Градоначалникот на Москва нареди задолжително вакцинирање против коронавирусот


Московскиот градоначалник, Сергеј Собјанин, денеска нареди воведување задолжителна вакцинација против коронавирусот за сите вработени во услужниот сектор, како дел од борбата против драматичната епидемиолошка ситуацијуа во рускиот главен град. -Едноставно, треба да сториме се што е можно за да извршиме масовна вакцинација што е можно поскоро и да ја запрема оваа страшна болест и да […]

Пуштена во употреба нова современа детска градинка во Шуто Оризари


Нова детска градинка  „8 Април“ со капацитет да згрижи над 300 деца беше пуштена во употреба денеска во општината Шуто Оризари. Таа е енергетски ефикасна, зелена и инклузивна, односно во неа ќе можат да бидат згрижени и дечиња кои имаат некаква попреченост. Дополнително, во состав на градинката ќе функционира и дневен центар за деца од […]

ИРИ: Македонските граѓани сакаат во ЕУ, но се помалку веруваат дека тоа ќе се случи


Пристапувањето во Европската унија има 79 проценти поддршка од јавноста во земјава. Сепак, процентот на оние кои сметаат дека Северна Македонија денес е поблиску до влез во ЕУ отколку во 2005 година – кога првпат доби статус на земја-кандидат, во последните три години падна од 57 на 32 проценти, покажуваат резултатите на истражувањето Центарот за […]

Отворена изложбата „Монодрамите и дуо драмите на МНТ“


Во фоајето на Македонскиот народен театар (МНТ) отворена е изложбата „Монодрамите и дуо драмите на МНТ“, во која се претставени дваесетина монодрами и дуо драми од репертоарот на театарот, почнувајќи од 1974 и „Дневникот на лудиот“ со Владимир Светиев па сѐ до последните „Последната лента на Крап“ на Ѓорѓи Јолевски и „Само глас“ со Звездана […]

Премиерот Заев е убеден дека струјата нема да поскапи


Премиерот Зоран Заев е убеден дека струјата нема да поскапи, а за да се ублажи растот на цената на електричната енергија условена од целосната либерализација на пазарот, од 1 јули, како што соопшти, ДДВ-то за струја ќе се намали од 18 на пет проценти. Заев напомена дека од 1 јули 2021 до 1 јули 2022 […]

Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна


Состојбата во градинките поврзана со пандемијата предизвикана од коронавирусот е стабилна. Изминатиот период е забележан само еден нов позитивен случај од вработените, а позитивни деца згрижени во градинките нема, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јахода Шахпаска. Согласно ова таа најави дека доколку епидемиолошката состојба и натаму е стабилна може да се размислува […]

Заев утре на средба со Радев


За македонскиот јазик и идентитет не разговараме и воопшто не е на маса. Разговараме за португалскиот предлог којшто доаѓа од Португалија како претседавач со Европскиот совет што апсолутно води грижа за нашиот македонски јазик и македонски идентитет и истовремено води грижа и за бугарските позиции, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање пред […]

Столтенберг за Си-Ен-Ен: Со Русија нѝ е потребен дијалог


 Односите со Русија се од најголемо значење за НАТО и Алијансата зазема двонасочен пристап кон нив, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за Си-Ен-Ен. -Односите со Русија се од огромно значење за НАТО. НАТО верува во двонасочен пристап кон Русија и состанокот Бајден-Путин е во согласност со тој пристап. Ние мора да […]

Инвестиција од 70 милиони евра и 100 нови вработувања – потпишани договорите за фотоелектраната во Осломеј


Инвестиција од 70 милиони евра која предвидува 100 нови вработувања, ќе биде фотонапонската електрана во Осломеј од 100 мегавати за чија изградба денеска и официјално беа потпишани договорите меѓу „АД ЕСМ“, „Фортис енержи електрик“ од Турција и со „Солар про“ од Бугарија. Реализацијата на овој проект ќе биде по принципот на јавно-приватно партнерство, а електраната […]

Утре и задутре сончево со умерена облачност, температурите со постепен пораст


 Во следните два дена во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Се најавува дека температурите ќе бидат во постепен пораст, кои ќе се движат од 10 до 36 степени Целзиусови, соопшти УХМР. Од УХМР информираат дека […]

Германската фирма „Впд“ ќе вложи 500 милиони евра за изградба на ветерни електрани во Македонија


Паркот на ветерни електрани треба да се гради во месноста Вирови кај Куманово и треба да има моќност од дури 400 мегавати. „Впд“ поднесла барање до владата за одобрување на статус на стратешки проект   Германската фирма „Впд“ (Wpd) планира да изгради парк со ветерници со моќност од дури 400 мегавати во Македонија што би […]

Холандија ќе рече „да“ за преговори со Македонија и Албанија


Комитетот за надворешна политика на холандскиот парламент денес расправаше за започнувањето на преговорите со Македонија и Албанија и, со ограда дека не се знае дали ќе биде тргната блокадата од Бугарија за нашата држава, даде генерална поддршка за двете земји. Одлуката сепак треба да биде потврдена на пленарна расправа што ќе се одржи пред 22 […]

ЕУ ќе ги олесни ограничувањата за патувања од САД и седум други земји, меѓу кои и за Северна Македонија


Европската унија треба постепено да ги олесни корона ограничувањата за влез за патниците од САД и седум други земји по договорот од средата меѓу 27-те земји-членки, јави ДПА. Патниците од САД, Албанија, Хонг Конг, Либан, Макао, Македонија, Србија и Тајван треба полесно да влегуваат во Унијата, изјави португалското претседателство со ЕУ за германската агенција. Меѓутоа, […]

Сите погледи се насочени кон ФЕД


Веќе подолго време, финансиските пазари не го чекале со толкаво нетрпение состанокот на Федералните резерви како овој пат. Клучното прашање е како ФЕД ќе ги процени инфлациските закани и дали ќе продолжи да биде рамнодушен кон зголемувањето на цените. Се разбира, никој не очекува Федералните резерви на САД да ја прекинат својата политика за нулта […]

Се асфалтира булеварот „Никола Карев“ во Скопје


Екипите на Град Скопје почнаа со асфалтирање на булеварот Никола Карев, кој се проширува и реконструира на потегот од крстосницата кај касарната „Илинден“ до Момин поток. Деновиве се поставува носечкиот слој асфалт на проширениот дел од овој нов булевар, а асфалтирањето ќе продолжи и во наредниот период.  На терен се работи на траса долга околу […]

Кока-Кола одговори на гестот на Роналдо: Секој има свои желби за пијалак


Компанијата Кока-Кола, производител на безалкохолни пијалаци, одговори на капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, кој ги оттргна шишињата со овој газиран пијалак на прес-конференција пред натпреварот со Унгарија (3:0). Во изјавата, Кока-Кола истакна дека „секој има свои желби за пиење“, додавајќи дека секој има различни „вкусови и потреби“. Ден претходно, разни медиуми ширеа информации дека поради […]

Биткоин и приказната за невидливите пари стара 500 години


БЛАЖЕ АРИЗАНОВ Зошто се популаризираат крипто валутите? Не заради нашите стравови дека иде инфлација и валутите ќе обезвреднат. Туку заради нашите потсвесни залагања да се реши проблемот со монетарниот недостаток. Овој проблем е стар и историски   После падот на Римската империја, Европа влезе во таканаречената мрачна доба (dark age). Стандардната историја од периодов ни […]

(Видео) Заев на потпишувањето договор за фотонапонска електрана ,,Осломеј”


Премиерот Зоран Заев, генералниот директор на „АД ЕСМ“, Васко Ковачевски, сопственикот на „Фортис енержи електрик“ од Турција, Атилла Учкардеш и управителот на фирмата „ОСМ Солар-Скопје“, Константин Василев Ненов ќе се обратат на потпишувањето на договорите за изградба на фотонапонска електрана по принцип на јавно-приватно партнерство во Осломеј од 100 мегавати.

Принцот Хари првата слика од новородената ќерка ја споделил со Кејт Мидлтон


Англија – Британскиот принц Хари ја споделил првата фотографија од неговата тукушто родена ќерка, на „чет-порака“, со неговата снаа – војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон, а не со брат му, принцот Вилијам, војводата од Кембриџ, пренесуваат западните медиуми. Како што пишува „Јаху ентертејнмент“, многумина се надеваат дека малата Лилибет Дијана, со кралската грациозност на нејзината прабаба […]

Народна банка: Третиот бран на Ковид 19 негативно влијаеше на економското закрепнување во првиот квартал, за вториот податоците позитивни


 Падот на БДП во првиот квартал беше очекуван во услови на трет бран на Ковид 19, а податоците за вториот квартал упатуваат на позитивни сигнали, оцени Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста […]