По една година затвор за тројцата обвинети кои го признаа делото за насилните протести за пресудата за ,,Монструм”


На тројцата обвинетите за насилство на протестите поради пресудата во случајот „Монструм“, Шабан Весели, Бехар Далити и Бесар Калиси, кои на денешното прво рочиште го признаа делото, Судот им изрече затворска казна од времетраење од една година. Тие и понатаму остануваат во притвор. За двајцата обвинети, Артон Садики и Фабио Идризи, кои се изјаснија дека […]

Во БиХ повеќе од 1.400 новозаразени, на сила заострени мерки, болниците полни


  Во Босна и Херцеговина денеска се потврдени нешто повеќе од 1.400 новозаразени со корона вирус, а починаа 44 пациенти. Властите со воведување дополнителни мерки се обидуваат да го спречат неконтролираното ширење на вирусот. Дневниот број заразени денеска е нешто помал во однос на претходните два дена, но истовремено и понатаму е голен процентот на […]

И без визи, граѓаните од трети земји ќе треба да се регистрираат за влез во ЕУ


По модел на САД, Европската унија воведува систем на регистрација за влез на нејзината територија преку системот ЕТИАС, јавува дописничката на МИА од Брисел. Парламентот и Советот на ЕУ постигнаа договор вчера за овој предлог кој предвидува создавање на централен систем за регистрација преку поврзување на сите релевантни бази на податоци на ЕУ и треба […]

Следно можно сценарио зголемување на полицискиот час и скратување на работата на угостителите


Следни чекори би биле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратувањето на работата на угостителските објекти, дополнително од тоа што е сега до 21 часот. Тоа е следното можно сценарио, на почетокот на следната недела ќе се прави проценката, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Заклучокот и ставот, дополни, е дека на почетокот […]

Првата фаза од Пописот 2021 е успешно завршена, продолжува самопопишувањето на дијаспората


Првата фаза од Пописот успешно заврши и беа опфатени вработените од Дипломатско-конзуларните претставништва, припадниците на АРМ во странство, затворениците и бездомниците. Самопопишувањето на дијаспората продолжува и се одвива без проблеми, а отстранети се сите технички проблеми. Заклучно до денеска попишани се над 82 илјади наши сограѓани од странство. Најмногу од Швајцарија – 26 илјади, Германија […]

Георгиева: Пописни податоци за болните и лицата во изолација ќе даваат членови на нивните семејства


 Податоци на пописот за лицата кои за време на траењето на оваа статистичка операција ќе се наоѓаат во болница или изолација поради изложеност на коронавирусот, ќе даваат членови на нивните домаќинства или семејства, изјави претставничката на Државниот завод за статистика (ДЗС), Јасмина Георгиева на денешната прес-конференција во Владата. Таа информира дека Заводот за статистика од […]

Во Хрватска продолжуваат високите бројки новозаразени, денеска 1.112


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.112 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни изнесува 6.426. Меѓу нив 918 пациенти се на болничко лекување, од кои 80 на респиратор. Починаа 17 лица или вкупно досега 5.743. Од почетокот на епидемијата досега во Хрватска од Ковид-19 заболеле 255.619 лица, […]

Истекува рокот за пријавување во Агенцијата за вработување за лицата кои претходно доцнеа со пријавување


Денеска истекува рокот што Агенцијата за вработување им го даде на лицата кои доцнеа со пријава во евиденција на невработени лица да отидат во Центрите за вработување и дисперзираните канцеларии за да ја регулираат својата обврска. На 18 февруари директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири на прес-конференција информираше дека дотогаш околу 54 илјади лица […]

Макрон ја откажа посетата на Атина за одбележување на 200 години од востанието за независност на Грција


Поради ситуацијата со пандемијата и воведениот карантин во Париз, претседателот на Франција Емануел Макрон ја откажа посетата на Атина и нема да присуствува на воената парада на 25 март по повод 200 години од почетокот на востанието за независноста на Грција, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Од друга страна, потврдена е […]

Возач удрил во пешак во Тетово и избегал


Дваесет и двегодишно лице било повредено откако во него удрил возач на автомобил марка „БМВ“, кој потоа се оддалечил со возилото од местото вчера на улицата „Иво Рибар Лола“ во Тетово. Подоцна полицијата го нашла возилото. -Околу 18 часот и 45 минути, на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, патничко моторно возило „БМВ“ со тетовски […]

Филипче: Арменд Арслани е нов директор на струшката болница


Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција за новинарите рече дека назначен е нов директор на струшката болница. – Формирав нова комисија и сега треба да се направи комисија во стручниот дел, а денеска за нов директор на струшката болница е назначен Арменд Арслани, поранешниот заменик министер за здравство- рече Филипче. Тој уште еднаш […]

„Врба“ на Mанчевски почнува да се емитува на HBO Go


Филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски утревечер во 20:30 часот ќе биде премиерно прикажан на стриминг платформата HBO Go, на каналот Cinemax 2. „Врба“ ќе биде емитуван повеќе пати во 18 земји во текот на 2021 и 2022 година. По светската премиера на филмскиот фестивал во Рим, каде доби петминутни овации од публиката, „Врба“ се […]

Пописот 2021 ќе се спроведе, гаранција се строгите протоколи


Сите активности се одвиваат во насока на тоа дека Пописот 2021 ќе се спроведе. Гаранција дека нема да има потреба од одлагање е строгиот протокол, кој што се запазува, како и соодветната обука на попишувачите и пописните тимови. Граѓаните и попишувачите ќе бидат заштитени. Целот фокус на Владата е во таа насока, изјави портпарот на […]

Филипче: Очекуваме ситуацијата да се смирува, денеска помалку од 1.000 новозаболени


Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција вели дека подготвени се доколку треба, да се воведат дополнителни рестрикции, но очекуваат смирување на ситуацијата, па така, сегашниот полициски час е сосема доволен. – Денеска имаме нешто помалку новозаболени, бројката е нешто под 1.000. Очекуваме во следниот период во таа насока да оди ситуацијата. Односно да […]

Државниот завод за статистика ќе добива на дневна основа податоци за новодијагностицирани лица по општините


Државниот завод за статистика интензивно работел со Комисијата за заразни болести и со Министерството за здравство додека се подготвувал протоколот за реализирање на претстојниот попис, а од следната недела почнува преку мој термин да ги добиваат на дневна основа сите новодијагностицирани случаи по општини, за да може да се планира начинот на нивното попишување, односно […]

Тројца од обвинетите ја признаа вината за насилните протести за пресудата за „Монструм“ 


Тројцата обвинети Шабан Весели, Бехар Далити и Бесар Калиси за насилните протести за пресудата за предметот „Монструм”, на денешното прво судско рочиште ја признаа вината.   Судијата Марин Станевски наведе дека за обвинетиот Бесим Касами ќе се издвои постапката поради неговата влошена здравствена состојба.   Исто така постапката ќе биде издвоена и за Суља Башким, бидејќи не […]

Централната лабораторија на МЖСПП и официјално го доби сертификатот за систем за квалитет според стандардот ISO 17025


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нурeдини информира дека Одделението за Лабораторија и теренски мерења (Центарaлна лабораторија) на Министерството за животна средина и просторно планирање, официјално го доби сертификатот за системот за квалитет според стандардот ISO 17025 за акредитирана лабораторија, при што сертифицираше седум методи за тестирање, од кои шест се за квалитет […]

Првата фаза од Пописот 2021 е успешно завршена, продолжува самопопишувањето на дијаспората


Првата фаза од Пописот успешно заврши и беа опфатени вработените од Дипломатско-конзуларните претставништва, припадниците на АРМ во странство, затворениците и бездомниците. Самопопишувањето на дијаспората продолжува и се одвива без проблеми, а отстранети се сите технички проблеми. Досега се попишани над 82 илјади наши сограѓани од странство. Најмногу од Швајцарија – 26 илјади, Германија – 19 […]

Извлечени двојките за четвртфиналето во Лигата на шампионите


Во седиштето на Европската фудбалска федерација (УЕФА) во Нион попладнево се одржа жрепката за четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите. Двојките се: 1. Реал Мадрид – Ливерпул 2. Манчестер сити – Борусија Дортмунд 3. Баерн Минхен – Пари Сен-Жермен 4. Порто – Челзи. Во полуфинаето ќе играат подобриот од првиот и четвртиот пар и […]

Албанија треба да плати 450 милиони евра поради меѓународни арбитражи


Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша објави, како што наведува, дел од неуспесите на владата на премиерот Еди Рама во последните 8 години владеење. Според Баша, еден од нив е износот на средства што треба да се исплатат на изгубени случаи на арбитражниот суд, поради што албанските даночни обврзници ризикуваат да платат 450 […]