Марковски уште три години на клупата на Металург, останува и Хорват


Седумкратниот македонски ракометен шампион Металург договори денеска продолжување на соработката со својот тренер Иван Марковски за уште три години, а во тимот, како што е соопштено, останува и хрватскиот репрезентативец Златко Хорват. -Мојата поддршка во следните три години, како предводник на стручниот штаб, ја добива Иван Марковски, заради енергијата, посветеноста, умешноста да се биде најхрабар кога е […]

Фармацевтските компании го критикуваат Бајден


Фармацевтските компании соопштија дека поддршката на американскиот претседател Џо Бајден за укинување на патентот за вакцини против Ковид-19 може да го наруши кревкиот синџир на снабдување и оти наместо тоа богатите земји треба да бидат подарежливи и да ги поделат вакцините со земјите во развој. Бајден вчера поддржа укинување на патенти за вакцините што предизвика […]

Министерство за култура: Договорот за учество во финансирањето на Офф фест е навремено доставен


Договорот за учество во финансирањето на Офф фест е навремено доставен до организаторот – Скопје џез-фестивал. И покрај тоа, апликантот не само што не го потпиша договорот, туку поднесе и забелешки, информира Министерството за култура. -Апликантот во неколку наврати е информиран за текот на постапката како и за тоа дека непотпишан договор не произведува правно […]

Германија ја дозволи вакцината на Астра Зенека за сите возрасти


Германија– Германија ќе дозволи вакцината на Астра Зенека против Ковид-19 да се дава на луѓе од сите возрасти, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан. Со ова се поништи претходната одлука со која вакцината на Астра Зенека беше дозволена само на постари од 60 години. Шпан исто така рече дека Германија планира до крајот на август да им ја понуди вакцина […]

Филологот Ниами за Толковниот речник: Ќе ги палиме ли научниците на клада?


Отстранување на одредници од сериозен научен и лексикографски труд, каков што е Толковниот речник на македонскиот јазик, само затоа што одредени зборови не се општоприфатливи, е чин на цензура која е забранета со Устав, реагира Емил Ниами – доктор на филолошки науки, на информацијата дека ќе се отстрануваат „навредливите“ зборови од дигиталниот речник промовиран вчера […]

Македонските ракометари против Данска, Словенија и Црна Гора на ЕП


Унгарија – Актуелниот светски првак Данска и репрезентациите на Словенија и на Црна Гора ќе бидат противници на македонските ракометари во групната фаза на Европското првенство што во јануари идната година ќе се одржи во Унгарија и Словачка. Жрепката попладнево во Будимпешта одлучи македонските ракометари да бидат дел од групата А во која натпреварите ќе се играат во унгарскиот град Дебрецин. Двете […]

Путин е за укинување на патентите за вакцини


Русија– Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е за укинување на патентите за вакцината против Ковид-19, по предлогот на САД, за да се забрза производството и дистрибуцијата на вакцините низ целиот свет. – Се разбира, Русија ќе го поддржи ваквиот пристап, рече Путин на состанок посветен на пандемијата и побара од руската Влада да работи на тоа прашање. – Во […]

Истражување на PwC: Како гледаат на иднината извршните директори кај нас, а како во светот


Зачудувачки е што поголемиот дел од компаниите во Северна Македонија не ги разгледуваат одржливоста и иницијативите за заштита на животната средина како дел од нивните долгорочни инвестициски заложби   Речиси две третини (64 отсто) од извршните директори во Централна Источна Европа (ЦИЕ) веруваат дека глобалниот економски раст ќе продолжи во 2021, покажува Годишното истражување помеѓу […]

Модерна од вакцината очекува приход од 19,2 милијарди долари


САД – Американската фармацевтска компанија Модерна денеска соопшти дека годинава очекува 19,2 милијарди долари приход од вакцината против коронавирусот. Компанијата првото тромесечје го заврши со добивка, за првпат откако е основана. Во првото тромесечје, вакцината на Модерна и донела приход од 1,7 милијарди долари. Вкупниот приход изнесувал 1,9 милијарди долари, во споредба со осум милиони долари во истиот […]

Челзи и Сити ќе добијат по 4.000 влезници за финалето во Истанбул


Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска изрази надеж дека ќе може да им подели на Челзи и Манчестер сити по најмалку 4.000 влезници за нивните навивачи за финалето во Лигата на шампиони. Потврдувајќи дека Истанбул останува домаќин на завршниот натпревар закажан за крајот на овој месец, УЕФА наведе дека ќе продолжи тесно да соработува со Фудбалската […]

Совет на Општина Центар донесе заклучок за постапување според член 23 од Законот за урбанистичко планирање


Заклучокот за постапување според член 23 од Законот за урбанистичко планирање беше одобрен на денешната 64-та седница на Советот на Општина Центар. Со донесувањето на оваа одлука, претходно донесените заклучоци за постапување по истиот член, донесени на седниците во декември 2020 година, престануваат да важат. – Дојдовме до заклучок дека минатиот заклучок, односно измената, оваа […]

Офф фест одложен за ноември


Годинашното јубилејно 20-то издание на Офф фест нема да се одржи во планираните термини од 2 до 6 јуни годинава. Како што соопштуваат организаторите во соопштение, единствена причина за одложувањето на веќе подготвената фестивалска програма е доцнењето на договорот и придружната документација, (а со тоа и благовремената исплата на неопходниот аванс) од Министерството за култура. […]

Членките на ЕУ одобрија примена на нова методологија за проширување за Србија и Црна Гора


Белгија – Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји соопшти дека земјите-членки на Европската унија дадоа зелено светло за примена на ревидираната методологија за проширување за Србија и Црна Гора, откако двете земји ја прифатија. – Целта е процесот да се направи поверодостоен, предвидлив, подинамичен, со посилно политичко управување, напиша Вархеји на Твитер. Комитетот на постојани претставници – Корепер 2 денеска […]

Струмичанка се обидела да замине во Базел, иако имала решение за самоизолација


СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.Р.(27) од с.Мокрино, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 16.04.2021, пријавената се обидела да патува на релација Скопје – Базел, иако била задолжена да остане во својот дом и да го почитува решението од Државен санитарен […]

Основачите на „Бионтек“: Пандемијата ќе трае до средината на 2022 година


Пронаоѓачите на вакцината одобрена од Западот велат дека наглиот пораст на инфекции со Ковид-19 во земјите во развој, како Индија, заради релативната слаба достапност до вакцини, значи дека пандемијата ќе се шири до средината на 2022 година. „Властите поради итноста на ситуацијата треба да разгледаат мерки како што се мешање и поддржување на вакцини од […]

„Волшебниот Моцарт“ за старт на серијалот „Мајски концерти“ на Националната опера и балет 


Националната опера и балет традиционално во мај го организира меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Поради пандемијата на коронавирусот, оваа година фестивалот нема да се одржи, но во негово одбележување, Националната опера и балет ќе одржи серијал на концерти насловени „Мајски концерти“. -Настаните ќе се емитуваат онлајн на ЈуТјуб каналот на Националната опера и балет, а […]

Нови 324 случаи на Ковид-19, 26 починати, оздравени 1 178 пациенти


Во последните 24 часа се направени 2.660 тестирања, а регистрирани се 324 нови случаи на КОВИД-19, пријавени се 26 починати лица, а оздравеле 1 178 пациенти, соопшти Министерството за здравство. Во главниот град има најмногу новозаболени – 110, по што следат Куманово – 44, Охрид – 18, Струмица – 17, Прилеп и Тетово– 13, Штип […]

Петрески: Помошта преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите во голема мера неефективна


Доделената државна помош преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите во голема мера била неефективна. Односно кај мерени 12 исходи постои позитивен резултат само кај вработеноста. Спротивно на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, помошта што се доделува преку Планот за економски раст, преку ФИТР е главно ефективна. Тоа го истакна професор Марјан Петрески од […]

Макрон: Вакцината треба да ја направиме светско јавно добро


Францускиот претседател Емануел Макрон го поддржа одрекувањето од интелектуална сопственост над вакцините против Ковид-19 откако идејата ја изнесе неговиот американски колега Џо Бајден. „Се разбира, треба да ја направиме оваа вакцина светско јавно добро“, изјави Макрон на отворањето на првиот голем „вакцинодром“ во Париз. Сепак, тој истакна дека сега се „краткорочно“ важни „донациите“ и „производството […]

И Заев остава простор за ново судење за 27 април – ако има нови докази


Премиерот Зоран Заев во врска со изјавата на претседателот Стево Пендаровски за осудените за настаните во Парламентот на 27 април 2017 година, рече дека не станува збор за ново помилување, туку дека секој има право да побара ново судење, доколку има нови докази и аргументи. – Во контакт сум со претседателот и тој кажува отворено, […]