Средба Шекеринска-Пахор: Претстојното словенечко претседателство ќе го врати регионот во фокусот на ЕУ


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска со средба со претседателот на Словенија Борут Пахор, ја заврши еднодневната официјална посета на Република Словенија што се реализираше на покана на министерот за одбрана, Матеј Тонин. Како што соопшти Министерството за одбрана, во разговорот со словенечкиот претседател, Шекеринска изрази благодарност за континуираната поддршка на нашата земја. -Северна Македонија и […]

Дали „The Human Voice“ на Алмодовар е најстилскиот краток филм што е снимен некогаш?


Шпанија– Стилскиот нов краток филм на Педро Алмодовар, „The Human Voice“  за вознемирена љубовница, портретирана од Тилда Свинтон, е филм за жена уништена од очајот која сака да го спаси животот искршен на парчиња. Во драматична свилена долга бањарка и AirPods , ликот на Свинтон се изјаснува со својот бивш на последниот, телефонски повик, тонејќи […]

Иницијатива на ЦЕФТА: Зелените коридори носат огромни заштеди во регионот, во план ширење кон земјите на ЕУ


Во изминатата година, времето на чекање за камиони со најбарана стока – медицинска опрема, лекови, храна и добиточна храна на граничните премини на земјите од Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) е намалено за двапати. Според податоците презентирани од директорот на ЦЕФТА Секретаријатот Емир Ѓикиќ, Зелените коридори ги користеа 80 отсто од камионите во регионот, […]

Започна постапка за повлекување на втората транша од 80 милиони евра од ЕУ за подддршка за ковид-мерките


Владата започна постапка за повлекување на втората транша од 80 милиони евра од ЕУ за поддршка за ковид-мерките. Како што соопшти владината прес-служба, Владата на седница синоќа ја разгледа и усвоииИнформацијата во врска со барањето на Министерството за финансии сите надлежни институции во најкраток можен рок да го пополнат Извештајот со статус на реализација на […]

Куба бара доброволци заради тестирање на својата втора вакцина против Ковид-19


Куба– Кубанскиот здравствен регулатор ја одобри втората локално развиена вакцина против Ковид-19 за последната фаза на клиничките испитувања. Вакцината се вика Абдала и е именувана по поема на кубанскиот национален херој Хозе Марти. Вакцината, како и првата локална вакцина Соберана 2, е насочена кон шилестиот протеин на коронавирусот. Властите бараат 48.000 волонтери на возраст од […]

Договорен откупот на вишокот тутун, Владата заклучи да се укаже на Тутунски комбинат Прилеп да преземе 700 тони


Владата синоќа на седница ја разгледа и усвои информацијата за состојбите за откуп на тутун од реколта 2020 година и донесе заклучок да му се укаже на Тутунскиот комбинат Прилеп да ги преземе сите активности да се откупат дополнителни 700 тони тутун од вишокот од последната реколта. Во соопштнието од владината прес служба се наведува […]

Стриминг платформите во 2020 година имале 1,1 милијарда корисници, приходите над 68 милијарди долари


САД –  Во 2020 година, корисниците кои користеа услуги за стриминг преку интернет го надминаа рекордното ниво од 1,1 милијарда. Ова е зголемување од 26 отсто во споредба со претходната година, според информациите на Motion Picture Association. Во САД најмалку 308,6 милиони домаќинства се претплатиле на видео-услуги на интернет во 2020 година, што претставува зголемување за […]

Евентуално одложување на пописот само по препорака на Комисијата, почитувањето на Протоколот гарантира заштита


До евентуално одложување на пописот може да дојде само доколку за тоа даде препорака Комисијата за заразни болести, таквата одлука не е во делокруг на Државниот завод за статистика, кој во моментов се раководи според постоечкиот оперативен план. Ова во интервју за МИА го порача директорот на ДЗС, Апостол Симовски во врска со можноста теренското […]

Поголемите пратки вакцини се очекуваат на 31 март и 15 април


Се очекува вакцините од „Астра Зенека“ да стигнат на 31 март и 15 април, додека кинеските вакцини на 31 март, рече вчера министерот за здравство Венко Филипче, нагласувајќи дека системот е подготвен и точно се знае како ќе се одвива вакцинирањето. Оцени дека земјава има балансиран систем на рестрикција во кој е исклучително важна индивидуалната […]

Вилијам Бернс е новиот директор на ЦИА


САД- Американскиот Сенат вчера изгласа уште два нови члена на администрацијата на Џо Бајден. Вилијам Бернс е потврден за директор на Централната разузнавачкка агенција (ЦИА), а Завијер Бесера за министер за здравство. Бернс 33 годни беше дипломат и е поранешен амбасадор во Москва. Тој има атипичен профил за директор на ЦИА, бидејќи ните е војник, […]

Вучиќ објави дека имаат лек против корона за луѓе со висок притисок и вишок килограми: Ефикасен е 95 проценти


Србија– За време на гостувањето на државната телевизијата РТС, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, извади кутија со лекот Бавланивимад, кој се користи во третманот на ризични случаи на инфекција со корона вирус. Вучиќ истакна дека станува збор за исклучително скап американски лек. Значи, ако некој како мене, што има висок крвен притисок и што има […]

Да се донесат законите за антикризните мерки, има време за политика


Во интерес на граѓаните и стопанството е пратениците што побрзо да ги донесат законите за антикризните мерки кои подолго време се блокирани од опозицијата, апелираат вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за економија, Крешник Бектеши. Тие вчера уште еднаш изразија уверување дека законските решенија ќе бидат донесени идната недела за кога е закажана […]

Семинар на ИКОМОС за дигитализацијата на културното наследство


Работната група на идни професионалци при Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) денеска организира вебинар преку платформата ЗУМ на тема „Дигитализација на културното наследство: Примена на дигитални алатки за документација, презентација и интерпретација на археолошкото наследство во РС Македонија“. Како што информираа од ИКОМОС, вебинарот има за цел да ја информира […]

Анкета: Сѐ повеќе Руси не ја сметаат Русија за европска држава


Сѐ повеќе Руси не ја сметаат Русија за европска земја, а овој тренд е особено изразен кај младите, покажува студијата на Левада центарот. Анкетата покажува дека само еден од четворица Руси се смета себеси за Европеец. Шеесет и четири отсто од луѓето што живеат во Русија сметаат дека нивната земја е неевропска. Во 2019 година, […]

„Романтична балетска вечер“ во НОБ


Националната опера и балет вечерва со почеток во 19 часот ќе го одржи балетскиот концерт насловен „Романтична балетска вечер“. Балетскиот концерт опфаќа две балетски дела во кореографија на Аугуст Бурнонвил, Данска, инспирирани од Франција и Шпанија. Изведбата е поставена и режирана од Ева Клоберг и Франк Андерсен (Данска), кореографијата е на Аугуст Бурнонвил (Данска), на […]

Сончево со мала до умерена облачност, на планините повремено ќе провејува снег


Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени. Во […]

Германски пратеник поднесе оставка поради лобирање за ВМРО-ДПМНЕ


Тобијас Цех (ЦСУ)преку неговата компанија му давал консултантски услоги на ВМРО-ДПМНЕ, а во исто време како пратеник присуствувал во кампањата за изборите во 2016 година   Два локални весници од Баварија („Пасауер ное пресе“ и „Минхнер меркур“) му ја запечатија кариерата на пратеникот од Христијанско-социјалната унија, Тобијас Цех, поради тоа што неетички, па и незаконски, […]

Рашковски од Мексико по предистрагата на ОЈО: Нека сработат институциите


„Единствен исправен начин за дознавање на вистината е преку институциите. Така што, треба да ги оставиме институциите да си ја вршат надлежноста“, кратко изјавил за ТВ Сител, поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, откако ОЈО отвори предмет за софтверот кој го набави. Обвинителството денес соопшти дека следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката […]

Распит во Конгресот на САД за зачестените напади врз лицата со азиско потекло


Само два дена откако во сојузната држава Џорџија беа убиени шест жени со азиско потекло, во Претставничкиот дом на американскиот Конрес се водат распити во кои законодавачи, професори и актерот Даниел Де Ким, изјавија дека азиската заедница во САД е потресена од зачестените напади годинава на луѓето со азиско потекло, јави дописникот на МИА од […]

Динамо го елиминира Тотенхем, Адеми и Ристовски во четвртфинале на Лига Европа


Фудбалерите на хрватскиот првак Динамо Загреб направија вечерва неверојатен пресврт, надоместувајќи ја негативата од два гола од лондонската пресметка со Тотенхем, и со хет-трикот на Мислав Оршиќ обезбедија пласман во четвртфиналето во Лига Европа. Македонските репрезентативци во редовите на хрватскиот тим, Стефан Ристовски и Аријан Адеми, беа во почетниот состав и дадоа свој придонес во големиот триумф […]