Албумот со „Најдоброто од…“ ДНК во продажба, на врата ви го носат Панчо и Андреј!


Својата поддршка кон домашната музика и уметноста воопшто Панчо и Андреј, односно момците од двоецот ДНК уште еднаш решија да ја изразат на мошне уникатен начин. Имено, нивниот последен материјал, односно ексклузивното „The best of“ издание, како и ДВД изданието од последниот концерт во Метрополис арената се ставени на продажба, и тоа не е се […]

Реализиран попис на припадниците на Армијата на „Криволак“


Припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои го посетуваат тримесечниот основен подофицерски курс на армискиот полигон „Криволак“ во координација со Државниот завод за статистика денеска ја реализираа својата должност согласно Законот за попис на населението. Причина за денеска организираното попишување во Центарот за обука „Пепелиште“, како што информираат од Армијата, е неможноста на припадниците […]

Извештајот за потеклото на корона вирусот ќе биде објавен идната недела, имало политички притисоци


Лидерот на тимот на Светската здравствена организација (СЗО) Питер Бен Ембарек, кој со своите кинески колеги го финализира долгоочекуваниот извештај за потеклото на коронавирусот, призна дека неговите автори можат да се соочат со „притисок“, но исто така изрази уверување дека сите членови на тимот професионално и едногласно го одобрува извештајот.   Бен Ембарек, експерт за […]

Симовски смета дека протоколот за пописот обезбедува заштита


Просекот од 4.500 лица дневно евидентирани преку апликацијата за самопопишување на лицата во странство не е мала бројка, оценува директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, кој вели дека се подготвени за спроведување на Пописот, кој има протокол и доколку максимално се почитува обезбедува заштита на учесниците и на целото население. Потенцира дека засега […]

Избори во Холандија: Голем успех на прогресивната партија, Марк Руте ќе има уште еден мандат


Партијата на премиерот Марк Руте пак освои најголем број од гласовите, но вистински победник е социјал-либералната партија Д66   Холандскиот премиер, Марк Руте, ќе започне разговори за формирање нова коалициска влада откако ги совлада неуспесите за да освои конфорна победа на националните избори обележани со наплив на поддршка за прогресивните и проевропските сили. Со преброени […]

УНКТАД: Пандемијата предизвика економска штета од 10.000 милијарди долари


Светската економија годинава може да има посилен раст отколку што се очекуваше, објави во четвртокот Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД), проценувајќи дека пандемијата на корона вирусот ќе предизвика економска штета од 10.000 милијарди долари. Светската економија годинава ќе порасне за 4,7 проценти, предвидува УНКТАД, зголемувајќи ја претходната проценка за 0,6 процентни […]

Собранието расправаше за економските закони, ќе се гласаат дополнително


Собранието попладнево  ја заврши расправата по неколку предлог закони од економската сфера. По сите предлози за кои заврши расправата, како што најави претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе се гласа дополнително. Пратениците ја завршија расправата по Предлог законот за дополнување на Законот за трговија, по скратена постапка, кој има за цел превенција и зајакнување на […]

СЗО повторно повика на продолжување на вакцинацијата со АстраЗенека


 Светската здравствена организација (СЗО) денеска повторно повика на продолжување на имунизацијата со вакцината на „АстраЗенека“, неколку часа пред изјаснувањето на Европската агенција за лекови (ЕМА) за таа вакцина против коронавирусот.   Советодавниот комитет на СЗО за безбедност на вакцините утре треба да објави проценки за вакцината на „АстраЗенека“.   – Во моментов, придобивките од вакцината […]

МЗ: Се зголемува капацитетот за прием на пациенти со Ковид-19


Се зголемува капацитетот за хоспитализација на пациенти со Ковид-19 во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и во ГОБ „8 Септември”. Пуштен е во употреба дел од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) со 25 болнички кревети, соопшти Министерството за здравство. На Клиниката за пластична и реконструктивна […]

Меѓу пријавените попишувачи најбројни се студентите и невработените


Пријавувањето на огласот трае до сабота. Хонорарот за попишувачите е 35.000 денари   Останаа уште три дена од рокот за пријавување на теренските попишувачи трае уште три дена. До сега за пријавиле над 4.500 граѓани кои сакаат да бидат попишувачи. Меѓу нив најбројни се студентите и невработените. Повикот за попишувачи трае до сабота по што од […]

Норвешки експерти тврдат дека ја откриле причината за појава на тромб по вакцинацијата со АстраЗенека


Норвешки медицински лица тврдат дека ја откриле причината за несаканите ефекти по примањето на вакцината на „Астра Зенека“, објави весникот „Верденс Ганг“. – Станува збор за силен имунолошки одговор предизвикан од вакцината, рече проф. Пол Андре Холм. Тим медицински лица од болницата „Рикхоспиталет“ работеа напорно за да откријат зошто тројца здравствени работници на возраст под […]

Истражување: Универзалната поштенска услуга да биде достапна и во продавници, бензиски пумпи…


Добро е и корисно националната Пошта, која е давател на универзалната услуга на поштенскиот пазар, да ги обезбедува услугите не само во нивните деловни простории преку нивниот персонал, туку и преку договорни пошти (приватни продавници, продажни места, трговија, бензински пумпи). Тоа го сметаат 57 проценти од испитаниците – физички лица опфатени со истражувањето за потребите […]

Се подготвува нов закон за сметководствени работи, ќе обезбеди слободен влез во сметководствената професија


Нов Закон за сметководствени работи, којшто ќе биде во согласност со директивите на ЕУ и со европските практики во насока на унапредување на сметководствената професија, се изготвува во соработка со стопанските комори. Министерството за финансии, низ инклузивен процес на соработка со коморите и други засегнати страни во којшто тие ќе можат да дадат свои видувања и предлози за целокупниот процес, работи на нов […]

Шпанија денеска ја легализираше евтаназијата


Шпанските пратеници, денеска, со големо мнозинство ја легализираа евтаназијата, и покрај силното спротивставување на Католичката црква и десничарските партии. Владиниот предлог-закон за евтаназија, што може да се спроведе само под строго пропишани услови, беше изгласан со мнозинство од 198 гласа „за“ наспроти 138 „против“, додека двајца пратеници беа воздржани од гласањето. Предлог-законот наведува дека лице […]

Докиќ: Пост-ковид симптомите може да траат со месеци


Некои како последица на Ковид доживуваат инфаркти и мозочни удари, други пак имаат проблеми со белите дробови. Некои се жалат на опаѓање на косата, вели докторот Дејан Докиќ „Го прележав коронавирусот во октомври минатата година. По извесно време ми се нормализира состојбата. Но, не очекував дека на почетокот на февруари годинава ќе се јават некои чудни […]

Почина диригентот од Метрополитен операта Џејмс Левин


САД- Џејмс Левин, еден од најпознатите диригенти во светот, кој работеше како музички директор на Метрополитен операта во Њујорк, почина на 77-годишна возраст. – Џејмс Левин почина од природна смрт на 9 март 2021 година во Палм Спрингс, Калифорнија, САД, изјави денеска неговиот лекар, д-р Лен Хоровиц. Левин соработувал со оперски певци како Лучијано Павароти, Пласидо […]

Леброн потпиша договор со „Пепси“ по 17 години партнерство со „Кока-Кола“


САД – Првата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, во средата официјално потпиша партнерство со „PepsiCo“. Претходните 17 години, еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА, беше заштитно лице на ривалскиот бренд „Coca-Cola“.  Договорот заврши во септември минатата година кога страните не успеаја да се договорат за продолжување на соработката. Џејмс активно ќе […]

90 години од раѓањето на големиот поет Поповски: Сите ние сме книга за Анте и како книга ние сме завет


Ангелот- татко, засекогаш излезе од својата куќа, а на замин не поучи дека феноменот на поезијата постои за да воспостави ред меѓу нештата, ред помеѓу човекот и времето зашто вистинската традиција не е завршено минато. Таа е силата која ја оживува и продолжува стварноста, истакна професорката Кристина Николовска     Со цитирање на дел од […]

Повторно над 1.200 новозаболени од Ковид-19. Бројот на активни случаи стигна до 13.909


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.761 тестирања, а регистрирани се 1.216 нови случаи на Ковид-19, што е 32,3 отсто од примероците. Според градови: Скопје – 624, Прилеп – 80, Битола – 50, Велес – 46, Куманово – 43, Тетово – 40, Кавадарци […]

Бојан Јовановски му нудел на Камчев државни субвенци за изградба на старечки домови


Обвинетиот Бојан Јовановски, на Јордан Камчев, му нудил да инвестира на локаци во Струга, Охрид за старечки домови, односно дека за ова инвестиција ќе добие 20 проценти субвенци од државата. – Зоран Милевски и Бојан Јовановски дојдоа кај мене и на маса ми ги дадоа локациите. Ми кажа дека Карпош е блокирано, Битола е зафатено. […]