(Видео) Бајден ја завршува „најдолгата американска војна“
Претседателот на САД, Џо Бајден официјално ја соопшти одлуката за повлекување на американските сили од Авганистан на 11 септември.
Симболично, на тој датум се одбележува 20 годишнината од теорирстичките напади на Њујорк.
Истакна дека со тоа ќе биде завршена „најдолгата американска војна“.
Бајден, во текот на обраќањето до Американската нација од Рузвелтовата соба во Белата куќа, порача дека по нападите на Њујорк во 2011 година, „американските сили отишле во Авганистан за да се пресметаат со Ал Каеда
„Го испративме Осама бин Ладен до вратата на пеколот и тоа го направивме“, рече тој.
Додаде дека е време да се заврши оваа војна.
Бајден предупреди дека доколку некој ги нападне американските сили во текот на повлекувањето, дека војската ќе одговори.
Рече, споменувајќи го својот син кој служи на државата, дека војната со Авганистан никогаш не требало да стане генерациски, и дека има членови на трупите чии родители исто така, служеле во Авганистан.
„Во последните 12 години со себе на карта носев колку Американси загинаа во Авганистан. 2.488 членови на американските трупи загинале, а повредени се повеќе од 20.000″, рече Бајден.