Повторно раздвиженост на бегалци и мигранти на грчко – македонската граница кај Идомени


Само во вторникот, полицајците од Северна Македонија, вратија во нашата земја 300 лица кои нелегално ја поминаа граничната линија, пишува солунскиот информативен портал „Тестудеј“ и коментира дека повторно се зголемуваат бегалските и мигрантските бранови на грчко- македонската граница кај Идомени, јави дописничката на МИА од Атина. Во текстот преземен и од повеќе други грчки онлајн […]

Занаетчиите ја чекаат ветената помош


Занаетчиите бараат што поскоро да се изгласаат законите и да се исплати ветената финансиска помош, бидејќи голем дел од нив се на работ на егзистенцијата. Претседателот на Занаетчиската комора на Северна Македонија (ЗКРСМ) и на Регионалната комора Куманово, Агрон Фазлији очекува брза исплата на платите и отворање на можност за аплицирање на бескаматни кредити, мерки […]

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат


Сингапурската банка ОЦБЦ воведе биометриска технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат. Со тоа, како што велат, се елиминира потребата од користење платежни картички. Банката соопшти дека тие се прва таква институција во Југоисточна Азија што применува биометрика за услуги на осум банкомати во Сингапур, како што пишува сингапурскиот портал „Фајнтекњуз“. Засега на овој […]

Ќе се засилат заедничките економски истражувања на Народната банка и Економскиот факултет – Скопје при УКИМ


Ќе се засилат заедничките вложувања во економските истражувања и во унапредувањето на знаењата и вештините на идните економисти, како и на оние коишто ќе ја продолжат својата едукација со втор или трет циклус студии од областа на економијата. Со ова ќе се оствари заеднички влог во натамошно јакнење на економијата – од една страна имајќи […]

Во понеделник започнува првата фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“


Во понеделник, започнува првата фаза од реконструкцијата на една од најпрометните улици во Општина Центар, но и во Скопје, улицата „Орце Николов“. Првата фаза на реконструкцијата започнува откако се заврши целата административна постапка, се извршија последните подготовки за почеток на реконструкцијата, се отстранија дрвените бандери и кабловските оператори завршија со преместувањето на каблите и инсталациите […]

Државниот завод за статистика објави нов повик за реонски попишувачи за претстојниот Попис 2021


  Државниот завод за статистика повторно објавува конкурс за избор на реонски попишувачи за Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021. Повикот се однесува само за реоните каде недостасуваат попишувачи, а со цел да се запази принципот дека секое населено место ќе има локален попишувач кој го познава местото и населението што живее таму, како […]

Жителите на општина Центар отсега ќе можат преку Green Pay картичката да купуваат со попуст


Во рамките на проектот „И отпадот има вредност!“ на ЈП ПОЦ и Општина Центар, почнува да функционира зелената мрежа на локали каде со плаќање преку Green Pay картичката жителите на Општина Центар ќе имаат можност да купуваат со попуст во маркети, ресторани, кафеани, кафулиња, бутици, книжарници, рибарници, мобилари и слично.   -Досега, повеќе од 70 […]

Без вода дел од Козле, саниран дефектот во Автокоманда


Прекин на водоснабдувањето денеска имаат дел од корисниците од улиците „Леринска“ и „Ловќенска“ во населба Козле. Корисниците ќе бидат без вода од 11 часот, па се до завршување на активностите. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради дефект на приклучна цевка 5/4 на улицата „Леринска“ 73. Дефектот на […]

Преку апликацијата за самопопишување досега евидентирани 82.106 лица


Преку онлајн апликацијата за самопопишување досега од странство се евидентирани 82 106 лица, процесот продолжува до 21 април. Преку апликацијата се попишуваат македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци. Процесот на самопишување почна на 1 март, а ќе се одвива до 21 април 2021 […]

Граѓаните на Србија се најмалку задолжени од земјите во поранешна Југославија, каде се Македонците


Граѓаните на Хрватска се најзадолжени со вкупен долг кон банките по основ на заеми од 18 милијарди евра, а најмалку задолжени се жителите на Црна Гора, приближно 1,39 милијарди евра, според јануарските податоци на шест централни банки од земјите на поранешна СФРЈ, анализира Бизнис.рс. На второ место според вкупниот долг се Словенците со износ од […]

Бил Гејтс откри кога верува дека ќе се вратиме во нормала, но и кој ќе се врати последен


Книгата на Бил Гејтс „Како да се избегне климатска катастрофа“ (How to Avoid a Climate Disaster) се искачи на првото место на листата на бестселери на Њујорк тајмс каде што е веќе три недели. Самиот Гејтс вели: „Тоа е океј за книга за климатски промени“ Бил Гејтс е всушност оптимист во врска со борбата на […]

Јавноста поделена околу вакцинирањето против КОВИД-19


Најновата анкета на БРИМА покажа дека постои голема поделеност кај граѓаните во однос на тоа дали лично сакаат да се вакцинираат против Ковид 19: 37% сакаат да се вакцинираат додека 36% експлицитно изјавуваат дека „нема да се вакцинираат односно дека не сакаат да се вакцинираат“. Скоро една четвртина (23%) се двоумат и би почекале да […]

Ривалите до Мицкоски: Се ближи крајот на твоите партиски бизниси


Иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ги коментира реакциите во матичната партија откако донесе одлука да го одложи закажаниот конгрес на крајот на март поради пандемијата. „Еуфоријата на се уште актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за одложувањето на вонредниот конгрес покажува колку е тој очаен и колку го интересира само сопствената функција. Христијан […]

Приватен детектив бил најмен да ја истражува Меган Маркл


САД– Американски приватен детектив објави дека бил најмен да најде информации за Меган Маркл. Ова се случило во почетоците на нејзината врска со принцот Хари. Детективот имал задача да бара лични податоци за неа. Даниел Хенкс бил најмен од весникот „Сан“. Тој призна дека добил нелегален пристап до такви информации, какви што се бројот на социјално […]

Курц: Ризикот од нови мутации е реален и ќе треба прилагодување на вакцините


 Вакцинација на населението е најголем приоритет на национално, европско и глобално ниво, истакна синоќа во Берлин австрискиот канцелар Себастијан Курц. Тој потенцираше дека дека единствено ако се успее да се вакцинира поголемиот дел од населението до лето можно е враќање во нормала. – Сите знаеме дека оваа пандемија нема да заврши летоска, рече Курц, нагласувајќи […]

Гибралтар: Ја вакциниравме целата популација, животот нѝ се враќа


  Малата британска територија Гибралтар е прва во светот која ги вакцинира сите возрасни жители против корона вирус кои покажале интерес за имунизација. Тоа го потврди министерот за здравство Мет Хенкок, а пренесе Вашингтон пост. Во Гибралтар живеат околу 30.000 луѓе, а таа земја имаше две клучни предности во трката за вакцини: големината и постојаниот […]

Нови инвестиции во битолскиот Центар за култура


НУ Центар за култура-Битола со поддршка од Министерството за култура почна со замена на старата дотраена дограма, врати и друга инсталација. Согласно проектната документација на објектот што се наоѓа во централното градско подрачје ќе бидат заменети вратите на главниот влез, двојните влезни врати кои водат кон големата сала на битолскиот Центар за култура и безбедносниот […]

„Art of Boredom“ – групна изложба во ЕУ резиденцијата


Од денес (петок, 19 март) до 31 март во ЕУ резиденцијата ќе биде отворена групната изложба „Art of Boredom“. „Изолацијата што произлезе од неопходното ограничување на движењето во текот на минатата година неизбежно доведе до чувства на здодевност и монотонија, истовремено свртувајќи го вниманието кон себеси, кон прашањата на самоконтролата и интроспекцијата. Кај некои уметници […]

Симптоми по вакцинирањето со АстраЗенека по кои веднаш треба да се појде на лекар


АстраЗенека е безбедна и ефикасна вакцина и нема никаква врска со згрутчување на крвта. Одлуката беше донесена вчера на вонредна седница на Комисијата за проценка на ризик на фармаковигиланција при Европската агенција за лекови (ЕМА). Сепак, објавени се и симптоми по кои луѓето кои биле вакцинирани веднаш треба да одат на лекар и да споменат […]

Актерот Елиот Пејџ е прв трансроден маж на насловницата на „Тајм“


Канада– Канадскиот глумец Елиот Пејџ е прв трансроден маж избран за на насловна страница на списанието „Тајм“. Новиот број излегува денес, објави издавачот. Насловницата и интервјуто беа достапни во дигитално издание веќе во вторникот. Пејџ, инаку, беше глумица, по име Елен, која се прослави со филмот „Џуно“, 2007 година. Таа лани официјално си го смени […]