Сериозна повреда на Војдан Стојановски, капитенот најмалку шест месеци вон кошаркарскиот терен


Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација и член на францускиот прволигаш Гравелин, Војдан Стојановски, ќе отсуствува од теренот најмалку шест месеци поради тешка повреда на коленото. Стојановски, како што е соопштено, ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото на тренинг пред денешниот меч од францускиот шампионат против тимот на Стразбур. -Се случи во оние моменти кога најмалку очекуваш. Почувствував како […]

Бесими: Има доволно пари за петтиот пакет економски мерки


Претпријатијата и во наредниот период можат да очекуваат помош од државата, а 100-те милиони евра што треба да стигнат се токму за поволни кредити во приватниот сектор што беа спомнати во четвртиот пакет на економски мерки за справување со ковид кризата, порача вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими. -Владата има предвидено 50 милиони евра во […]

Кастекс: Нови ограничувачки мерки во 16 француски департмани


 Според денеска објавените податоци во Франција во последните 24 часа се регистрирани 34.998 нови случаи на заболени од коронавирус. Со ова, од почетокот на пандемијата официјално се регистрирани вкупно 4.181.607 заболени од Ковид -19. Францускиот премиер, Жан Кастекс, вечерва најави нови ограничувачки мерки. Веќе неколку дена француската јавност беше подготвувана за воведување на новите ограничувачки […]

Филипче: Индивидуалната одговорност е важна во борбата со вирусот


Комуникација без почитување на превентивните мерки по затворање на угостителските објекти, што најмногу го прават младите, се еден голем трансмитер на вирусот, смета министерот за здравство Венко Филипче, додека д-р Драган Даниловски заговара кракотрајно затворање, за да се намали брзината на зголемување на случаите на зараза. – Имаме балансиран систем на рестрикција во кој е […]

Корморан за среќа на кејот на Вардар


Билјана Богдановска Отстранети се средишните тераси на Кејот „13 Ноември“ во центарот на Скопје, со што до израз дојде дрворедот, а уште сега може да се наѕре широкиот простор по кој скопјани ќе можат да шетаат за неколку месеци. Дополнително, на почетокот на реконструкцијата на Кејот кон средината на февруари, градоначалникот Петре Шилегов најави и […]

Унгарската партија Фидес целосно ги прекина врските со ЕПП


Унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата владеачка партија Фидес денеска целосно ги прекинаа врските со Европската народна партија (ЕПП), чекор што се доживува како формалност по долгогодишните расправии околу основните вредности на Европската унија и владеењето на правото, јави ДПА. Во писмото, објавено на Твитер од потпретседателот на унгарската владеачка партија, Каталин Новак, се вели […]

Млада српска кошаркарка си го одзеде животот


Србија – Младата кошаркарка на белградскиот клуб  Партизан и кадетска репрезентативка на Србија, Милица Мркела извршила самоубиство, јавија попладнево локалните медиуми. Информацијата за белградскиот весник „Телеграф“ ја потврди претседателската на српскиот кошаркарски клуб Бојан Јанковиќ. Како што се наведува, девојката, која лани како 15-годишна кошаркарка влезе во сениорскиот тим на Партизан, била пронајдена обесена. 

Германија ја повика ЕУ да го забрза прегледот на руската вакцина


 Германските регионални лидери ја повикаа ЕУ да го забрза прегледот на руската вакцина „Спутник V“ и да гарантира дека, откако ќе биде одобрена, ќе може ефективно да се дистрибуира низ Унијата. – Важно е да се забрзаат процедурите за одобрување, особено во случајот на ’Спутник’“, изјави премиерот на Баварија, Маркус Зудер, на прес-конференција, откако лидерите […]

Ханкок: Нѝ се заканува недостиг на вакцини поради доцнењето од Индија


На Велика Британија следниот месец и се заканува недостиг на вакцини поради доцнењето на пратката од индискиот Институт Серум, што ја произведува вакцината „АстраЗенека“, соопшти денеска министерот за здравство Мет Ханкок. Британија е во првите редови на вакцинацијата во светот, но здравствените власти вчера предупредија дека имунизацијата ќе забави од 29 март, во следните четири […]

Парискиот саем на книгата го откажува своето издание за 2021 година


Франција– Парискиот саем на книгата што требаше да се одржи од 28 до 31 мај и годинава се откажува, вторпат по ред. Соочени со „неизвесностите во наредните месеци“, Националната унија за издаваштво (СНЕ) одлучи да го откаже изданието Ливр Париз за 2021 година, најавувајќи го откажувањето само неколку часа пред говорот на Жан Кастекс и најавата […]

Бугарија од утре продолжува со вакцинацијата со „АстраЗенека“


Нема проблем сите земји-членки на ЕУ да продолжат да ја употребувбаат вакцината на „АстраЗенека“ и Универзитетот Оксфорд, бидејќи таа е безбедна и ефикасна, изјави попладнево на вонредниот брифинг директорот на Извршната агенција за лекови во Бугарија, Богдан Кирилов, во врска со одлуката на Европската агенција за лекови (ЕМА) за безбедноста на вакцината на „АстраЗенека“ против […]

ОЈО oтвори предмет за сообраќајниот софтвер на Рашковски


-Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска отвори предмет по допрен глас во врска со набавката на софтверот за „определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни“. – Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на  софтверот од страна на Генералниот секретаријат на Владата, обвинителството отвори предистражна […]

ЕУ ја предупреди Турција заради можната забрана на прокурдската Демократска партија на народот


 ЕУ денеска го осуди непочитувањето на основните човекови права во Турција и ја предупреди Анкара дека со забрана на главната прокурдска партија ќе го изгуби кредибилитетот дека е посветена на реформите. Шефот на европската дипломатија, Joзеп Борел, предупреди дека можната забрана на Демократската партија на народот (ХДП), втората најголема опозициска партија во Турција, „ќе значи […]

Стефоска ги посети археолошките локалитети Вардарски рид и Стоби


Министерката Ирена Стефоска денеска ги посети институциите од областа на културата во Гевгелија како и археолошките локалитети Вардарски рид и Стоби. На средбата со гевгелискиот градоначалник  Сашо Поцков, Стефоска разговараше за поголемо учество на локалната самоуправа во културата, која сега е лимитирана заради пандемијата. Заедно беа во Домот на културата во Гевгелија, каде со директорката Весна Ристова, разговараа за тековните активности и […]

Финалето на шпанскиот фудбалски куп, сепак, без навивачи


Финалниот натпревар од минатогодишното издание на шпанскиот фудбалски куп меѓу баскиските ривали Атлетик Билбао и Реал Сосиедад, што поради пандемијата на коронавирус беше одложен за годинава, ќе се одигра на 3 април во Севиља пред празни трибини, соопшти денеска официјално Фудбалската федерација на Шпанија (RFEF). Одлуката на шпанските фудбалски власти доаѓа ден откако радиото „Cadena SER“ објави […]

Економско-социјалниот совет расправаше за усогласување на минималната плата


Економско социјалниот совет со кој претседава министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната десетта седница дебатираше за неколку точки. На седницата беше отворено прашањето за усогласувањето на висината на минималната плата согласно Законот за минимална плата, при што беа презентирани податоците врз основа на кои кои се врши усогласување на минималната плата. […]

Вакцината на „АстраЗенека“ е безбедна и ефикасна, соопшти ЕМА


Шефицата на Европската медицинска агенција (ЕМА), Емер Кук, попладнево на прес-конференција во Амстердам соопшти дека вакцината на „АстраЗенека“ е „безбедна и ефикасна вакцина“. Кук соопшти дека комитетот донел одлука дека придобивките ги надминуваат сите можни ризици. Вакцината не е поврзана со зголемување на вкупниот ризик од тромбоемболиски случаи или згрутчување на крвта, додаде таа. Таа […]

Прва поема од Томислав Османли во чест на столетието на Блаже Конески


Уште од прочитот на првиот стих на поемава ‘Бденија Блажеви’ на Томислав Османли, силно ќе почувствувате дека таа е набабрена од животот што го живееме, од стварноста која секој ден нѐ мачи да ја издржиме и поднесеме, ќе забележи Ристо Лазаров Во издание на „ВиГ Зеница“ деновиве излезе од печат поемата „Бдеења Блажеви“ со поднаслов […]

Внукот на Ахмети ја објави кандидатурата за градоначалник на Кичево


Внук на Али Ахмети ја објави својата кандидатура за Општина Кичево како независен кандидат, во знак на револт за неговото незадоволство од случувањата во ДУИ. Фатмир Лимани остро ги критикува политиките на партијата. „Ќе се кандидирам како независен поради неуспесите на ДУИ воопшто и особено на сегашниот градоначалник на Кичево. Актуелниот градоначалник од 2002 година […]

Во Србија 5.346 новозаразени, починаа 30 пациенти


  Во соседна Србија во последните 24 часа, од корона вирус заболеле 5.346 луѓе, а починаа 30 пациенти со Ковид-19. На респиратор се 222 луѓе. Според Министерството за здравство во болница се лекуваат 5/099 пациенти од Ковид-19. Во Србија, од почетокот на епидемијата досега починаа 4.840 лица, а тестирани се вкупно 3.218.400 луѓе.