Кока-Кола одговори на гестот на Роналдо: Секој има свои желби за пијалак


Компанијата Кока-Кола, производител на безалкохолни пијалаци, одговори на капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, кој ги оттргна шишињата со овој газиран пијалак на прес-конференција пред натпреварот со Унгарија (3:0).

Во изјавата, Кока-Кола истакна дека „секој има свои желби за пиење“, додавајќи дека секој има различни „вкусови и потреби“.

Ден претходно, разни медиуми ширеа информации дека поради гестот на Роналдо, Кока-Кола изгубила четири милијарди долари.

Роналдо повеќепати претходно призна дека не користи Кока-Кола и Пепси, тој никогаш не ги рекламирал овие пијалаци и, како што кажа, му забранува на неговиот син да ги пие.