Спасовски: Денот на полицијата претставува симбол на пожртвуваноста, одговорноста, храброста, моралот


Денот на полицијата претставува симбол на пожртвуваноста, одговорноста, храброста, моралот – карактеристики што треба да ги развива секој поединец кој положил заклетва пред сината униформа, порачува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во честитката до полициски службеници, вработени во МВР, по повод 7 Мај – Денот на полицијата. Пожртвуваност, вели Спасовски во честитката, затоа што […]

Македонскиот полициски синдикат го честита Денот на полицијата 7 Мај


По повод Денот на македонската полиција 7 Мај, од Полицискиот синдикат упатија честитки до припадниците на безбедносните сили. „Сите ние  припадниците на Министерството за внатрешни работи, денес кога го прославуваме овој голем празник за нас треба да бидеме свесни за нашата света обврска,  да му служиме и да го штитиме сопствениот народ, сопствената држава, притоа  […]

Австрија ќе предложи „ковид пасошите“ да важат и за Западен Балкан


Австриската министерка за европски прашања Каролин Едстадлер ќе предложи „зелените сертификати, пасоши или пропусници“ да важат и за населението од Западен Балкан. Во Австрија претходно беше планирано при поминување, да се докаже негативен тест за коронавирус, дека болеста е преболена или дека е примена вакцина против вирусот. Ова значи дека при посета на пример на […]

Борел: Со сегашното темпо, светот нема да се вакцинира пред 2023 година


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел оцени дека глобалното темпо на вакцинација против Ковид-19 е „премногу бавно за ефикасно справување со глобалната пандемија“. Тој предупреди дека „со сегашното темпо, целиот свет нема да се вакцинира пред 2023 година“. Зборувајќи пред колегите на самитот Г7, тој посочи за ризикот од нови […]

Бизарен тренд: Сирово и расипано месо е новата дрога на младите


  Со пандемијата од корона вирус, луѓето, се почесто младите, почнаа нов кулинарски тренд – конзумација на расипано, сирово месо. Причината за ваквото однесување се огледува во непостоењето ноќен живот на младите поради пандемијата од Ковид-19. Сировото и расипано месо претставува јак опијат кој, како што истакнуваат повеќето млади лица, им помага да се опуштат […]

Хари и Меган со нова фотографија од Арчи за вториот роденден


САД- Тешко е да се поверува дека Арчи Харисон Мутбатн-Виндзор веќе наполни две години! Вчера синот на војводата и војвотката од Сасекс го славеше својот втор роденден. Во чест на специјалниот ден, Меган и Хари споделија нова фотографија од него на веб-страницата на нивната непрофитна организација Archewell. На фотографијата во тон сепија направена надвор, Арчи […]

(Видео) Синоќа се гледаа светлечки објекти на ноќното небо


Граѓаните на овој дел од светот, меѓу кои и Македонија, забележаа необично движење на небото за што се пишуваа разни приказни како НЛО, заговор против цивилизацијата и сл. Но, се работи за сателитското соѕвездие на компанијата „SpaceX“ на Елон Маск, а има за цел да обезбеди сателитски пристап до интернет. Сателитите се густо групирани додека […]

Цените на челикот се зголемија тројно. Сега Банката на Америка го вклучи алармот


Можно ли е да се создава меур кај хартиите од вредност поврзани со челикот? Пандемијата ја стави на колена американската индустрија за челик минатата пролет, принудувајќи ги производителите да го сопрат производството, обидувајќи се да ја преживеат економијата во блокада. Но, како што започна обновувањето, челичаните бавно го продолжија производството, и тоа создаде огромен недостиг […]

Нов парк во Општина Аеродром – „9 Мај“ во чест на Денот на Европа


 По повод одбележување на Денот на Европа – 9 Мај  денеска во Општина Аеродром ќе се одржи проактивен настан „100 дена европски Аеродром“ во новиот парк покрај булеварот „Трета македонска бригада“, кој ќе го добие името „9 Мај“. Како што соопштија од општината, по овој повод ќе се организираат изложбен натпревар на кој ќе учествуваат […]

САД: Девојче од 6-то одделение, во училиште застрела три лица


Ученичка од шесто одделение отвори оган во своето училиште во Ајдахо, на северозападот на САД и повреди три лица. Таа беше разоружана од страна на една наставничка. Повредени се две деца и чувар во училиштето во градот Рагби. Девојчето носело огнено оружје во ранецот. Точната возраст на детето не е соопштена, но во САД, шестоодделенците […]

Нова инвестиција на „ЛЕАР“ и „Нормак Инвестмент Груп“ во ТИРЗ Тетово


Американската компанијата „ЛЕАР“ и „Нормак Инвестмент Груп“ денеска во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово ќе постават камен-темелник на новата заедничка инвестиција. Станува збор за нов втор инвестициски циклус кој изнесува 15 милиони евра. На настанот ќе се обратат премиерот Зоран Заев, министерот за економија Крешник Бектеши, директорот на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, […]

Пивара Скопје и Скопско партнери на македонската фудбалска репрезентација


Пивара Скопје ќе биде еден од спонзорите на македонската фудбалска репрезентација на претстојното Европско првенство. Новото партнерство на Пивара Скопје и Скопско со Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ), со кое се обезбедува поддршка на македонската фудбалска репрезентација за нејзиниот настап на Европското првенство 2020 ќе биде објавено денеска. На настанот се предвидени обраќања на претседателот […]

Анализа за ефектот од Ковид-19 врз работниците од неформалната економија и привремено вработените


Анализа за ефектот од Ковид-19 врз работниците кои се дел од неформалната економија и привремено вработените работници, преку предлог мерки за нивна поддршка, ќе биде презентирана денеска на тркалезната маса „Дали неформалните работници останаа без економска вакцина во услови на Ковид-19?“, во организација на Аналитика тинк тенк. Анализата е изработена во рамки на проектот „Одговор […]

МВР го одбележува 7 Мај – Денот на македонската полиција


Во организација на Министерството за внатрешни работи денеска во Полицискиот центар „Ѓорче Петров “ ќе се одржи  централната прослава по повод одбележувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција. Како што соопшти МВР, на свеченоста по повод празникот ќе говорат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. […]

Денеска средба Пендаровски – Мицкоски, една од темите и случајот „27 април“


Претседателот Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во 15 часот ќе имаат средба во Вила Водно, на која, според најавите од партијата, ќе се разговара за осудените во случајот „27 април“ и за актуелната политичко-економска состојба. Средбата била закажана по телефонскиот разговор што го имале Пендаровски и Мицкоски, на барање на лидерот […]

Димитров во посета на Талин


Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска ќе престојува во работна посета на Естонија. Како што соопшти СЕП, предвидени се средби со министерката за надворешни работи Ева-Марија Лииметс, со претставници на естонскиот парламент (Riigikogu) – Марко Микелсон, претседател на Комитетот за надворешни работи и Сиим Каалас, претседател на Комитетот за европски прашања, како и со […]

Вархеи: Можно е раздвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ


Иако процесите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ досега течеа  заедно, Брисел би можел да ги раздвои и да ги почне пристапните преговори со Тирана, доколку продолжи бугарската блокадата на Скопје и не се најде заеднички прифатливо решение со Софија, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеи. Тој за Еуроњуз […]

Сончево и топло со мала облачност


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер […]

(Видео) Крвава пресметка во Рио: Убиени најмалку 25 луѓе, меѓу кои и полицаец


  Според информациите на локалните медиуми во крвава пресметка во Рио де Женеиро во Бразил, убиени се најмалку 25 луѓе, меѓи кои и полицаец. До пресметката дошло во текот на полициски акција на подрачјето на фавелата Жакарезињо. Полицијата покренала акција откако примила информација дека трговци со дрога врбуваат деца за својата банда, пишува Би-би-си. Во […]

Србија ќе почне да ја гради брзата пруга кон Северна Македонија идната пролет


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изрази верување дека изградбата на пругата Белград – Ниш – Табановце, со поддршка на ЕУ, може да започне на пролет следната година, јави Танјуг. Вучиќ повтори дека, благодарение на поддршката на ЕУ, Србија ќе заштеди од 700 до 800 милиони евра, што е одлична работа. За потсетување, на крајот […]