Франција ја издаде втората зелена обврзница од седум милијарди евра


Франција ја издаде на пазарот својата втора зелена обврзница во износ од седум милијарди евра, инструмент наменет за финансирање на еколошки проекти, четири години по првото издавање од ваков тип за слична сума, јави дописникот на МИА. Оваа нова француска „зелена обврзница“,  со важност до јуни 2044 година, предизвика многу голема побарувачка од инвеститорите бидејќи […]

Заев в недела ќе побара поддршка и доверба од членството на СДСМ за нов лидерски мандат


Зоран Заев в недела на 21 март ќе ја бара довербата и поддршката од членството на СДСМ, како кандидат за претседател, за нов мандат за лидер на партијата. Првпат во македонскиот плуразлизам, како што нагласи тој во денешното обраќање, на директни непосредни внатрепартиски избори, овој врвен чин на внатрепартиската демократија ќе го направи токму СДСМ. […]

ЕУ ќе добие 200 милиони вакцини од Фајзер/Бионтек во вториот квартал


Европската комисија очекува да добие околу 200 милиони дози вакцини од „Фајзер/Бионтек“ против Ковид-19 во вториот квартал, се вели во соопштението на Комисијата. ЕУ има за цел да вакцинира најмалку 255 милиони луѓе или 70 отсто од возрасната популација до крајот на летото, но се соочи со критики за бавното распоредување на вакцините. Покрај доцнењето […]

Ибрахимовиќ повторно повикан во шведската репрезентација


Напаѓачот на италијанскиот фудбалски прволигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ, повторно ќе игра за репрезентацијата на Шведска, откако се најде на списокот фудбалери што селекторот Јане Андерсон го објави за претстојните мундијалски квалификации. -Тој е многу добар фудбалер, најдоброто што го имаме во Шведска и ќе биде навистина интересно да го гледаме неговото враќање, изјави денеска Андерсон. Ибрахимовиќ се повлече од репрезентацијата […]

„Хуавеј“ ќе ги наплаќа своите патенти за 5Г технологија


Кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“ ги објави плановите за лиценцирање на патентираната 5Г технологија на други производители на паметни телефони. „Надоместокот за лиценца се заснова на продажната цена на телефонот и е ограничен на 2,5 долари по уред“, соопшти „Хуавеј“. „Хуавеј“ поседува најмногу патенти за 5Г технологија во светот, но се наоѓа под притисок поради трговската […]

Енергетската заедница покрена спор против БиХ, Косово, Северна Македонија и Србија поради загадувањето


Секретаријатот на Енергетската заедница почна постапка за решавање на споровите против Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија за неисполнување на нивните горни граници на националните планови за намалување на емисиите, НЕРП, за 2018 и 2019 година, соопшти белградска Н1. Во соопштението се наведува дека со испраќање на воведни писма, Секретаријатот покренал прелиминарна постапка, […]

Заев и Бесими во Луксембург ги претставија можностите за инвестирање пред менаџментот на „Интелиџент сенсинг солушн“


Премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими работната посета на Луксембург денеска ја завршија со работен состанок со менаџерскиот тим на компанијата „Интелиџент сенсинг солушн“ (Intelligent Sensing Solutions – IEE S.A). На средбата, како што соопшти владината прес-служба, со раководството на компанијата, која има висок рејтинг во сферата на иновативните технолошки решенија во […]

Пленковиќ: Хрватска го продолжува вакцинирањето со „АстраЗенека“


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска соопшти дека во земјата продолжува вакцинацијата со вакцината на „АстраЗенека“ и дека ќе се сочека и Европската агенција за лекови (ЕМА), која својот конечен став го најави за четврток. -Ставот на струката во ова конкретно прашање е дека придобивките од вакцинацијата се поголеми од какви било познати ризици во моментов, […]

Рапиден раст на инфекциите од короната во Германија


Коронавирусните инфекции растат експоненцијално растат во Германија, изјави во вторникот експерт од Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“ (РКИ), додавајќи дека ризикот од вакцината на „АстраЗенека“ против короната е релативно низок. Бројот на пријавени случаи на 100.000 жители во вторникот беше 83,7, наспроти 68 пред една недела, а РКИ соопшти дека метриката може да достигне […]

Од Ковид-19 починаа 24 пациенти, нови 999 заразени


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје при што во последните 24 часа се направени 3.627 тестирања, а регистрирани се 999 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 539, Прилеп и Битола – по 44, Куманово – 41, Охрид – 38, Кавадарци – 34, Велес – 25, Гевгелија – 23, Тетово […]

Прв говор на македонски јазик во албанскиот Парламент


Васил Стерјовски е пратеникот кој го одржа првиот говор на македонски јазик во албанскиот парламент. Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција ова го оцени како историски настан за Македонците во Албанија.   -Почитуван претседател на Собранието, почитувани пратеници. Ја имав честа во сто и првата годишнина од Собранието на Република Албанија да бидам првиот пратеник […]

МЗ: Филипче формираше комисија за надзор на стручната работа во болницата во Струга


Министерот за здравство Венко Филипче денеска донесе решение за формирање Комисија за вршење на надзор на стручната работа на Општата болница во Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката Ј.В. Комисијата, која е составена по барање на министерот, како што соопшти Министерството за здравство, има пет члена и има задача да […]

Тркалезна маса: „Конески – мостот што ги поврзува македонските и руските слависти


На иницијатива на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура в четврток, на 18 март во 12 часот на платформата Zoom ќе се одржи тркалезна маса под наслов: „Конески – мостот што ги поврзува македонските и руските слависти“. Настанот е дел од Програмата на манифестацијата […]

Вирусот во Битола зема замав во училиштата


Според податоците, 47 наставници и десеттина ученици се активни случаи или се во самоизолација   Анета Блажевска БИТОЛА – Вирусот во Битола зема замав, мутациите се аларм за дополнителна зголемена внимателност на населението, затоа што тие имаат широка распространетост и трансмисија, оценува Кризниот штаб на Битола. Од таму велат дека за разлика од претходно, кога […]

ВМРО-ДПМНЕ најави интерпелација за Венко Филипче


По вицепремиерите Никола  Димитров, Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ , сега и министерот за здравство ќе треба да се соочи со пратениците и да одговори на опозициските обвинувања за катастрофално справување со Ковид- кризата. ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог за интерпелација  во Собранието  на министерот за здравство, Венко Филипче  обвинувајќи го дека поважни […]

Сместено е семејството што настрада во пожарот во Гостивар


Во врска со денешниот случај во Гостивар, Министерството за труд и социјална политика информира дека Центарот за социјална работа – Гостивар обезбеди сместување и соодветна грижа за членовите од семејството коишто настрадаа во опожарениот стан. Од страна на стручниот тим на ЦСР Гостивар, а во соработка со Општина Гостивар обезбедено им е сместување и потребни […]

Деспотовски – Савада: Јапонија најавува поголемо економско присуство на Балканот, во ТИРЗ очекуваат нови инвестиции


Заедничка работа за поттикнување на инвестиции и развој на човечки капитал – средба на директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и јапонскиот амбасадор Хиронори Савада    Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони, Јован Деспотовски и Амбасадорот на Јапонија во С. Македонија Хиронори Савада остварија средба на која се разговараше за нови иницијативи за поттикнување […]

Зголемен бројот на заболени и починати од Ковид-19 изминатава недела


Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 8 до 14 март тестирани се вкупно 22.625 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 7,3 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 5.456 нови позитивни случаи од 34 градови во […]

Франција воведува електронска лична карта


Франција – Франција воведува електронска лична карта, што треба да претставува нов бедем против фалсификаторите. Таа е во формат на кредитна картичка и вклучува два отпечатоци од прсти и фотографија во високо безбеден чип, јави дописникот на МИА. Според експертите, тој е еден од најбезбедните документи во светот. Во формат на кредитна картичка, новата национална електронска лична карта […]