придружени од специјалниот претставник на ЕУ […]

Седница на собраниската Комисија за надворешна политика


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница треба да одржи Комисијата за надворешна политика. На дневен ред е разгледување на прашањето за почеток на пристапните преговори со ЕУ за време на португалското претседателство, а во контекст на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија, потпишан на 01.08.2017 година. Претседателот […]

Вицепремиерот Битиќи во тридневна посета на Швајцарија


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи од денеска ќе престојува во тридневна службена посета на Цирих, Швајцарија. Како што соопшти Кабинетот на Битиќи, за време на работната посета вицепремиерот ќе оствари средби со претставници од политичкиот и економскиот живот во земјата, при што ќе […]

Сончево и потопло 


Времето во земјава ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност […]

Еден ама вреден – Франција ја совлада Германија на „Алијанц Арена“


Франција триумфираше вечерва над Германија на „Алијанц Арена“ во Минхен со минимални 1:0 (1:0) во последниот натпревар од првото коло во групната фаза на ЕУРО2020. Победата на Французите, кои никогаш досега не загубиле воведен натпревар на Европските првенства, им ја донесе Матс Хумелс со автогол во 18 минута. Франција беше блиску до удвојување на предноста […]

Најмалку четворица мртви и четворица застрелани во Чикаго


  Најмалку четворица се убиени, а четворица ранети во четвртокот наутро во Чикаго, САД објави полицијата. Полицајците се повикани во 5.30 наутро по локално време, а застрелани биле повеќе луѓе. Убиени се најмалку четири лица, а четири се во болница. Двајца се во критична состојба, а за другите двајца не се знае состојбата. Полицијата верува […]

Познато како ќе изгледа средбата на Бајден и на Путин во Женева


Можеби постојат големи проблеми за кои треба да расправаат, но окружување на состанокот на американскиот и рускиот претседател во раскошната вила од 18 век со поглед на Женевското Езеро ќе биде прекрасно и мирно. Првиот состанок, лице в лице, меѓу Џо Бајден на претседателската функција и неговиот руски колега Владимир Путин може да трае четири […]

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 13 лица од Пакистан


Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при РЦ за ГР Север, во близина на село Костурник на автопатот Куманово – Табановце денеска околу 15 часот во товарно моторно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К (34) од Рашче, Скопско пронашле 13 лица- мигранти од Пакистан. Од МВР информираа дека […]

Поранешната сопруга на Безос, Мекензи Скот, подарува 2,74 милијарди долари за борба против расизмот


 Поранешната сопруга на основачот на Амазон и најбогат човек на светот, Џеф Безос, Мекензи Скот денеска изјави дека ќе донира 2,74 милијарди долари за уметнички групи и здруженија кои се борат против расната дискриминација. Според магазинот Форбс, милијардерката Скот (51) поседува речиси 60 милијарди долари и ветила дека ќе донира половина од своето богатство во […]

Мерко повторно тврди дека во Струга нема дивоградби


Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, во гостувањето во емисијата „Топ Тема” на „Телма Телевизија” вели дека нема дивоградби во Струга.   – На 3.3.2011 се донесе закон за легализација на бесправно изградените објекти и секој има право да поднесе барање за легализација, тоа зависи од тоа дали ќе го прифати Советот на општината или не. […]

Сè повеќе трговски центри во САД банкротираат


Вашингтон прајм груп, која е сопственик на трговски центри на повеќе од 100 локации низ САД, поднесе барање за банкрот, наведувајќи ги како причина последиците од мерките за затворање за време на пандемијата со КОВИД-19. Групата, со седиште Охајо, поднесе барање за заштита од банкрот според американското законодавство, наведувајќи дека КОВИД-19 „создал значителен проблем“ и […]

Славната новинарка Кристиане Аманпур стана вест-објави дека има рак


Англија-Познатата новинарка на американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен, Кристијан Амампур објави дека и е дијагностициран карцином на јајници. Аманпур (63), една од најпознатите новинарки во светот, позната по известување за време на војните во поранешна Југославија, не се појавува во програмата во последните четири недели поради нејзината дијагноза. – Имав успешна операција за отстранување на карциномот, […]

ЕУРО 2020: Португалија со победа тргна во одбрана на титулата, Роналдо најдобар стрелец на Европските првенства


Со голот од пенал, Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на Европските првенства постигнувајќи го десеттиот гол и го надмина Мишел Платини Актуелниот европски првак Португалија ја совлада вечерва Унгарија со 3:0 (0:0) во воведниот натпревар од групата Ф на ЕУРО2020. Унгарците, кои до самиот финиш на натпреварот во Будимпешта одолеваа на нападите на Португалците, потклекнаа во […]

Од утре се укинува полицискиот час


Владата на Република Северна Македонија на денешната 79-та седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и донесе одлука за целосно укинување од утре на полицискиот час и на ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави, како и дозвола за организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на […]

Словенија прогласи крај на епидемијата, но не и на мерките


Словенија – Состојбата со епидемија во Словенија од Ковид-19, што беше прогласена на 18 октомври лани, при вториот бран, веќе нема да се продолжува, изјави денеска Франц Виндишар, државен секретар во Министерството за здравство. Бидејќи Словенија се уште не е во безбедната „зелена“ зона, според критериумите на Европскиот центар за контрола на болести (ECDC), во сила […]

ЕУРО2020: Финалето на „Вембли“ пред 40.000 гледачи


Еден од двата полуфинални натпревари, како и финалето на ЕУРО2020, чиј домаќин е Лондон, ќе можат да се играат во присуство на 40.000 гледачи на трибините на стадионот „Вембли“, соопштија денеска британските власти. Владата во Лондон ги одобри плановите за 20 пилот настани, кои ќе мoжат да се одржат во присуство на публика, вклучувајќи го […]

Од Кејт Мидлтон до Кери Симондс: Британските брендови профитираа од модната парада на Г7


„Модата е политичка изјава“ и иако Г7 традиционално не беше платформа за мода, итноста на она што се случува со климатските промени ги натера жените како Симондс и Мекартни „да водат кампања преку нивната облека“ Англија- Британската мода се врати на голема врата: не преку Јутјуб или дури за време на јунското издание на Модната […]