Туристичкиот сектор бара исплата на поддршката за февруарските плати


Туристичкиот сектор бара финансиска помош за опстанок и ликвидност на компаниите, како и исплата на ветената поддршка за февруарските плати. Според секторот, и по една година падот на прометот во туристичките агенции е 90 проценти, туристичките водичи седат дома, автобусите на превозниците се паркирани, а хотелите зјаат празни. Со затворањето на границите, заострувањето на мерките […]

Зошто Хермес, познат по својата кожа, произведе веганска чанта направена од печурки?


Ткаенината добиена од габи, позната како Силванија, е наведена како „примерок на новата генерација на биотехнолошки материјали“. Прво ќе се појави на еколошката верзија на класичната патна торба Викторија, заедно со елементи од платно и телешка кожа   Франција- Хермес произведува нова вегетаријанска алтернатива за кожа, која наскоро ќе се искористи за обликување на барем […]

„Епл“ почна да плаќа данок во БиХ


Една од најголемите светски технолошки компании, „Епл“, стана првата странска компанија што плати ДДВ во Босна и Херцеговина за услугите кои граѓаните на БиХ ги купиле преку Интернет. Ратко Ковачевиќ, портпарол на управата за индиректно оданочување (ИТА) на БиХ, вели дека „Епл“ се регистрирал како ДДВ обврзник на 5 февруари 2021 година, а на 10 […]

Пратениците расправаат за заем за унапредување на основното образование


Пратениците денеска во рамки на продолжението на 29. седница расправаа за Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, по скратена постапка. Основната цел на проектот е да ги подобри условите за […]

Прилепскиот кризен штаб бара полициски час од 19 часот, ситуацијата е алармантна


Ситуацијата во Прилеп со ковид-пандемијата е алармантна и крајно загрижувачка, оцени денеска Кризниот штаб и бара заострување на мерките, полициски час од 19 часот, како и скратен и редуциран јавен превоз од утре. Од граѓаните се бара голема совесност и одговорност. Според градоначалникот Илија Јованоски, Прилеп цел месец е втор град со новозаразени, по Скопје. […]

Заев во Луксембург: „Дефинитивно сме огорчени“


Премиерот Зоран Заев во интервју за весникот „Луксембургер ворт“, од земјата која е еден од основачите на Европската унија, порача дека Македонија е целосно разочарана од ветото на Бугарија, велејќи дека „со вакво однесување ЕУ никогаш нема да постоеше, Европејците гледаа кон иднината, не кон минатото“. Во интервјуто, објавено утринава пред денешните разговори со луксембуршкиот […]

Селаковиќ-Сијарто: Србија и Унгарија не дозволија политизација на вакцинацијата


Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави во Белград дека Србија и Унгарија не дозволија да се политизира прашањето за вакцинација, јави дописникот на МИА од Белград. -Не прифативме наместо нашите експерти да одлучува некој што е далеку и кој не ги знае нашите услови, изјави Сијарто пред новинарите по состанокот со српскиот министер […]

Македонија ќе добие 100.800 вакцини на „Астра Зенека“


  Македонија ќе добие 100.800 вакцини на „Астра зенека“ од КОВАКС механизмот, информираат од Светската здравствена организација за ТВ 24. Според листата што ја испрати СЗО до ТВ 24 од земјите во регионот, најмногу вакцини преку КОВКАС механизмот ќе добие Србија – 295.200 дози, Албанија ќе добие 120.000 вакцини, а Косово ќе добие иста количина како […]

OJO бара парични казни за палење на бугарското знаме во Вевчани


Основното јавно обвинителство Струга, по спроведена претходна постапка, поднесе Предлог за издавање казнен налог за три лица за кривично дело – Повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик. – Обвинетите, на 14 јануари, за време на самоиницијативниот собир на граѓани по повод верскиот празник Св.Василиј во Вевчани, со намера за […]

На Меѓународната вселенска станица откриени непознати микроби


  Научниците од САД и Индија во соработка со НАСА на Меѓународната вселенска станица откриле четири соеви бактерии од кои три досгеа се потполно непознати за науката. Три од четири соеви изолирани се во 2015 и 2016 година. Еден е пронајден на горната плоча на МВС, друг во куполата, а третиот на површина на маса. […]

Отворен повик за илустрации за проектот „Современи бајки од Македонија“


Повикот за изработка на креативни илустрации за најновиот проект „Современи бајки од Македонија“ на Движењето за креативност Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ е отворен уште четири дена, до 20 март 2021 година. Вкупниот фонд за награди изнесува 140.000 денари или 35.000 денари поединечно за секоја од четирите сликовници. Сите заинтересирани […]

Во Хрватска 691 нов случај со Ковид-19, починаа 12


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 691 нов случај на зараза со кроона вирус, а истовремено починаа уште 12 пациенти. Активни се 4.475 случаи, објави Штабот. Од нив 858 се на болничко лекување, а 78 на репсиратор. Од февруари лани во Хрватска забележани се 251.865 заразени со Ковид-19, починаа 5.697, а оздравеа […]

Во два дена во БиХ од Ковид-19 починаа 116 луѓе


Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа тестирани се 5.422 примероци, а позитивни биле 1.606 луѓе. Сепак, бројот на смртни случаи, останува висок. По вчерашните 63 починати, денеска починаа уште 53 пациенти со Ковид-19. Во Федерацијата тестирани се 4.206 примероци, а 1.173 биле позитивни на корона вирус. Досега вкупно од Ковид-19 заболеа 95.686, излечени […]

Три златни медали и две специјални награди за вината на „Tikveš Châteaux&Domainеs“на „Мундус Вини“ во Германија


На најголемиот и најпрестижен германски вински натпревар „Мундус Вини“, вината на „Tikveš Châteaux&Domainеs“ беа наградени со три златни медали, при што едно од нив освои и голем златен медал (Grand Gold). На ова пролетно издание на „Мундус Вини“ наградени беа црвеното „Terrasse à L’Ombre“ од бербата 2018-та, кое освои голем златен медал (Grand Gold), признание […]

Нов поим во психотерапевтската терминологија – „екранизам“


Новите услови за живот го сменија секојдневието, па поради пандемијата, луѓето и сѐ повеќе време минуваат во своите домови пред екраните на паметните телефони, компјутерите и телевизорите. Сепак, ова не е добро, особено за деца на рана возраст. Како што пишува „Кликс“, последново десетлетие се појави нов поим во психотерапевтската терминологија – тн. „екранизам“, кој е […]

Глен Клоуз номинирана и за Оскар и за Златна малина


САД-  Амeриканската глумица Глен Клоуз која е во своето осмо десетлетие од животот, вчера ја доби и деветтата номинација за Оскар. Станува збор за нејзината улога во филмот „Елегија за планинците“ (Hillbilly Elegy). Според гласовите на наградите Златна малина, коишто се спротивност на Оскарите, глумицата ја доби и првата ваква своја номинација, за истата улога.   […]

Сè повеќе болни од Ковид-19 во болниците, отворен и одделот во ТОАРИЛУЦ


Вкупно 1082 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови, при што има околу 340 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 67 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно […]

Кризниот штаб разјасни што сè ќе биде затворено во Србија до понеделник


По повеќедневни апели на медиционскиот дел на Кризниот штаб за заострување на мерките поради влошената состобја со коронавурусот, која со денови изнесува во просек по 4.500 новозаболени, денес владата одлучи -од вечерва во 20 часот до понеделник Србија да се затвори. -Од вечер до понеделник сè ќе биде затворено. Нема да воведеме полициски час, нема […]

Уште 60 нови контејнери за рециклирање стакло ќе се постават низ Скопје


Градот Скопје, ГИЗ и ЈП „Комунална хигиена“ денеска потпишаа договор за нови 60 контејнери за депонирање отпад од стаклено пакување, што Град Скопје ги доби како донација во рамките на регионалниот проект „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан”. Градот Скопје е една од шесте единици на локална самоуправа опфатени со овој проект во нашата […]

Училиштето „Владо Тасевски“ до крајот на месецот затворено поради зголемен број заразени со Ковид-19


Скопското основно училиште „Владо Тасевски“ до 31-ви март ќе биде со клуч на врата, а учениците од прво до трето одделение, наместо со физичко присуство, наставата ќе ја следат онлајн. Одлуката е донесена поради зголемениот број на ковид позитивни случаи, потврдуваат за МТВ од Општина Карпош. Досега директорката и десетмина наставници пријавиле дека се заразиле […]