(Видео) Пожар во облакодер во Лондон, ангажирани повеќе од сто пожарникари


 Повеќе од 100 пожарникари се обидуваат да го локализираат пожарот што избувна на десеттиот кат на облакодер во источниот дел на Лондон, пренесуваат локалните медиуми. Лондонските пожарникари на местото на настанот пристигнаа со 20 противпожарни возила. Засега нема информации за повредени.  Grenfell-clad New Providence Wharf on fire @ballymore @BorisJohnson @RobertJenrick what are you doing to […]

Шекеринска: Ги делиме евроатлантските вредности, се адаптираме на промените, ја штитиме колективната безбедност


Во рамките на работната посета на Италија, министерката Радмила Шекеринска го посети Одбранбениот колеџ на НАТО во Рим, каде пред слушателите на напредниот курс, говореше на тема „Искуствата од првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО“. -Северна Македонија и сојузниците во Алијансата споделуваат исти, заеднички вредности и принципи – демократија, човекови права, владеење […]

Бизнисмен раскажа како на Борисов за роденден му се подарувале златни прачки


Според Светослав Илчовски позната старлета била испратена кај Борисов за неговиот роденден и таа ги снимила скандалозните фотографии со снопови евра и златни прачки   Мега-скандал избувна за време на состанокот на привремениот парламентарен одбор на Бугарија во средата (5 мај). Еден од најголемите земјишни барони во Бугарија, Светослав Илчовски, даде откритија за притисокот од […]

Повеќе здравствени домови ќе станат енергетски ефикасни


Здравствениот дом во Валандово, Кратово, Крива Паланка, Неготино, Пробиштип, Радовиш, Ресен и Свети Николе, како и поликлиниката „Идадија“ и Институтот за физикална медицина во Скопје ќе станат енергерски ефикасни откако Светска банка обезбеди 46,5 милиони евра за два проекта значајни за економскиот развој на земјата. Станува збор за проекти за енергетска ефикасност во јавниот сектор […]

Паолучи: Недостатоците почнуваат рано во основното образование, а опстојуваат понатаму


Иако пристапот  до образованието е подобрен, квалитетот на образованието и натаму е предизвик како што е потврдено од резултатите на учениците во Македонија на меѓународните тестирања, дека недостатоците почнуваат рано во основното образование, а опстојуваат понатаму, истакна директорот на Светска банка (СБ) во државава Максимилијано Паолучи на денешната презентација на проектот за унапредување на основното […]

Уостителските објекти, сепак, во неделите ќе работат цел ден, а не само една смена


Не е точно дека угостителските објекти во неделите ќе работат само една смена, изјави денес министерот за економија Крешник Бектеши, појаснувајќи ги новите построги законски правила кои се предложени за работењето во неделите. Работењето на угостителските објекти, како што појасни Бектеши, е регулирано со Законот за угостителска дејност. „Значи, угостителските објекти ќе работат согласно постоечките […]

Изречена казна затвор за уште еден обвинет, кој призна вина во случајот „Двојник“


 Основниот кривичен суд во Скопје изрече казна затвор од една година и седум месеци на уште еден од вработените во МВР за издавање на пасоши во случајот „Двојник“, кој призна вина на денешното рочиште. Обвинетиот Шемседин Јашари е петтиот вработен во МВР кој призна вина за делото, откака на минатото рочиште вина признаа четворица негови […]

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен ден за сите граѓани


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците , 13 Мај 2021 година (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика, воедно, на граѓаните од муслиманска вероисповед во Република Северна Македонија, им го честита […]

САД: Не сме за размена на територии на Западен Балкан


Американскиот амбасадор во Приштина Филип Коснет изјави дека ниту САД ниту нивните европски партнери немаат интерес да промовираат каква било размена на територии на Западен Балкан. – Не знам кој ги пишува овие неофицијални документи, но кој и да ги пишува, секако е задоволен од прекумерната реакција, изјави Коснет за РТК2, коментирајќи го објавувањето на […]

Совет на амбасадори: Загрижени сме од најавите на Вархеи за можно одвојување на Албанија и Македонија во преговорите


 Здруженито за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ денеска  преку соопштение информира дека со посебна загриженост и вчудовиденост ја примиле најавата на комесарот за проширување Оливер Вархеи за време на неговата турнеја по земјите на Западен Балкан дека е можно Северна Македонија и Албанија да бидат поделени во нивниот пат до полно членство во […]

Со 46,5 милиони долари од Светска банка ќе се реализираат проекти за енергетска ефикасност и за унапредување на образованието


Со 46,5 милиони евра обезбедени од Светска банка ќе бидат реализирани два проекта значајни за економскиот развој на земјата. Станува збор за проекти за енергетска ефикасност во јавниот сектор и за унапредување на основното образование кои се дел од четиригодишната рамка за партнерство со Светска банка, вреден 420 милиони долари. Договорите за двата проекта се […]

Кавани прв двоен стрелец на двете полуфиналиња во евро-куповите во последните 35 години


Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Единсон Кавани постигна два гола синоќа во полуфиналниот натпревар од Лигата на Европа со Рома (2:3). Во првиот натпревар (6:2) 34-годишниот Уругваец исто така двапати го погоди голот на римјаните. Кавани стана првиот фудбалер во последните 35 години кој постигнал два гола во секое од двете полуфиналиња на едно европско натпреварување. […]

Потрошени парите за субвениции за велосипеди


Поради големата заинтересираност на граѓаните за субвенциите за купување нови велосипеди и исполнување на предвидените средства, Градот Скопје известува дека овој јавен повик е затворен. Јавниот повик беше објавен на 19 април 2021 година и аплицирањето се одвиваше онлајн, на линк објавен од Град Скопје. Од објавувањето на јавниот повик досега аплицирале 3.057 граѓани и […]

Зошто зборовите не смеат да се бришат


РУМЕНА БУЖАРОВСКА Одлуката да се бришат или изоставуваат постоечки зборови во македонскиот јазик од Толковниот речник е скандалозна и пуританска, и на крајот на краиштата, претставува ужасно опасен вид цензура   Пред некој ден, на Денот на македонскиот јазик, свечено беше пуштена во употреба електронската верзија на Толковниот речник на македонскиот јазик изработен од Институтот […]

Приведена кичевчанка поради пронајдена дрога


Полициски службеници од Полициската станица Кичево синоќа ја лишиле од слобода Љ.М.(26) од Кичево. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Како што соопштија од МВР, при вршење на претресот, Љ.М. физички нападнала полициски службеник. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против […]

Со пари на Светска банка ќе се подобруваат условите во образованието


Со повеќе од 20 милиони евра, пари на Светска банка, ќе се подобруваат условите во основното образование, најади денеска министерот за економија Фатмир Бесими. Како што појасни, парите ќе се распределат во неколку компоненти, односно, 15,1 милиони евра за подобрување на условите во училиштата, 1,9 за реформа на следење на учењето, 2,9 зајакнување на капацитетите […]

(Во живо) Бесими, Царовска, Филипче и директорот на Светска банка во Македонија


Прес-конференција на МФ Бесими, директорот на Светска банка во РСМ Паолучи, МЕ Бектеши, МОН Царовска и МЗ Венко Филипче… Се промовираат два проекти за енергетска ефикасност во јавниот сектор и унапредување на основното образование.

Продолжува судењето за случајот „Двојник“


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за петмина од обвинетите за случајот „Двојник“, за нелегално издавање пасоши на странски државјани. На првото рочиште за случајот, од првично обвинетите 11 лица, петмина признаа вина, а постапката беше раздвоена за обвинетата Наздрие Зековиќ, која од здравствени причини не беше присутна, а која […]

МЗ: Вчера вакцинирани 12.606 луѓе


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а во моментов пријавени преку веб платформата vakcinacija.mk се над 256.346 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 84.312 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.135 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.606 граѓани. Во […]

Национална еко акција „Генералка викенд“ за позелена татковина


Еко акција за позелена татковина ќе се одржи од денеска до 9 мај, во вкупно десет општини во државата, Крушево, Охрид, Дебар, Демир Капија, Куманово, Гевгелија, Крива Паланка, Струмица, Штип и Велес, а со поддршка од компанијата Пакомак, Министерството за животна средина и просторно планирање и од Министерството за земјоделие и шумарство. Оваа акција насловена […]