СЕХА: Откажан мечот Еурофарм Пелистер – ППД Загреб


Пресметката меѓу Еурофарм Пелистер и ППД Загреб официјално е откажана и натпреварот во рамки на шестото коло од групата А во регионалната СЕХА ракометна лига што еднаш веќе беше одложен е регистриран со службен резултат 5:5. Причина за ваквата одлука на комесарот за натпревари во СЕХА лигата, Марјан Начевски, како што е соопштено, е згуснатиот распоред во […]

Ристовски: Исказот на Александар Василевски – Нинџа е невистинит


 Поранешниот министер за образование Спиро Ристовски, обвинет како еден од организаторите на насилните настани во Сибранието на 27 април 2017 година при својота одбрана во суд, рече дека исказот на Александар Василевски – Нинџа, што се однесува до него е невистинит. – Станува збор за невистинит исказ од лицето Александар Василевски – Нинџа. На денот […]

Европскиот дигитален Ковид сертификат презентиран во Атина


Доказ за вакцинација, доказ за негативен ПЦР или антигенски (рапид) тест или доказ за прележана болест, заедно со основните лични податоци, содржи европскиот дигитален Ковид сертификат (EU Digital COVID Certificate) што денеска беше презентиран во Атина од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, министерот за дигитална политика Кирјакос Пијеракакис, а во присуство на претседателот на Европскиот совет […]

Над 231 илјада граѓани примиле вакцина, со две дози се имунизирани речиси 60 илјади


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, досега 427 535 граѓани  изразиле желба преку веб-платформата vakcinacija.mk. Министерството за здравство соопшти дека на вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 231.014 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 11.598 граѓани, а прва доза примиле 2.504. – Во државата […]

Април со потпросечни температури на воздухот, забележани и врнежи од снег


Потпросечни температури, врнежи од снег, со максимална измерена 29,8 степени и минимална -9,3 степени се карактеристики за април 2021 година. Од УХМР информираат дека осум до 25 денови во текот на април биле со максимална темпратура од 15 степени, а потпросечни температури се забележани во Лазарополе. Просечната месечна температура варирала од 3,8 степени во Лазарополе […]

Во недела, ден без автомобили


Во недела, на 30.05.2021 година, Градот Скопје ќе организира Ден без автомобили под мотото „Улици за луѓе“. За таа цел, улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром ќе биде затворена за автомобилски сообраќај вкупно 12 часа, во периодот од 8 до 20 часот. На потегот од булеварот „Јане Сандански“ до крстосницата со улицата „Владимир Комаров“ ќе се […]

АВМУ: Носителите на јавни функции да се воздржат од изнесување ставови со сомнеж во кредибилноста на истражувачките новинарски стории


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска преку соопштение реагира во врска со изјавите на премиерот Зоран Заев во интервјуто за неделникот „Фокус“, поврзани со првата епизода „Заговор против воздухот“ од документарниот серијал „Редакција“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Агенцијата, како што се наведува во соопштението, потенцира дека носителите на јавни функции треба да се […]

Спиро Ристовски ќе даде исказ за настаните од 27 април


По двомесечни одложувања на рочишта за „Организаторите на 27 април” денеска во Кривичниот суд Скопје, предвидено е исказ да даде обвинетиот Спиро Ристовски. Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението на денешното рочиште е обвинителката Катерина Коларовска. Последното рочиште за овој случај беше одржано на 25 март. Обвинети во овој предмет се […]

Конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS-Програмата


Централноевропска програма за размена во областа на  универзитетските студии – CEEPUS (Central European  Exchange Program for University Studies) објави Конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата. Република Северна Македонија како потписник на Договорот за промовирање на соработката во областа на високото образование во рамките на CEEPUS им овозможува на високообразовните институции да […]

Петриња не престанува да се тресе


  Сеизмографите на Сеизмолошката служба на Хрватска утрово забележаа послаб земјотрес со магнитуда од 2,4 степени според Рихтер, со епицентар на околу осум километри југозападно од Петриња. Потресот се случил во 4.37 часот. Интензитетот во епицентаорт бил од III степен по ЕМС скалата, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска. Од лани, тлото околу Петриња, Сисаск и […]

Денес големи антивладини протести во Љубљана


  Во Љубљана денеска се најавени големи антивладини протести откако повеќе организации и движења, вклучително и синдикати и опозициски партии, го потврдија своето учество. Минатиот петок, митингот беше првиот што го објави движењето кое стои зад „велосипедските“ протести, кога на владата и беше даден ултиматум да поднесе оставка или да се соочи со масовен „бунт“ се […]

Акција за стерилизирање домашни миленици за тие кои немаат сретства да го платат тоа


Повеќе здруженија за заштита на животни во Македонија покренаа иницијатива за собирање средства за кастрации и стерилизации на домашни миленици чии сопственици немаат средства да го извршат тој зафат. Акцијата ги опфаќа градовите каде што граѓаните и ветеринарните амбуланти искажале интерес да се вклучат и засега има голем интерес и од двете страни. Акцијата е […]

НУК бара во Комитетот за туризам да членуваат вистински угостители и да му се смени името


Кој, со кого и на кој начин договарал формирање Комитет за туризам, кои се тие што одлучиле да ги игнорираат реалните и вистински угостители и зошто ни е одземено договореното и ветено право рамноправно да учествуваме во формирањето на ова тело?, реагира денеска Независната угостителска комора (НУК). Во дописот испратен до медиумите НУК јавно прашува […]

ВМРО-ДПМНЕ тврди: Владата заговара кризен данок


Во Министерството за финансии се заговара воведување на кризен данок, по примерот на воениот данок во 2001 година, тврди денес опозициската ВМРО-ДПМНЕ. – Ова значи плаќање на дополнителен процент данок на буквално секоја финансиска трансакција. Тоа значи дека кога секој граѓанин ќе купува нешто или ќе плаќа сметка, ќе плаќа допонителна сума, процент од сметката […]

Лукашенко го чека голем список на санкции


Доколку режимот во Белорусија веднаш не ослободи 400 политички затвореници со санкции ќе биде погоден клучниот сектор на калиум и фосфат, а државата не ќе може да издава обврзници во Европа   Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас го предупреди белорускиот лидер Александар Лукашенко дека санкциите воведени по киднапирањето на авионот на „Рајанер“ се […]

Најстариот израелски весник објави фото од убиените палестински деца


На насловната страница на дневниот весник „Харец“, најстар во Израел, беа објавени фотографии од 67 палестински деца и тинејџери кои ги загубија своите животи во неодамнешните конфликти во Газа. „Ова е цената на војната“, се вели на насловната страница, заедно со фото од жртвите. Борците за човекови права му аплаудираа на весникот за овој гест.  […]

Без маски на отворено од 1 јуни – предлага Комисијата за заразни болести


Комисијата за заразни болести утрово на состанок донесе одлука да се достави предлог до Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) за олабавување на рестриктивните мерки, информира Министерството за здравство, посочувајќи дека таа се должи на стивнувањето на пандемијата стивнува и намалувањето на бројот на активни случаи од недела во недела. Комисијата до Штабот ќе предложи од […]

Основана нова политичка партија Движење за демократија права и слобода


Пред неколку дена во Битола е основана нова политичка партија Движење за демократија права и слобода (ДПС). На основачкото собрание одржано во Битола за претседател на ДПС е избран долгогодишниот граѓански активист Един Јакуповиќ, кој во своето кратко обраќање изјави дека ја прифаќа одговорноста да го предводи ДПС со тим кој е составен од многу […]

Масовни пребези од партијата на Берлускони во друга десничарска формација


Досега 12 парламентарци ја напуштија Форца Италија да ѝ се приклучат на партијата на градоначалникот на Венеција   Партијата на Силвио Берлускони, Форца Италија, е потресена од големите пребези кон новата политичка сила на десниот центар. Новата групација, Кораџо Италија – лансирана од независниот градоначалник на Венеција, Луиџи Бруњаро и десноцентристичкиот гувернер на Лигурија, Џовани […]

Планинарка од Хонгконг постави нов женски рекорд за најбрзо искачување на Еверест


Планинарката од Хонгконг, Цанг Јин-хунг, среде своето петто десетлетие од животот го освои Монт Еверест за помалку од 26 часа. Со тоа, таа стана најбрзата жена на светот која го сторила тоа, потврдија непалските власти. „Таа се искачи на 8.848 метри високата планина за точно 25 часа и 50 минути, во неделата. Го напушти базниот […]