Италија истражува осум смртни случаи по вакцинација со АстраЗенека


Осум сомнителни смртни случаи се пријавени во Италија по употребата на вакцината од британско-шведската фармацевтска компанија АстраЗенека против Ковид-19. Ова го објави Николас Магрини, генерален директор на Италијанската агенција за лекови (Аифа). – Имаме осум смртни случаи и четири сериозни инциденти, од кои некои се случија многу денови по вакцинацијата. Бидејќи се вршат истражни проверки, […]

ОЈО: Тројца обвинети за користење лажни ПЦР тестови за да ја напуштат државата


Против двајца турски и еден швајцарски државјанин Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителни предлози заради кривично дело „фалсификување исправа“, согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик. – Во одвоени кривично-правни настани, обвинетите го сториле делото така што на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, прикажале лажни потврди за негативни ПЦР […]

Извлечени двојките за полуфиналето во Купот на Македонија


Во седиштето на Фудбалската федерација на Македонија попладнево беа извлечени двојките за полуфиналето во националниот куп. Двојките се: Македонија Ѓ.П. – Академија Пандев и Струга Трим Љум – Силекс. Ќе се игра само еден натпревар, без реванши. Натпреварите се закажани за 7 април со почеток во 15 часот.

Запленети милиони фалсификувани долари и евра во Софија


Министерството за внатрешни работи на Бугарија и Обвинителството на градот Софија спроведоа операција против печатење фалсификувани долари и евра во главниот град. Тоа го објави главниот обвинител Иван Гешев на својот официјален профил на Твитер. Запленети се четири милиони долари и три милиони и 600 илјади евра, отпечатени на територија на високообразовна институција. – Бугарските […]

ИФЦ со дигитална платформа ќе вмрежува компании од Западен Балкан со глобални синџири


Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) покренува Дигитална платформа за вмрежување на компании од Западен Балкан со регионални и глобални синџири на вредности. ИФЦ, инвестициона алатка на Светската банка, во соопштение нагласува дека станува збор за дел од напорите за создавање нови работни места и економското закрепнување на регионот од последиците на пандемијата. Иницијативата, спроведена од ИФЦ […]

Нокиа планира намалување на 10.000 работни места


Финската мултинационална комуникациска корпорација Нокиа денеска соопшти дека планира затворање од 5.000 до 10.000 работни места во следните две години со цел да ги намали трошоците и да ги зголеми инвестициите во истражувачки активности. Компанијата во соопштението наведува дека очекува трошоците за реструктуирање и други трошоци да изнесуваат 600 до 700 милиони евра до 2023 […]

Прв јавен повик на ФИТР за дигитализација на земјоделството, буџетот е шест милиони денари


Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави прв јавен повик за дигитализација во земјоделството. Буџетот е шест милиони денари за четири проекти, а средствата се заштедени од Програмата за рурален развој од која со години се одвојувал по еден процент. Максимумот што секој корисник ќе […]

Борисов му зборувал на Османи за преговори со разум, а не со емоции


Според Борисов, геостратегиска цен на Софија била да се најде решение за проблемите меѓу двете држави, но не соопшти што значи тоа    На неочекуваната средба на софискиот аеродром меѓу Бојко Борисов и Бујар Османи, бугарскиот премиер претставил платформа, според која Софија ништо не ја обврзува, а уште помалку да дава ветувања.  Според она што […]

Пановски бара да се затворат рестораните и кафулињата


Рестораните и кафулињата треба да се затворат за да се спречи ширењето на вирусот, смета микробиологот Александар Пановски. Сепак за главна причина за брзото ширење и зголемениот број на заразени ја смета мутацијата на вирусот, односно британскиот сој. „Гледаме што се случува во рестораните, кафулињата. Мерките треба да се заострат кога имате толкав број на […]

Марко Зврлевски сведочеше за „27 април“


Со сослушување на сведоци предложени од одбраната на Владимир Атанасовски денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за организаторите на случувањата на 27 април 2017 година.Прв беше сослушан сведокот Марко Зврлевски, поранешен државен јавен обвинител, кој на прашање на одбраната рече дека ги познава обвинетите. –  Со Владимир Атанасовски се имам сретнато само службено, […]

Заев – Бетел: Луксембург е значаен глас во ЕУ за старт на преговорите за членство 


 Премиерот Зоран Заев, во рамките на работната посета на Луксембург, денеска оствари средба со неговиот колега  Ксавиер Бетел, на која истакна дека Луксембург, како еден од најгласните застапници на проширувањето на ЕУ е близок партнер на Северна Македонија и значаен глас во Европската комисија за нашата земја за старт на преговорите за членство во ЕУ. Како што информира […]

Судењето за предметот ,,Талир 2″ одложено за 8 април


Поради отсуство на бранителот на второобвинетиот Кирил Божиновски во предметот „Талир 2″, денешното рочиште се одложи за веќе закажаниот термин на 8 април 2021 година. Во „Талир 2“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски. Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, при […]

Британски имунолог за суспендирањето на употребата на АстраЗенека: Тоа е катастрофа за вакцинирањето


Питер Опеншоу, истражувач од подрајчето на имунологија при Империјал колеџ во Лондон, остро го осуди запирањето на имунизацијата со вакцината АстраЗенека во дел од ЕУ. – Мислам дека тоа е катастрофа за прифаќање на вакцината во Европа, каде што и онака е на климави нозе, изјави тој при гостувањето на Би Би Си 4. Опеншоу […]

Нови десет милиони дози од Фајзер за ЕУ во второто тромесечје


Европската комисија соопшти изутринава дека е склучен договор со БиоНТех/Фајзер за дополнителни десет милиони дози за второто тримесечие од оваа година. Претседателката на ЕК преку писмена декларација го поздрави овој договор во време кога голем број европски земји го суспендираат вакцинирањето со АстраЗенека, и ЕУ се соочува со проблеми со испораката на вакцини. -Знам колку […]

Променливо облачно и студено време и во наредните денови


 Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди, а претежно на планините повремено ќе провејува снег, соопшти УХМР. И утре ќе дува засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието и на истокот. Утринските температури во четврток и во петок во најголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Нов влажен бран […]

Најмногу рекламации за препорачани поштенски пратки и пакети


Најголем процент поднесени рекламации до АД Пошта на РСМ – давателот на универзалната услуга, има за препорачани пратки, додека давателите на поштенски услуги на слободниот пазар најмногу рекламации имаат за услугата пакети, наведува Агенцијата за пошти во статистички извештај за првата половина од 2020 во однос на истиот период од 2019 година. До АД Пошта […]

Забрана за работа на асфалтна база во Куманово заради прекумерно загадување на воздухот


Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) на 5 март изврши вонреден надзор на асфалтната база Кооп инженеринг ДОО во Куманово, при што е утврдено повеќекратно надминување на граничните вредности за прашина, а на асфалтната база ѝ е наредено да престане со работа во период до 30 дена. Како што посочија од ДИЖС, граѓаните од населбите Железничка […]

Авион се урна врз автомобил во движење


Две лица загинаа, а други две се повредени откако авион се урна врз автомобил во движење во Пемброук Пајнс, во американската сојузна држава Флорода. Повредени се возрасен маж и дете, кои се наоѓале во автомобилот и тие веднаш се пренесени в болница. Службите за итни случаи брзо пристигнале на местото на инцидентот. Камера за видеонадзор […]

Бугарски „десант“ на Северна Македонија


Владеачката бугарска партија  ГЕРБ, која  негува односи со мафијашките структури во земјата, функционира како картел, а не како политичка партија, пишува Институтот ИФИМЕС од Љубљана   Редовните парламентарни избори во Бугарија ќе се одржат на 4 април и на нив ќе бидат избрани 240 пратеници на Националното собрание според пропорционалниот систем на затворени листи. Вкупниот број […]

Германскиот автомобилски гигант планира шест фабрики за батерии во Европа до 2030 година


„Фолксваген“, вториот најголем производител на автомобили во светот, кој е среде силен пресврт кон автомобилите на батерии, објави дека планира да отвори шест фабрики во Европа до 2030 година за производство на батерии, кои ќе бидат изградени сами или во соработка со некои партнери, јави Ројтерс. “Е-мобилноста стана основна работа за нас. Сега систематски интегрираме […]