„Мајкрософт“ соопшти за нови хакерски напади од „Нобелиум“


САД –  Хакерската група што стои зад нападот врз американската софтверска компанија SolarWinds, извршен лани, сега се насочила кон владини агенции, аналитички центри и невладини организации. Информацијата ја објави компанијата „Мајкрософт“. „Оваа недела забележавме кибер напади од страна на Нобелиум насочени кон владини агенции, аналитички центри, консултанти и невладини организации“, објави Мајкрософт во блогот https://bit.ly/2SzLGmO. Нобелиум, […]

Јапонските власти сакаат да ја продолжат вонредната состојба во Токио


Јапонија – Јапонските власти сакаат да ја продолжат вонредната состојба во Токио и други области за околу три недели – до 20 јуни. Тоа го потврди министерот за економија, бидејќи пандемијата со Ковид-19 не покажа знаци на намалување на помалку од два месеци пред отворањето на Летните олимписки игри. Вонредната состојба во главниот град и […]

Нова мини колекција на „Лудус“ за МСУ во Скопје


Од денеска, во книжарницата на Музејот на современа уметност – Скопје достапно е специјалното издание на производи на „Лудус“, македонски моден бренд за безродова еколошки одржлива мода. Колекцијата се состои од монохроматски маици со издолжени пропорции, во црна и бела боја, изработени од памук со нула отпад, според заложбите на брендот за одржливо модно производство. […]

Бред Пит повеќе ќе се гледа со децата по пет години правна битка


САД– Оскаровецот Бред Пит добил право на заедничко старателство над децата кои ги има со поранешната сопруга Анџелина Џоли. Пит успеал да добие заедничко старателство над децата по долгата правна битка. Џоли ги предала документите за развод во 2016 година и оттогаш трае битката за старателство. За овој случај бил најмен приватниот судија Џон Одеркирк кој […]

И Калифорнија нуди награди за вакцинираните – фондот е 116,5 милиони долари


САД – Калифорнија ќе понуди награди во вкупна вредност од 116,5 милиони американски долари во готовина и подарок-картички за граѓаните кои ќе се вакцинираат до 15 јуни. Одлуката на гувернерот Гавин Њузом е насочена кон поттикнување на вакцинацијата се додека државата не се отвори целосно на 15 јуни. Десет граѓани на Калифорнија кои ќе се […]

Крвава Месечина над Скопје


Делови од светот ноќеска го видоа првото целосно помрачување на Месечината по повеќе од две години, кое се совпадна со таканаречената крвава супермесечина. Овојпат, во реткиот небесен спектакл можеа да уживаат луѓето во Хаваи, Аласка, Калифорнија, Чиле, Аргентина, Австралија, Нов Зеланд и Југоисточна Азија. Иако целото шоу траеше околу пет часа, целосното помрачување можеше да […]

УНИЦЕФ ќе купи 220 милиони дози од „Спутник V“


Русија – Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ) ќе купи 220 милиони дози од руската вакцина Спутник V, соопшти рускиот фонд за директни инвестиции, што се занимава со пласман на вакцината на пазарот, јави ДПА. Потпишан е договор што ќе овозможи да се вакцинираат 110 милиони луѓе против ковид-19, соопшти Фондот. Испораките ќе бидат извршени […]

Лондонски „Сандеј Тајмс“ со блескави оценки за новото ЦД на Симон Трпчески


„Вонсериско издание“ – оценува лондонски „Сандеј Тајмс“ образложувајќи го својот избор за албум на неделата! Во издание на престижната британска етикета „Лин Рекордс“, од денеска (28 мај) официјално излегува најновиот компакт-диск на македонскиот пијанист Симон Трпчески на кој заедно со Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава, Чешка и прославениот диригент Кристијан Мачелару од Романија, изведуваат програма […]

Бизнисмените кои се вакцинираа во Србија и втората доза ќе ја примат таму


Стопанствениците кои што втората половина на март се вакцинираа во Србија преку Стопанската комора на Македонија, втората доза од вакцината исто така ќе ја примат во оваа соседна земја, било договорено неодамна. Како што е познато, во текот на два дена (27 и 28 март годинава), повеќе од 2.000 македонски стопанственици од над 1.000 компании […]

Стартап самит „Заеднички влијаеме“


Под мотото „Заеднички влијаеме“, денеска ќе се одржи првиот национален Стартап самит на кој над 20 претставници од македонската стартап заедница, заедно со претставниците на Владата ќе ги дефинираат чекорите кои треба да ги преземе за нашата држава да се позиционира како регионален стартап хаб. Самитот се организира со цел градење посилна стартап заедница, зајакнување […]

Панел „Патот до Преспа форум за дијалог“ во организација на МНР


Панел „Патот до Преспа форум за дијалог“ во организација на Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи во Скопје како воведен настан за претстојниот Преспа Форум дијалог кој ќе се одржи на 1 и 2 јули 2021 година. Домаќин на настанот е министерот за надворешни работи  Бујар Османи, а  панелот е замислен како дискусија […]

Скопје и Софија согласни дека е потребен конструктивен дијалог и дека европската иднина на Македонија има перспектива


Европската иднина на Северна Македонија има перспектива и двете држави треба да работат со уште поголема доверба и дијалог, кој треба да се води меѓу рамноправни соговорници, без потценување, со меѓусебна почит за да се постигне напредок и прогрес, порачаа вчера од Рим македонскиот и бугарскиот претседател Стево Пендаровски и Румен Радев. Потребата од дијалог […]

Ковид-бројките стивнуваат, од идната недела можно олабавување на мерките


Комисијата за заразни болести денеска треба да ја разгледа можноста за олабавување на КОВИД-мерките и за укинување на полицискиот час, а прва тема за дискусија на состанокот ќе биде носењето маски на отворено. Одлуката на Комисијата зависи од проценката на целокупната епидемиолошка ситуација и на параметрите, но и од предвидувањата и информациите за КОВИД-соевите како […]

Променливо облачно и посвежо 


Променливо облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а попладне засилен ветер претежно од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната од 21 до 28 степени. Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи особено претпладне. Ќе дува […]

Владата даде согласност за префрлање на вишок средства за блок донации на сметката на Општина Куманово


Владата на вечерашната 73-та редовна седница, одржана видеоконференциска врска, го разгледаа Барањето за согласност за префрлање на вишок средства од сметката за блок дотации на сметката на основниот Буџет на Општина Куманово за 2021 година и даде согласност по Одлуката за одобрување префрлање на вишокот средства. Како што информира владината Прес-служба, Одлуката за одобрување префрлање […]

Претставен Интервентниот план за инвестиции 2021-2026 година


Членовите на Владата, на вечерашната 73-та редовна седница, одржана видеоконференциска врска, на иницијатива на премиерот Зоран Заев заедно со министрите на економските ресори подетално го претставија Интервентниот план за инвестиции 2021-2026 година, со цел поставување постулати за брз и ефикасен излез од здравствено-економската криза, информира владината Прес-служба. – Беше заклучено дека инвестициските проекти ќе влијаат […]

Пријателскиот фудбалски натпревар С Македонија – Словенија ќе се игра со 30 отсто присуство на публика


Во знак на поддршка на македонската фудбалска репрезентација, која првпат се пласираше на една Европското првенство, Владата на вечерашната 73-та редовна седница, одржана преку видеоконференциска врска, донесе Одлука за исклучок од постоечката забрана за одржување на спортски натпревари. Како што информира владината Прес-служба, согласно оваа Одлука, подготвителниот натпревар на нашата фудбалската репрезентација со Словенија, кој […]

Инциденти со Бугари во Загреб по острата изјава на Зоран Милановиќ за Македонија


На неколку бугарски државјани остро им било забележано дека Софија води „валкана политика против Македонија“. Полицијата ги истражува инцидентите   Острата изјава на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ против бугарската блокада на Македонија веројатно е поврзана со неколку инциденти против бугарски државјани во Загреб. Како што пишува „Јутарњи лист“ се случиле три инциденти, полицијата истражува два […]

Словенечката министерка за правда поднесе оставка по спор со премиерот Јанша


Словенечката министерка за правда, Лилјана Козловиќ, денеска поднесе оставка поради спорот со премиерот Јанез Јанша, околу двајцата обвинители кои требаше да бидат назначени во новоформираното европско Јавно обвинителство, јави ДПА. Козловиќ изјави дека поднела оставка затоа што Јанша го поништил нејзиното назначување на двајцата словенечки обвинители, кои на 1 јуни требаше да почнат со работа […]

(Видео) Хистерија во Австралија – луѓето бегаат од нов локдаун


Седум милиони жители на австралиската држава Викторија влегуваат во нов, четврт локдаун од четврток вечер откако вирусот почна повторно да се шири. Бројот на заразени преку ноќ двојно се зголеми. Главни виновници за ширење на заразата се сметаат спората вакцинација и ширењето на вирусот од хотелските карантини, пишува Ројтерс. Премиерот на Викотрија Џејмс Марлино рече […]