Министерски состанок на земјите членки на НАТО: Одлука за постепено повлекување од Авганистан од 1 мај


Сојузничките сили на НАТО од 1 мај ќе почнат со повлекување од Авганистан. Ова е одлуката на состанокот на министрите за одбрана и надворешни работи на НАТО на кој учествуваа министрите Бујар Османи и Радмила Шекеринска. Како што соопшти МНР, сојузниците на состанокот посочија дека очекуваат со тоа да се создадат услови за ново поглавје […]

САД ќе воведат санкции за Русија поради хакерски напади, ќе протераат и руски дипломати, тврдат американски медиуми


САД – Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден подготвува санкции против повеќе од 10 Руси како одговор на хакерски напади, вклучително и SolarWinds, пренесува Блумберг. Извори за медиумот изјавија дека администрацијата може да ги објави санкциите најрано денеска. Администрацијата планира санкции за десетина владини и разузнавачки службеници покрај 20 други лица. Најмалку 10 руски дипломати ќе […]

Канада дава постојан престој за 90.00 странски студенти и работници


Канада – Канада ќе им додели статус на постојан престој на 90.000 странски студенти и работници кои се на нејзина територија и кои, особено, помогнаа во лекувањето на болните за време на пандемијата. Тоа го објави канадскиот министер за имиграција Марко Мендичино. Програмата за доделување статус со постојан престој, која трае до 6 мај, е […]

Модерна не може да го забрза производството на вакцини во следните месеци


САД – Производството на вакцини против Ковид-19 на Модерна веројатно нема да се забрза значително во следните неколку месеци, изјави извршниот директор на американската фармацевтска компанија. Тој додаде дека производството се очекува драстично да се зголеми во 2022 година. Владата на САД побара од Модерна да го забрза производството и испораката на вакцини откако времено ги […]

Катедралата Нотр Дам ќе биде отворена во 2024 година


Франција – Катедралата Нотр Дам во Париз, која беше уништена во пожар пред две години, повторно ќе биде отворена за посетителите во 2024 година. Тоа го вети француската министерка за култура Розелин Бачело. Таа соопшти дека биле собрани 833 милиони евра преку јавна акција, што се доволно средства за реконструкција на катедралата. Министерката денеска, точно две […]

Њујоршката филхармонија прв пат по 13 месеци одржа концерт со публика: Долго сонувавме за овој момент


САД – Еса-Пека Салонен одеше на сцената за да се придружи на Њујоршката филхармонија, која не беше собрана пред публика точно 400 дена. „Во име на сите нас на сцената, добредојдовте назад“, им рече диригентот на публиката синоќа. Долго време сонувавме за овој момент“. Филхармонијата го одржа својот прв јавен перформанс по историската пауза од […]

Нобеловци бараат привремено откажување од интелектуална сопственост врз вакцините против Ковид-19


САД – Повеќе од 100 нобеловци и 60 поранешни шефови на држави и екс-премиери од целиот свет апелираа до американскиот претседател Џо Бајден да го поддржи предлогот на Јужна Африка и Индија за привремено откажување од интелектуална сопственост врз вакцините против Ковид-19. Научниците и политичарите бараат привремено замрзнување на правилата на Светската трговска организација за интелектуална […]

Бајден и Меркел бараат од Русија да го намали военото присуство на украинската граница


Германија – Американскиот претседател Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел во вчерашниот телефонски разговор се согласија да побараат од Русија да ги намали воените трупи на украинската граница, каде се зголемени тензиите. Двајцата лидери се согласија да се побара од Русија да ги намали „своите неодамнешни воени зајакнувања“ на источната граница на Украина, со цел […]

Американските регулатори ја одложија препораката за вакцината на Џонсон и Џонсон


САД– Експертската комисија во Центарот за контрола и превенција на болести во САД (ЦДЦ) донесе одлука да го одложи решението за вакцината на „Џонсон и Џонсон“, јави ДПА. По вонредниот состанок, ЦДЦ објави дека треба да соберат повеќе информации пред да издадат препорака. Федералните здравствени агенции на САД повикаа на итен прекин на употребата на вакцината […]

Димитров од Виена ја почнува турнејата во главните градови низ ЕУ


Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска ќе престојува во работна посета на Виена во чии рамки е предвидено да е има средби со Каролине Едштадлер, министерка за Европа и Устав, и со министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, посетата е дел од […]

Продолжува судењето за ,,Меѓународен сојуз”


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, за што заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица. На денешното рочиште предвидено е да сведочат двајца претставници на „Дрим билдинг”, а не некои од следните проодлженија и битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски. Судењето […]

Почнува вакцинацијата на граѓани под 75 години, бројот на новозаболени во благ пад


Благо намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19 се бележи во државава. Според надлежните, мерките даваат резултат, а нивното евентуално продолжување ќе зависи само од индикаторите. Вакцинацијата засега се одвива успешно. Денеска почнува вакцинирање и на граѓани под 75 години, пријавени преку сајтот „vakcinacija.mk“, или преку матичните лекари. Во салата „Борис Трајковски“ во Скопје вчера […]

Џафери на онлајн-конференција на претседатели на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска ќе учествува онлајн на 17. Конференција на претседатели на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива, што се одржува во Љубљана, соопшти собраниската прес-служба. Учесниците на конференцијата ќе дискутираат на тема „Кон дигитално општество – можности и ризици за помладата генерација што влегува на пазарот на трудот“. Конференцијата […]

Иднината на работните места во фокус на четвртиот Форум на добри компании


Иднината на работните места, што донесе пандемијата за бизнисот, како се одрази врз работникот и какво е нејзиното влијание во трансформацијата на работните места, се прашањата кои ќе бидат во фокусот на четвртото издание на Форумот на добри компании, што денеска и утре ќе биде одржан онлајн преку платформата „Зум“. Настанот, според организаторите, е од […]

Конференција за дигитализација на услугите во областа на образованието


Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска ќе учествува на конференцијата „Дигитализација на услугите во областа на образованието“, на која ќе бидат презентирани изработените електронски услуги на Министерството, а ќе се дискутира и за придобивките од дигиталната трансформација во јавниот сектор. Конференцијата е организирана од Центарот за управување со промени и, како што е […]

Дендиас на средби со Ердоган и Чавушоглу во Анкара


Грција– Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас денеска во Анкара ќе биде примен од претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган, а ќе се сретне и со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, јави дописничката на МИА од Атина. Средбата Чавушоглу – Дендиас беше најавена уште минатиот месец и закажана за 14 април, меѓутоа […]

Турски суд нареди ослободување на новинарот Ахмет Алтан


САД– Висок турски суд денеска нареди ослободување на познатиот новинар и писател Ахмет Алтан, чие затворање во врска со неуспешниот обид за државен удар во 2016 година редовно го критикуваат организациите за човекови права. Турскиот касационен суд ја поништи пресудата за Алтан за повеќе од 10 години затвор „поради помагање на терористичка организација“, изречена во 2019 година и нареди негово ослободување, […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На планините во северозападните делови повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје  умерено облачно со слаб до умерен северен […]

Комплетирани полуфиналните двојки во ЛШ, Реал Мадрид – Челзи, ПСЖ – Манчестер сити


Манчестер сити и Реал Мадрид ја зачуваа предноста од првите натпревари и обезбедија вечерва пласман во полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ). Фудбалерите на Манчестер сити ја елиминираа Борусија Дортмунд со две идентични победи од 2:1, а триумфот во реваншот го обезбедија со пресврт преку Ријад Марез (55 минута од пенал) и Фил Фоден (75), […]

Наредната недела дополнителни мерки за угостителите кои не работат со одлука на Владата, вели Бектеши


Веќе креираме мерки за угостителството бидејќи две недели се затворени по одлука на Владата. Наредната недела ќе биде објавена оваа мерка и ќе почне веднаш да се реализира, потенцираше вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. Тој најави дека доколку продолжи пандемијата и понатаму ќе се носат мерки за најпогодените сектори. „Неколку пати до сега најавивме дека […]