Променливо облачно и студено време и во наредните денови


Фото: Б. Грданоски

 Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди, а претежно на планините повремено ќе провејува снег, соопшти УХМР.

И утре ќе дува засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието и на истокот. Утринските
температури во четврток и во петок во најголем дел од земјава ќе бидат под нулата.

Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува од сабота попладне.