Франција против Германија: фудбалски Октоберфест


Французите се актуелни светски прваци и фаворити за освојување на титулата европски шампион во фудбал. Но, Германците се секогаш тим за турнири. Доколку добро почнат, се е можно. Со нетрпение се чека дуелот во Минхен вечерва во 21 часот

 

Франција против Германија. Двобојот на соседните држави е приказна со долга традиција. Двете репрезентации досега 31 пат ги одмериле силите. Билансот е на страната на Французите: 14 победи со седум нерешени исходи. Тие беа поуспешни и во првиот дуел на двете екипи. Беше тоа на Светското првенство во Шведска во 1958 година. Првата француска фудбалска супер-ѕвезда Жист Фонтен тогаш четири пати ја затресе мрежата на Германците. Конечниот резултат во мечот за трето место гласеше 6:3.

Линк до целиот текст на Дојче Веле тука