На Меѓународната вселенска станица откриени непознати микроби


 

Научниците од САД и Индија во соработка со НАСА на Меѓународната вселенска станица откриле четири соеви бактерии од кои три досгеа се потполно непознати за науката.

Три од четири соеви изолирани се во 2015 и 2016 година. Еден е пронајден на горната плоча на МВС, друг во куполата, а третиот на површина на маса. Четвртиот сој е најден во стар филтер кој е вратен на Земјата во 2011 година.

Сите четири соја припаѓаат на семејството бактерии кои се наоѓаат во тлото и во слатка вода, а помагаат за раст на билките и елиминација на билни патогени. Ако се прашувате што бараат такви бактерии на МВС, одговорот е дека астронаутите со години одгледуваат помали количини храна на МВС, па не е чудно таму да се најдат и билни микроби, пишува Science Alert.

Непознат сој бактерии

Бактериите пронајдени во филтерот припаѓаат на познатиот сој Methylorubrum rhodesianum. Но, по секвенционирањето на трите други соеви, утврдено е дека сите припаѓаат на ист, претходно неидентификуван вид. Тие соеви се наречени IF7SW-B2T, IIF1SW-B5 и IIF4SW-B5.

Генетичарот Свати Бијлани од Универзитетот Јужна Калифорнија и неговите колеги предлагаат овој нов вид бактерии да се наречат Methylobacterium ajmalii според Ајмел Кан, познат индиски научник.

„За одгледување билки во екстремни места со минимални ресурси нужна е изолација на нови микроби кои помагаат при растот на билките во стресни услови“, објаснија генетичарите Кастури Ванкатесварен и Нитин Кумар Синг од инсититутот на НАСА:

Гените поттикнуваат раст на билките

Со оглед на тоа дека знаеме оти бактериите може да преживеат тешки услови како оние на МВС, научниците спроведоа генетска анализа над тие четири соеви за да ги идентификуваат гените кои може да се користат за потенцијален раст на билките.

Откриле дека еден од соевите IF7SW-B2T, има геникои се вклучени во растот на билките, а меѓу нив и оној кој поттикнува делба на келиите во коренот и стеблото.

Истражувањето е објавено во магазинот Frontiers in Microbiology.