УЕФА отвори истрага против Арнаутовиќ


УЕФА денеска почна истрага против австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ поради вербалниот инцидент што фудбалерот со српско потекло го предизвика во финишот од неделниот натпревар против македонскиот национален тим во рамки на ЕУРО2020. Европската куќа на фудбалот отвори дисциплинска постапка на барање на Фудбалската федерација на Македонија, која вчера изрази остра осуда на инцидентот и побара […]

Поголемата либерализација во трговијата ќе ја поттикне економската соработка со Украина


Натамошната либерализација на трговијата меѓу Северна Македонија и Украина ќе биде значаен поттик за компаниите од двете земји да извезуваат голем број домашни производи, без царина или со намалена царина, истакнаа на денешната работна средба во Киев министерот за економија Крешник Бектеши и првиот вицепремиер и министер за економија на Украина, Олексиј Лиубченко. Главна тема […]

Во театарот во Стоби не може да има претстави, се додека старите мермерни седишта целосно не се реставрираат


Мермерните блокови-седишта на западната половина во театарот во Стоби сите се распукани и се распаѓаат тоа е страшно и не е безбедно за публиката да дојде на претстава во Стоби. Археологот од НУ Стоби м-р Гоце Павловски предупредува дека тие не се направени на падина како во Охрид и Хераклеа, туку под нив имаат радијални […]

Франција против Германија: фудбалски Октоберфест


Французите се актуелни светски прваци и фаворити за освојување на титулата европски шампион во фудбал. Но, Германците се секогаш тим за турнири. Доколку добро почнат, се е можно. Со нетрпение се чека дуелот во Минхен вечерва во 21 часот   Франција против Германија. Двобојот на соседните држави е приказна со долга традиција. Двете репрезентации досега […]

УЕФА: Македонските обележја на ЕУРО2020 се во согласност со Преспанскиот договор


Кратенката МКД, која се користи за настапот на македонската фудбалска репрезентација на ЕУРО2020, како и логото ФФМ (Фудбалска федерација на Македонија) на нејзиниот национален дрес, се во согласност со Преспанскиот договор, одговори УЕФА на жалбата што Грција ја поднесе до Европската куќа на фудбалот спроти почетокот на Европското првенство. Детали од одговорот денеска објавија грчките […]

(Фото) Бектеши, Мојсовски и Тасев ја посетија подружницата на Алкалоид во Киев, Украина


Министерот за економија Крешник Бектеши, придружуван од директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, советникот за млади и спорт во Владата, Ѓорѓи Тасев и амбасадорот на Северна Македонија во Украина Крум Ефремов денеска остварија посета на компанијата Алкалоид Киев- подружница на фармацевтската компанија Алкалоид АД Скопје во Украина. Ова претставништво е одговорно за […]

Почнува Летна филмска програма во Музејот на современата уметност – Скопје


На 17јуни (четврток), во 21 часот, започнува Летното кино со својата редовна филмска програма под отворено небо на тремот во Музејот на современата уметност – Скопје. Во наредните четири месеци во рамки на Летното кино на музејот под отворено небо над градот, публиката ќе има можност да проследи десет креативни документарни филмови. „Станува збор за […]

Во Франција од употреба повлечени над 7.000 прехранбени производи


Генералната дирекција за потрошувачка и контрола на измами повлече повеќе од 7.000 производи, како што се леб, хамбургери, колачи, сладоледи, предјадења, сосови, сирења, готови јадења, чаеви и кафиња…. Причината за повлекувањето е што „содржат етилен над дозволените граници со европските прописи“, јави дописникот  на МИА, повикувајќи се на одлуката објавена на Твитер профилот на  recall.conso.gouv.fr. […]

„Брз воз“ со Сандра Булок и Бред Пит во киносалите во април 2022 година


САД – „Брз воз“ (Bullet Train) со Сандра Булок и Бред Пит во главните улоги, го доби датумот за премиерата – 8 април 2022 година, објави вчера студиото „Сони“. Филмот е заснован на популарната јапонска книга „Марија Битл“ од Котара Исаке, а во другите улоги се појавуваат раперот Бед Бани, Џои Кинг, Ендрју Коџи и Хирујуки […]

Во 2020 градежниците завршиле 2.335 станови, во индивидуална режија градени се 1.617 објекти


Градежните компании во минатата година работеле на 2385 објекти, а завршиле вкупно 2335 станови со вкупна површина од 152.825 м2, од кои 2.299 се во индивидуална сопственост, објави Државниот завод за статистика.  Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност […]

Сара Климоска од Берлинале се враќа со награда за европски актер во подем за 2021


„Europeans shooting stars“ за 2021 беа дел од официјалната церемонија за доделување на наградите за најдобри европски актери во подем која се одржа на специјално изградената сцена на „Berlinale Museum Island“. Сара Климоска беше номинирана за оваа награда од страна на Агенцијата за филм. – Имав прекрасни, возбудливи и интензивни три дена во Берлин на […]

Со целовечерен концерт во Велес, „Танец“ се врати на сцена по пандемиската пауза


Со бурни аплаузи и желба за точка повеќе, велешани ги испратија солистите, хорот и оркестарот на ансамблот „Танец“ од сцената на Центарот за култура „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, каде музичарите, по едногодишната пандемиска пауза, се вратија пред македонската публика во рамки на 58. меѓународна поетска манифестација „Рацинови средби“. Ова е воедно и почеток на новата […]

Стотици мигранти повторно со брод дојдоа на Лампедуза, островот пренатрупан


Само во последното деноноќие стотици мигранти повторно пристигнаа со брод на италијанскиот остров Лампедуза. Според локалните медиуми, 700 лица, меѓу кои имало и малолетници, пристигнале на островот со брод од Тунис и другите африкански земји. Пред само четири недели, овој мал сицилијански остров прими околу 2.000 мигранти за многу краток временски период. Локалните власти и […]

Намален прометот од продажба на услуги


Прометот од продажбата на услугите во првото тримесечје од 2021 година покажува намалување во однос на првото тримесечје од 2020 година за 5,2 отсто, објави Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од 2021 година, во однос на истото тримесечје од 2020 година, намалување се јавува во поголем дел од секторите, а најголемо е во […]

УПОЗ бара покачување и на платите на вработените во судовите, а не само на судиите


Синдикатот на УПОЗ денеска со соопштение реагира на вчерашната најава за зголемување на платите на судиите при што посочува дека немаат ништо против тоа, но оти сметаат дека зголемувањето на платите на вработените во судовите треба да биде поголемо од тоа на судиите, бидејќи, како што нагласуваат, разликата меѓу платите на едните и другите е […]

Српските медиуми ја пренесуваат веста за укинување на патарината за нивните државјани


Ретко кој медиум во Србија од утрово ја нема пренесено веста за денешното укинување на патарината за српските граѓани кои патуваат низ Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. „Од денеска за Србија бесплатно“, пишува Блиц, „Убава вест за граѓаните на Србија-Северна Македонија ја укина патарината“, соопштија Вечерње новости, „Во знак на благодарност за […]

НЛБ генерален спонзор на македонската одбојкарска репрезентација


НБЛ Банка АД Скопје е нов генерален спонзор на сениорската машка репрезентација на Македониија. Логото на компанијата ќе стои на дресовите на македонските одбојкари кои од 1 до 19 септември ќе настапат на Европското првенство. – Чест ни е да бидеме Генерален спонзор на македонската репрезентација. Кога имате два победнички тима, успехот е неизбежен, а […]

Османи и Корчок ја отворија амбасадата на Македонија во Братислава


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска во Братислава официјално ја отвори Амбасадата на Република Северна Македонија во Словачката Република, во присуство на својот хомолог, министерот за надворешни и европски работи на Словачка, Иван Корчок. „Сигурен сум дека овој нов убав и топол дом на Северна Македонија во Словачка, ова катче ќе биде уште една точка […]

Ќе се обновува пешачката зона во Порта Влае


Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев денеска го потпиша договорот за регулирање на меѓусебните права и обврски, во врска со изведба на проектот: „Партерно уредување – реконструкција на пешачка зона (платформа) на станбено – деловен комплекс – Порта Влае (прва фаза)“. Во првата фаза од реконструкцијата, ќе бидат реконструирани 6.000 м2 површина од плочникот во […]

Утре продолжува уривањето на галијата во Вардар


Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска информираше дека утре се очекува да продолжи дислоцирањето на галијата кај „Холидеј Ин“. Уривањето на галијата во Вардар пред месец и половина беше стопирана поради времена мерка од судот по тужба на сопственикот. Бродовите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“ на владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело […]