Низ личен пример воспоставете ја родовата еднаквост, им порача Шахпаска на жените менаџерки


Да се биде жена лидер е навистина предизвик, потребна е желба и двојно поголем напор од мажите за да се постигне целта. На пречките и на проблемите треба да им се погледне во очи и кога сите ве убедуваат дека е тешко, треба да се биде упорен и да се продолжи понатаму. И токму тоа […]

Фејсбук нема повеќе да ги отстранува објавите дека короната е створена во лабораторија


  Фејсбук повеќе нема да ги забранува објавите на теории кои тврдат дека Ковид-19 е вештачки створен, во момент кога САД повторно расправаат за хипотезата според која корона вируспт побегнал од лабораторија во Кина. „Во светло на истрагите кои се водат за потеклото на Ковид-19 и во договорот со здравствените стручњаци, повеќе нема да ги […]

Ниту еден земјоделец нема да изгуби земјоделско земјиште што го користи од државата, вели Заев


Со новиот закон за продажба на земјоделско земјиште дефинитивно го штитиме земјоделското земјиште од секаков вид на недоречености или злоупотреби при управување на администрацијата со менаџментот на земјоделското земјиште. Ниту еден земјоделец нема да изгуби земјоделско земјиште што го користи од државата, рече денеска претседателот на Владата Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање од Лидија […]

Нуредини: Тој што загадува, треба да плати


– Измените на Законот за прекршоци се блокирани со околу 2 000 амандмани, наместо побрзо да се донесат зашто предвидуваат повисоки казни за оние што ја загадуваат животната средина, рече попладнево ресорниот министер Насер Нуредини, одговорајќи на пратеничко прашање. Нуредини е дециден дека тој што загадува, треба да плати, а пробпемот со отпадот не треба […]

Имам право на свое мислење за Рашковски, вели премиерот


Откако во интервјуто за магазинот „Фокус“ изјави дека поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски не ја злоупотребил функцијата, премиерот Зоран Заев денеска во Собранието рече има право јавно да каже свое мислење, но дека крајниот збор го има судот. „Имам право јавно да кажам и свое мислење за работа на независна инстутуција. Не мора […]

И мозаиците во Хераклеја се „кршат“ во барабанот на битолското предизборие


Анета Блажевска БИТОЛА – Мозаиците на античка Хераклеја влегоа во барабанот на битолското предизборие за претстојните локални избори. Опозицијата јавно обвини дека директорката на Битолскиот музеј го ангажирала својот син да ги открива мозаиците во Хераклеја, постапка која установата ја практикува после зимската заштита на мозаиците. Локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, постирајќи фотографии од […]

Заев разговараше со бугарскиот премиер Јанев


Политичките лидери на двете земји имаат одговорност да создадат услови за дијалог и за конструктивни разговори, заклучија денеска во телефонски разговор премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Стефан Јанев. Заев му го честита изборот на Јанев за претседател на службената Влада на Република Бугарија и му посака плодна и успешна работа. Како […]

Николовски го повика МВР да ги расчисти лагите на Мицкоски за „Рубитон“


Договорот со фирмата „Рубитон“ која ископувала јаловина, односно земја во рудникот Суводол е раскинат од страна на РЕК Битола на 7 ноември 2018 година затоа што фирмата не го вршела ископот со динамика и количини предвидени со договорот. За тоа постојат записници и други релевантни дoкументи од стручните служби на РЕК, а вчера беа објавени […]

Вучиќ: Грција ги крева односите со Косово на повисоко ниво


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата со патријархот Порфириј и епископите на Српската православна црква, изјави дека ќе бидат извршени дополнителни притисоци врз Србија по прашањето на Косово и дека Грција ќе ги крева односите со Косово на повисоко ниво, јави дописникот на МИА од Белград. -Во петокот добив официјално известување дека Грција има […]

Ребалансот на Буџетот деновиве во Собрание, Заев вели ќе има нова помош за граѓаните


Владата е подготвена секогаш за реалоцирање буџетски средства, кога се работи за помагање на граѓаните од егзистенционална природа, рече премиерот Зоран Заев, додавајќи дека голем дел од овие средства се враќаат во буџетот. Заев одговараше на пратеничко прашање на Зоран Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ, кој побара одговор дали има неоткупено грозје и колку вино остана во […]

Откриена причината за згрутчувањето на крвта од вакцините против Ковид-19


Германски научници објавија дека веројатно ја пронапле причината за ретките, но сериозни згрутчувања на крвта од вакцините на „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“. Научниците во студијата, која уште не е прегледана од експерти, велат дека вакцините против Ковид-19 кои користат аденовирусни вектори испраќаат т.н. шилести протеини во клеточните јадра, каде што може погрешно да се […]

Радев: Не ни требаат ни посредници ни преведувачи, решени сме да изградиме мостови меѓу двете држави


Македонија има европска перспектива, но на тоа треба да работат двете земји со уште поголема доверба и поинтензивен дијалог. Ние, двете држави, треба заедно да ги  решиме тие нешта, не Брисел, не Париз, не Берлин, туку ние взаемно, порача во заедничка изјава со претседателот Стево Пендаровски бугарскиот претседател Румен Радев од Рим. Тој оцени дека […]

„Дејли мејл“: Бајден ќе го претстави најголемиот воен буџет по Втората светска војна


Американскиот претседател, Џо Бајден, ќе го претстави новиот огромен воен буџет, што ќе вклучува шест трилиони долари за воени трошоци за следната фискална година, сума што ќе ги донесе федералните трошоци на нивоа што не се забележени од Втората светска војна, наведува весникот „Дејли мејл“. Со овој буџет, САД ќе продолжат и натаму да имаат […]

Ковачевски: Даночниот долг на компаниите е јавно објавен, УЈП не прави исклучок


 Заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски на денешната собраниска седница истакна дека УЈП работи согласно Законот за даночна постапка и постапката ја спроведува за сите без да прави исклучок. Тој одоварае на пратеничко прашање на Зоран Јованчев во врска со неплаќање данок на фирми блиски до власта и дали поради тоа е унапредена поранешната директорка на […]

Треба да се открие како влегол мазутот во државата, вели Заев


Премиерот Зоран Заев вели дека треба да се бара како влегол неквалитетен мазут во државата и да се побара одговорност. Според него, сулфурот во мазутот не бил проблем затоа што е во рамките на параметрите (еден процент), но проблем е поголемото количество на вода кое е дојдено до четири проценти и поголемо количество пепел во […]

Мицкоски бара од ЕУ преговори во јуни, а нови договори ВМРО-ДПМНЕ нема да почитува


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Прилеп побара Европската унија Македонија „да отпочне безусловни преговори за влез во ЕУ уште во јуни, бидејќи тоа не е нешто кое што Република Македонија го бара како милостина, туку таа тоа го заслужува“.  Според него, Македонија е една од земјите која што направила најголем број отстапки и […]

Влијанието на пандемијата врз човековите права – главна тема на омбудсманите на С. Македонија, Албанија и Косово


Пандемијата и нејзиното влијание врз човековите слободи и права во  Севена Македонија, Албанија и Косово била главната тема на средбата на омбудсманите на трите држави, Насер Зибери, Еринда Баланца и Наим Ќељај. -Омбудсманите се согласија дека минатата година беше тешка, пред сè од здравствен аспект и дека владите повеќе внимание посветија на заштитата на здравјето на граѓаните, […]

Сасоли: Сега е моментот длабоко да размислиме како да ја зголемиме нашата безбедност


Фондот за закрепнување, функционирањето на ЕУ, демократиите во земјите членки, беа дел од темите за кои претседателот на Европарламентот, Давид Сасоли разговараше на средбите со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Сасоли заедно со претседателот на Европскиот совет, вечерва во Атина ќе присуствуваат на манифестацијата по […]

Лорен де Кар – првата жена на чело на Лувр


Франција– За првпат од основањето, музејот Лувр ќе го води жена – поранешната директорка на музејот Орсеј, Лорен де Кар, ќе го замени Жан-Лик Мартинез на позицијата претседател – директор на познатиот париски музеј, отворен кон крајот на 18 век. Лорен де Кар (54) беше назначена за нов претседател-директор на Лувр на 26 мај со одлука […]