Сместено е семејството што настрада во пожарот во Гостивар


Во врска со денешниот случај во Гостивар, Министерството за труд и социјална политика информира дека Центарот за социјална работа – Гостивар обезбеди сместување и соодветна грижа за членовите од семејството коишто настрадаа во опожарениот стан.

Од страна на стручниот тим на ЦСР Гостивар, а во соработка со Општина Гостивар обезбедено им е сместување и потребни услови за живот. Истовремено им е пружена психосоцијална помош и поддршка.

Досега во ЦСР Гостивар не се пристигнати никакви пријави или информации за каков било тип на родителска негрижа, злоупотреба или несовесно однесување кон кое било од децата во семејството.

Согласно евиденцијата на ЦСР Гостивар, ова семејство не било корисник на ниту едно  право или, пак, услуга од социјалната  и детската заштита.

Стручните тимови на ЦСР Гостивар се во постојана комуникација со МВР и ОЈО  и ги преземаат сите мерки што се во нивна законска надлежност.

Министерството за труд и социјална политика побара од ЦСР Гостивар детално да го испита случајот во врска со семејството и состојбата на децата, по што ќе бидат преземени соодветни мерки во интерес на децата.