Министерство за култура: Договорот за учество во финансирањето на Офф фест е навремено доставен


Договорот за учество во финансирањето на Офф фест е навремено доставен до организаторот – Скопје џез-фестивал. И покрај тоа, апликантот не само што не го потпиша договорот, туку поднесе и забелешки, информира Министерството за култура.

-Апликантот во неколку наврати е информиран за текот на постапката како и за тоа дека непотпишан договор не произведува правно дејство. Оттаму, нејасно е неговото прозивање на Министерството за култура, велат од Министерството во реакција за одложувањето на Офф фест од јуни за ноември.

Посочуваат дека имаат има разбирање за сите потешкотии со кои се соочуваат корисниците при реализацијата на нивните проекти во вонредни услови на светска пандемија, вклучително и за потребата за поместување на термините за одржување на настаните.

-Впрочем, како што се случи и минатата година со Офф фест, така и годинава постои можност на секој корисник да му се дозволи промена на терминот за реализација на проектот, потенцираат од Министерството за култура.