ГРЕКО: С. Македонија целосно спроведе 13 од 25 препораки, најмногу за судиите, најмалку за изборите


Да се спречат ризиците од корупција во борбата против економските последици од Ковид-19,вели ГРЕКО, антикорупциското тело на Советот на Европа, во својот годишен извештај Групата на држави против корупцијата (ГРЕКО) на Советот на Европа, при претставувањето на својот дваесет и прв извештај за работата, повикува да се спречат ризиците од корупција како дел од мерките […]

Глигорова: Неточните информации и шпекулациите немаа материјален ефект врз банкарскиот систем и сите податоци укажуваат дека тој е стабилен


Неточните информации и шпекулациите за одделни банки и за банкарскиот сектор во целина, коишто во изминатите недели се појавија во јавноста, немаа материјални ефекти врз банкарскиот систем. Ова е видливо и преку податоците за депозитната база коишто покажуваат постојан позитивен тренд. Ова го истакна генералната директорка на Секторот за супервизија на Народната банка, Викторија Глигорова, […]

МГ „Фешн“ нуди да изгради плоштад и фонтана на паркингот спроти „Холидеј ин“


За да се најде заедничко решение за просторот спроти хотелот „Холидеј ин“ во Скопје инвеститорот МГ „Фешн“ нуди да инвестира во изградба на плоштад од 7.322 квадратни метри кој се наоѓа во градежната парцела 1.4. Според важешкиот ДУП на оваа градежна парцела ссе предвидува фонтана со спомен обележје. Инвеститорот нуди решение за парцелата е уредување […]

„Блиц“ го објави нон-пејперот на Јанша: Голема Србија и поголема Албанија


Српски „Блиц“ објави детали за словенечкиот нон-пејпер што го крена на нозе целиот Балкан, а во кој се зборува за идеите за распарчување на Босна и Херцеговина, за пристапувањето на Република Српска на Србија и за обединувањето на Косово со Албанија, т.е. создавање на „Голема Србија“ и „Голема Албанија“. Во документот не се споменува припојување […]

„Џонсон Мети“ и годинава традиционален партнер на европскиот БЕСТ инженерски натпревар


Британската компанија „Џонсон Мети“ која има своја фабрика во ТИРЗ Скопје – 1 и годинава, третпат, е партнер – компанија на европскиот БЕСТ инженерски студентски натпревар во категоријата Тимски дизајн. Фокусот на партнерството лежи во изнаоѓање инвентивно инженерско решение за реален проблем, притоа ангажирање студенти и нивно соочување со практични предизвици. Целта, како што велат […]

Денеска нешто повеќе од 800 новозаразени, заразата стивнува


Министерот за здравство Венко Филипче вели дека третиот бран на заразата стивнува со оглед на тоа што вчера имавме околу 950, а денеска нешто над 800 новозаразени со Ковид-19. Вакцинацијата засега оди добро, а сега се вакцинираат постарите граѓани. – Во два часот денеска ќе се сретнеме со претставници на здравствените домови во шест града, […]

КСС денеска на протест пред Собранието и Владата


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска од 16 часот ќе одржи протест со автомобили со кој ќе го искаже незадоволството од немањето социјален дијалог,  непочитувањето на работничките права и последното зголемување на минималната плата. Протестот ќе почне од кај хотелот „Вип“ спроти Македонската телевизија,а ќе продолжи преку булеварот „Кочо Рацин“, до Собранието каде е предвидено […]

Италијанска туристичка агенција нуди вакцина-туризам за Србија


Туристичка агенција од Болоња нуди пакет аранжман за сите Италијанци кои сакаат да се вакцинираат против Ковид-19 во Србија, пишува весникот „Кориере дела Сера“. Сопственикот на агенцијата Умберто Салвадори сам го тестирал системот, ја одбрал вакцината и откако бил вакциниран во Белград, неговата агенција понуди пакет од четири дена. Единствениот услов за патување е лицето […]

Полицискиот час го прекршиле 15 лица, 480 санкции за неносење маска


 Полицискиот час од 20.00 часот (14.04.2021) до 05.00 часот (15.04.2021) не го почитувале 15 лица, а во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 480 прекршоци. Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите […]

Германија со најголемо дневно зголемување на случаи со корона вирус од јануари


 Германија, со потврдени 29.426 новозаразени за еден ден, е со најголем број случаи на корона вирус од јануари. Потврдените случаи во земјата се искачија на вкупно 3,073 милиони, а бројот на починати изнесува 79.381. Податоците од институтот „Роберт Кох“ покажуваат дека бројот на заразени е зголемен на 160,1 на 100.000. Ова се случува во време […]

Оштетените штедачи на собир пред Уставниот суд, каде на дневен ред е иницијативата за член од Законот за банки


 Оштетените штедачи, физички и правни лица депоненти на Еуростандард банка денеска организираа собир пред Уставниот суд, кој на денешната седница треба да расправа за иницијативата за оценка за уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки. -Денеска сме повторно пред Уставниот суд, со надеж дека конечно ќе преовлада правдата и ќе […]

Чешка сака да ги купи вишокот вакцини „АстраЗенека“ од Данска


  По одлуката на Данска да ја сопре употребата на вакцините против Ковид-19 „АстраЗенека“, Чешка изрази желба да го преземе вишокот неупотребени вакцини. „Подготвени сме да ги купиме вакцините „АстраЗенека“ од Данска“, тврди чешкиот министер за внатрешни работи Јан Хамачек. Вакцините „АстраЗенека“ се на удар последните денови, додека расте загриженоста дека со нивна употреба може […]

Бугарскиот претседател најави за в понеделник консултации со политички партиии за состав на влада


Четириесет и петтото Национално собрание се свикува во тежок момент, тоа е израз на месечните протести и заедничката волја за промени. Тоа го нагласи претседателот на Бугарија, Румен Радев во обраќањето пред народот и Националното собрание од собраниската говорница, на првата седница на новоизбраниот 45-ти парламент. Парламентот е фрагментиран, рече Радев, додавајќи дека многу аналитичари […]

Платформа за родова еднаквост: Институционалниот молк го охрабрува сексуалното вознемирување преку интернет


 Жените-активистки за човекови права од балканскиот регион бараат од надлежните институции да постапуваат согласно нивните овластувања за темелно и неодложно да го истражат случајот со групите на платформата Телеграм (како Balkan room, Јавна Соба, Гевгелија Хаб, Српска соба, Смоква и други), да ги санкционираат сторителите и заштитат жртвите од понатамошна виктимизација. – Точно една година […]

Уставен ќе ја разгледува законитоста на член 163 од Законот за банки


 Уставниот суд денеска треба да ја одржи 9-тата седница, на чиј дневен ред како втора точка е иницијативата за оценка за уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки. Седницата претходно на двапати беше одложена на 25 март и на 7 април поради состојбата со ширењето на коронавирусот. Пред седницата на […]

Борисов поднесе оставка на Кабинетот пред новоизбраните пратеници


Бугарија– Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов поднесе оставка пред новоизбраното 45-то Национално собрание на раководениот од него Совет на министри. Такво соопштение објавија медиумите во Софија од прес-центарот на Советот на министри неколку минути по официјалниот почеток на седница на новиот парламентарен состав. Писмото на премиерот Борисов, со кое тој поднесе оставка на кабинетот, денеска беше […]

Нов гаф во ЕУ: Сега Фон дер Лајен го прекршила дипломатскиот протокол одбивајќи посета на Украина


Претседателот Зеленски лично ја поканил претседателката на ЕК, но добил негативен одговор не од неа туку од нејзиниот шеф на кабинет   По „Софагејт“, сега е Урсула фон дер Лајен на жешкото столче, соочено со прашања во врска со дипломатскиот протокол. Дипломатите велат дека претседателката на Европската комисија очигледно ја прекршила конвенцијата со тоа што […]

Приведен член на Земунски клан и избега на бугарската полиција додека чекаше екстрадиција во САД


Бугарија – Србинот Жарко Момчиловиќ, кој се смета дека е член на земунски клан, им избегал на бугарските полициски власти додека бил во домашен притвор во Бугарија, јавија софиски медиуми. Тој беше приведен во Бугарија во јануари на барање на САД – осомничен е дека бил учесник во меѓународна трговија со дрога. Момчиловиќ беше ослободен од притвор […]

Државниот долг на Црна Гора изнесува 4,33 милијарди евра


Црна Гора – Вкупниот државен долг на Црна Гора, без депозит, изнесувал во декември минатата година 4,33 милијарди евра или 103,28 отсто од бруто домашниот производ (БДП), покажуваат податоците на Министерството за финансии и социјална заштита. Вкупниот државен долг со депозити изнесувал 3,46 милијарди евра или 82,48 проценти од БДП, пишува весникот Дан. – Надворешниот долг […]