Бектеши: Законот за поддршка за плати ќе биде изгласан утре, аплицирањето до 30 април за два месеца наеднаш


Пролонгиран е рокот до 30 април за аплицирање за мерката за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март, а новина е што работодавачите ќе може да аплицираат и за двата месеци наеднаш. Штом ќе бидат изгласани Законите од пратениците и објавени во Службен весник, веднаш ќе стапат во сила со што […]

(Видео) Бајден ја завршува „најдолгата американска војна“


  Претседателот на САД, Џо Бајден официјално ја соопшти одлуката за повлекување на американските сили од Авганистан на 11 септември. Симболично, на тој датум се одбележува 20 годишнината од теорирстичките напади на Њујорк. Истакна дека со тоа ќе биде завршена „најдолгата американска војна“. Бајден, во текот на обраќањето до Американската нација од Рузвелтовата соба во […]

Битолчанката Мила Ивановска избрана да студира на Харвард


БИТОЛА – Матурантката од Битола Мила Ивановска доби финансиска помош да студира на Универзитетот Харвард  во Соединетите Американски Држави. Мила ѝ е добро позната на битолската и македонската јавност како ученик во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ која на два пати се закити со високи награди на интернационални натпревари по природни науки во Холандија и Боцвана. […]

Студија покажа која вакцина прави повеќе антитела – „Фајзер“ или „АстраЗенека“


Прво истражување на британските научници кое директно го споредуваше имуниот одговор кај вакцините на „Фајзер“ и на „АстраЗенека“ утврди слично ниво на антитела и нешто посилен одговор кога се во прашање Т келиите кај лицата кои ја примиле британската вакцина, соопштено е денеска. Британските научници соопштија дека во студијата, која ја утврдувала разликата во имуниот […]

Вучиќ ја назначи Невена Јовановиќ за нов амбасадор на Србија во Северна Македонија


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска издаде указ за назначување на Невена Јовановиќ на позицијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Србија во Република Северна Македонија, објави белградскиот бизнис портал еКапија. Јовановиќ на оваа позиција доаѓа од позицијата Заменик-помошник министер за билатерална соработка во Министерството за надворешни работи на Р.Србија. На досегашната вонредна и ополномоштена […]

Нов црн рекорд во Индија, Мумбај се подготвува за затворање


 Индија денеска достигна рекорден број на новозаразени со коронавирусот, по што градот Мумбај се подготвува за целосно затворање од вечерва на полноќ. И покрај тоа, стотици илјади аџии сè уште се собираат на верски фестивал во северниот дел на земјата. Индија пријави 184.372 случаи на зараза со коронавирусот во последните 24 часа, покажуваат податоците на Министерството […]

Белградски Торлак почна со производство на руската вакцина Спутник В


 Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) на својата веб-страница објави дека Институтот Торлак почнал со производство на руската вакцина Спутник В во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Според рускиот фонд, Србија со ова стана првата земја во јужна Европа што произведува Спутник В. -Производството на Спутник В во Србија ги исполнува најдобрите стандарди во производството […]

Ирска почна истрага против Фејсбук за објавување лични податоци


 Ирската комисија за заштита на податоци (ДПЦ) денеска соопшти дека почнала истрага против компанијата Фејсбук, откако беа објавени личните податоци на околу 533 милиони корисници на оваа социјална мрежа ширум светот. Фејсбук минатата недела преку објава на блог соопшти дека „малициозни актери“ ги добиле податоците пред септември 2019 година, користејќи ранливост во алатката за синхронизација на […]

СЗО: Епидемиолошката ситуација на Западен Балкан е многу сериозна


 Претставничката на Европската канцеларија на СЗО Кетрин Смолвуд денеска предупреди на ситуацијата со корона вирусот во Западен Балкан и ја оцени како крајно сериозна. – На Западен Балкан, имаме ситуација каде болниците треба да извршат пренамена, што значи дека другите видови медицински услуги се нарушени и одложени, а тоа повторно значи дека системот ќе биде […]

МГ Фешн: Сакаме да инвестираме во парк и фонтана со површина колку градскиот плоштад на паркингот кај Холидеј ИН


На денешната прес конференција, компанијата инвеститор на проектот „Гранд“ Скопје, „МГ Фешн“, понуди соработка на Општина Центар за инвестирање во изградба на нов, урбан јавен простор од 7.322 метри квадратни, во градежната парцела 1.4 од проектот. Одговорните архитекти на проектот нагласија дека важечкиот ДУП на оваа градежна парцела не предвидува градба на објекти, туку само […]

По два месеци блокади пакетот економски мерки ја помина комисиската рампа


  Без поголема расправа, но со задоцнување од скоро два месеци на собраниската Комисија за финансирање и буџет беше изгласан пакетот со четирите економски закони од петтиот сет на мерки за справување со ковид кризата. Законите поминаа со мали технички амандмански измени поради наведените дати на кои рокот им истекуваше. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе свои амандмани, […]

Собранието на „туркање“, денес координација за да проработат работните тела


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денес свика координативната средба на која беа присутни координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ВМРО – ДПМНЕ и претставникот на политичката партија Левица. Целта беше да се деблокира целокупната работа на Собранието,  со оглед на тоа што работата на дел од матичните работи тела е закочена повеќе од 5 […]

Почина Берни Мејдоф, организатор на една од најголемите финансиски пирамиди во светот


Организаторот на една од најголемите финансиски пирамиди во светот Бернард Медоф почина денеска во затвор на возраст од 82 години, соопштија американските медиуми. Мејдоф издржуваше казна од 150 години затвор за финансиска измама што ја вршел во текот на 40 години, со употреба на таканаречената Понциева шема. Американскиот бизнисмен во 2009 година беше осуден на […]

Логар: Не постои нон-пејпер од Јанша


Шефот на словенечката дипломатија, Анже Логар денеска ги негираше тврдењата за наводен нон-пејпер, кој, според некои медиуми во Словенија и БиХ, премиерот Јанез Јанша го доставил до Европската комисија.  Тој вели дека се работи за манипулација и обид за компромитирање на владата и претседателот. Кажа дека единствениот документ за кој можат да се однесуваат тие шпекулации е оној […]

Се истражува вмешаност на други вработени во МВР во аферата со пасошите


Основното јавно обвинителство го задолжило МВР  да  утврди кои организациски единици  требало да вршат надзор и како и кој сè од структурите во Министерството, освен обвинетите, имаат пристап до податоците кои биле злоупотребени во аферата „Двојник“. Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе обвинителен предлог против 11 лица за нелегалното издавање пасоши на странски државјани преку […]

Повторно одложена дебатата за Западен Балкан во Советот на ЕУ


Од Советот на ЕУ потврдија попладнево дека дебатата за Западниот Балкан е повторно одложена, овој пат за мај, јави дописничката на МИА од Брисел. И покрај притисоците на речиси половината земји членки на ЕУ, и заложбата на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, западниот Балкан, сепак, нема да биде на дневен ред на 19 […]

Турција го казни Гугл со 36,6 милиони долари, бил прекршен законот за државна конкуренција


Турските власти денеска го казнија Гугл со 296 милиони турски лири (36,6 милиони долари) за кршење на законот за државна конкуренција. Турската Агенција за конкуренција соопшти дека Гугл го прекршил законот со усложнување на резултатите од пребарувањето на пазарот на услуги за содржини, ставајќи текстуални реклами на врвот од своите резултати од пребарувањето, со што […]

ХЕЦ „Тиквеш“ не произведува електрична енергија, се бараат мерки за подобрување на нивото на акумулацијата


На иницијатива на АД ЕСМ денеска во Кавадарци се одржа меѓуинституционален состанок во хидроелектраната Тиквеш во врска со актуелни прашања поврзани со акумулацијата, водостојот на езерото, производството на електрична енергија, наводнувањето на Тиквешко поле во периодот кој следува, како и другите дејности кои зависат од водата во акумулацијата и нејзиното ниво. Покрај раководството на АД […]

ОЕЦД бара нов економски концепт за постпандемискиот период


Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ги повика владите да осмислат нов концепт за економијата за да ја зајакнат неговата отпорност во постпандемискиот период. -Владите не смеат да губат време, тие мора да подготват терен за економско закрепнување во посткризниот период, изјави денеска на онлајн конференција, генералниот секретар на ОЕЦД, Анхел Гурија. Мандатот на […]

ЕУ се задолжува 800 милијарди евра заради економско заздравување по пандемијата


Европската унија се подготвува да се задолжи 800 милијарди евра до 2026 година за реализација на фонд за опоравување, што е прифатен за борба против економските последици предизвикани од пандемијата на коронавирусот, пренесува Анадолија. Европскиот комесар за буџет Јоханес Хан денеска ја претстави стратегијата за финансирање на фондот за обновување „Нова генерација на ЕУ“. Овој […]