Најмалку четворица мртви и четворица застрелани во Чикаго
Најмалку четворица се убиени, а четворица ранети во четвртокот наутро во Чикаго, САД објави полицијата.
Полицајците се повикани во 5.30 наутро по локално време, а застрелани биле повеќе луѓе.
Убиени се најмалку четири лица, а четири се во болница. Двајца се во критична состојба, а за другите двајца не се знае состојбата.
Полицијата верува дека меѓу ранетите има и малолетници, но за сега не се зане возраста на жртвите.
Една жена е во критична состојба и е во Медицинскиот центар на Универзитетот во Чикаго.
Маж на возраст од 23 години е во трета болница со прострелна рана на грбот, но и тој подоцна е префрлен во Универзитетската болница во критична состојба.
Зошто дошло до пукање?
Полицијата вели дека повеќе луѓе се собрале во една куќа, а до пукањето дошло по расправија која ескалирала.
„Повеќе луѓе се со прострелни рани“, соопшти кусо полицијата.
Првично не беше познато колкумина се застрелани.