Нови 13 жртви од Ковид-19, заразени уште 53


Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.691 тестирања, а регистрирани се 53 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 29, Прилеп – 7, Куманово – 4, Битола, Гостивар, Охрид и Кичево – по 2,Тетово, Кочани, Радовиш, Берово и Валандово – по 1. Регистрирани […]

Во подрум во Велес најден обесен човек


 Во Велес во подрум на семејна куќа на улица „Андон Шурков“ е најден обесен 87 годишен старец,чие тело го нашол член на семејството. Екипа на Брза помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес која дошла на местото на настанот само констатирала смрт, информира за МИА д-р Василка Пановска Попстефанова началник на Службата за Брза помош. Од […]

Што облече првата дама на аудиенција кај папата Франциск : Црн костим како спој на традицијата со современ дизајн


Црн формален костим со долги ракави, креација на дизајнерката Лидија Георгиева, и вел со кој се покрива главата, избра првата дама, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска на официјалната посета на Ватикан, по повод чествувањето на денот на Свети Кирил и Методиј во Рим. – Со внимателен пристап за почитување на строгите протоколи за дрескод на аудиенцијата […]

Радев: Нема потреба од посредници меѓу Софија и Скопје


Немаме потреба од посредници, никој од нас подобро не ја знае нашата историја. Решението на проблемите зависи од нас, од конструктивниот дијалог врз историски документи и извори на кои ќе работи заедничката комисија, изјави денеска во Рим бугарскиот претседател Румен Радев во врска со предлогот европските историчари да се вклучат во бугарско-македонската историска комисија. Радев […]

Комисијата утре ќе одлучува за укинување на носењето маски на отворено и полицискиот час


Заменик-минисерот за здравство Илир Хасани, денеска, на отворањето на реновираното одделение за хронично болни во Психијатриската болница во Бардовци, изрази надеж дека од следната недела ќе има олеснување на мерките. -Комисија за заразни болести утре ќе дискутира  за олеснување на мерките. Земјаќи ги предвид бројките, кои укажуваат на многу брзо стивнување на епидемијата, јас сум […]

Кривична пријава за загадување на Дебарско Езеро


ОВР Дебар поднесе кривична пријава заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“ и за „несовесно работење во службата“. Според пријавата, на 19.03.2021 било испуштено употребено моторно масло во градската канализациска мрежа, а оттука преку поток кај месноста „Трап венец“ во водите на Дебарското езеро.

Пендаровски му подари дрес од фудбалската репрезентација на папата Франциско


Претседателот Стево Пендаровски денеска во Ватикан имаше аудиенција кај папата Франциск. Како што објави шефот на државата на Фејсбук, потврдено е искреното пријателство и длабоките врски меѓу Светата Столица и Република Северна Македонија. „Добивме поддршка и благослов да продолжиме посветено да работиме за мир, среќа и благосостојба на сите наши граѓани. Врз темелите на бесмртното […]

Дебата: Политиката треба да креира можности и да трасира пат за бизнисот


Носителите на функции креираат можности, трасираат пат за самите стопанственици без разлика дали се млади или се веќе искусни да можат да направат исчекор. Верувам во еден пристап во кој ние никого не треба да носиме на грб за тој да се развие, туку едноставно треба да му трасираш пат и секој што има малку […]

„Џејмс Бонд“ ќе се прикажува во кината и откако Амазон го купи МГМ, велат продуцентите


САД- Филмовите за Џејмс Бонд ќе останат во кината и откако американската компанија за електронска трговија Амазон го купи филмското студио МГМ за 8,45 милијарди долари, кој ја поседува франшизата , велат продуцентите за „Варајати“.  „Ние сме посветени да продолжиме да снимаме филмови за Џејм Бонд за светската кино публика“, изјавија продуцентите Барбара Броколи и […]

Битиќи: Со електронските картички за српските туристи нема да се дестимулира домашниот туризам


Не сметам дека со електронските картични за српските туристи низ патарините ќе се дестимулира домашниот туризам. Секако тоа се предвидени трошоци, изјави заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. – Сумата која што беше одредена е дадена од Јавното претпријатие за државни патишта која стопанисува […]

Со 58 дрвја се раззеленува булеварот кај МРТВ


Со засадување на дрворед од 58 висококвалитетни садници покрај булеварот  „Гоце Делчев“  денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча, симболично ја почнаа пролетната сезона на садење за оваа година.  –  Висококвалитетни дрва го формираат новиот дрворед на булеварот  „Гоце Делчев“ каде […]

Германски компании бараат добавувачи во држави од Западен Балкан


Германските компании бараат добавувачи во земјите од Западен Балкан, а заинтересираните компании од Србија можат да аплицираат до 17 јуни годинава, јави Бета. Пријавувањето е преку веб-страницата на Германско-српската стопанска комора (https://serbien.ahk.de/sr/). Регионалниот проект Б2Б „Германска иницијатива за наоѓање добавувачи на Западен Балкан“ се спроведува седма година, а минатата година се одржаа повеќе од 300 […]

Подготвен закон за паричен надоместок на стечајни работници без 15 години стаж


Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање на Панчо Минов во врска со стечајните работници на кои им недостасуваат неколку месеци за да го исполнат условот 15 години работен стаж за да се стекнат со паричен надоместок, рече дека за тие лица веќе има подготвен закон, за кој, како што рече, верува дека Парламентот ќе […]

Бектеши со министрите за трговија од ЈИЕ: Олеснување на размената ќе ја поттикне соработката во регионот


Република Северна Македонија дефинираше среднорочна политика за поголема отпорност на економијата која се темели на повеќе платформи во периодот од 2021 до 2025 година. Политиките опфаќаат Паметен раст за закрепнување и одлржлив развој на економијата, фискална консолидација, Економски инвестициски план, Зелена агенда и Ревизија на постојните договори за слободна трговија. Повеќето платформи се базирани на […]

Врнежи од град оштетија повеќе овоштарници во пехчевскиот регион


Врнежи од град оштетија повеќе овоштарници во пехчевскиот регион. Еден од сопствениците на овоштарник во околината на Пехчево информираше дека најголема е штетата кај овошните насади во близина на месноста Чуката и Подуево. -Конкретно мојот овоштарник е меѓу пооштетените од врнежите од град кои го зафатија нашиот регион. Јас одгледувам сина слива и вишна, штети […]

Три лица по долги години во Специјален завод Демир Капија конечно ќе живеат како семејство во станбена единица со поддршка


Вена, Миде и Мусе по долги години во Специјален завод Демир Капија, конечно ќе живеат како семејство во станбена единица со поддршка. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворањето на демиркаписката станбена единица која започнува со работа заедно со уште една во Неготино. Пет лица ќе живеат во демиркаписката куќа, […]

Анкета: Повеќето Европејци сакаат пратениците да бидат заменети со вештачка интелигенција


Повеќето Европејци би сакале некои членови на парламентите во одделни земји да бидат заменети со вештачка интелигенција (ВИ). Истражувачи од Центарот за управување со промени при приватниот шпански универзитет, Универзитет ИЕ (IE University), анкетирале 2.769 лица од 11 земји низ целиот свет, прашувајќи ги како би се чувствувале за намалувањето на бројот на членови во […]

Трилатерален состанок: Потрошувачите бараат поквалитетна енергија и услуги од снабдувачите


Како се рефлектираше пандемијата Ковид – 19 врз електроенергетските системи и какви мерки презедоа регулаторите од Европа за да го заштитат потрошувачите се дел од темите на третиот трилатерален состанок организиран од Советот на европски регулатори на енергија (CЕЕR), Одборот на регулатори на Енергетската заедница (ECRB) и Здружението на медитерански регулатори на енергија (MEDREG) . […]

Вакцинирани скоро 228 илјади граѓани во државата


На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 227.963 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.278 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.104 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 267.167 дози вакцини, а ревакцинирани се 54.600 граѓани. Со последните бројки 46 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза […]

Во Јурумлери се славело со пејачка, полицијата ги прекина


Во средата во 21.50 часот, по претходна пријава, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба во координација со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во село Јурумлери, скопско, сопственост на А.Ш.(39) од истото сел. При контролата било констатирано дека внатре во објектот има 15 гости, музичар и пејачка (музика во живо), со што […]