Познато како ќе изгледа средбата на Бајден и на Путин во Женева
Можеби постојат големи проблеми за кои треба да расправаат, но окружување на состанокот на американскиот и рускиот претседател во раскошната вила од 18 век со поглед на Женевското Езеро ќе биде прекрасно и мирно.
Првиот состанок, лице в лице, меѓу Џо Бајден на претседателската функција и неговиот руски колега Владимир Путин може да трае четири во пет часа, а можеби и повеќе.
Некои од темите на кои ќе се разговара во среда се контрола на вооружувањето, кибернетичките набади и вмешувањето во изборите.
Но, нема да има јадење, а рускиот и американскиот претседател ќе одржат одвоени конференции за новинарите, како знак на затегнатите односи.
Путин пристигнува прв, а потоа Бајден
„Без кршење леб“, рече за новинарите висок американски функционер додека Бајден леташе кон Женева, на разговори кои би требало да почнат околу 13 часот во вилата Ла Гранџ, елегантна сива палата окружена со парк од 30 хектари.
Путин ќе пристигне прв, а тој и Бајден ќе се состанат со швајцарскиот претседател Гај Пармелин. Потоа, рускиот и американскиот претседатл ќе разговараат во библиотека во која се чуваат стари книги на кинески, француски, персиски и турски јазик.

СО Бајден на состоанокот доаѓа и државниот секретар Ентони Блинкен, а со Путин, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
Меѓу три и 3,5 илјади полицајци се распоредени во инаку мирниот швајцарски град.
Меѓу илјадниците книги во вилата се наоѓа и онаа на Шарл Пиктет де Рошмон, дипломат кој ја подготвил швајцарската Декларација за трејна неутралност – дополнителна причина за избор на Женева како место за одржување на самитот.